Орлови Бари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Орлови Бари

Карта

Површина 2.930 м2
Должина 68 м
Ширина 50 м
Обем 205 м
Длабочина 0.6 м
Надморска висина 2.038 м
Планина Баба (Пелистер)
Орлови Бари на Ризницата


Орлови Бари познати и само како Орлова Бара; Вирој, Локви — две повремени постглацијални леднички езера кои се наоѓаат високо на главниот срт на протегање на планината Баба над долот на Сапунчица, северно од врвот Голема Грива, на надморска висина од 2.038 м. Езерата припаѓаат во рамките на Националниот парк Пелистер. Од планинарскиот дом крај Големото Пелистерско Езеро започнува и води директна обележана планинарска патека по макадамскиот т.н. „Француски пат“ која минува веднаш во најнепосредната близина над самите езерца Орлови Бари.

Одлики[уреди | уреди извор]

Настанати се за време на последниот вирмски глацијал, кога интензитетот на планинската глацијација бил значително помал. Езерското корито е создадено во пелистерските гранити и корнати при што од северната страна тоа е заградено со моренски седименти, додека на јужната страна се среќаваат и сипарски седименти кои настанле како последица на механичкото-ледено распаѓање на гранитите и корнатите[1]. Двете езера се поставени во непосредна близина и правец север - југ при што поголемата Орлова Бара е јужно поставена од помалата Орлова Бара, со меѓусебно растојание од 20ина метри и се поврзани со истека на вода, која тече периодиочно само при поголем дотек на вода во езерското корито. Најголемата длабочина на Големото Орлово Езеро изнесува 0,6 метри, а просечната 0,4 метри.[1]. При најголемото ниво на езерската вода во поголемата Орлова Бара се собираат околу 1000 м3 вода[1]. Езерцата се полнат со вода од врнежите кои директно паѓаат над езерсакта површина и од непосредниот слив, потоа водата што се добива со топење на снегот и снежниците кои се формираат во неговиот слив (особено на каменестата падина веднаш над нив), а помалку од подземните води бидејќи за нивно формирање не постојат соодветни услови[1]. Како последица на малото дотекување на вода во езерскиот басен, малата длабочина, високите температури на воздухот што се јавуваат во текот на летниот период од годината и испарувањето што го предизвикуваат, езерцата наполно пресушуваат, а се случува при владжни години тие да задржат вода во својот басен и преку целата година[1]. Заради овие одлики Орлови Бари се сметаат за повремени езера[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Василески, Драган. Пелистерски езера. Напредок, Тетово. 2008. стр.77-80