Осумка (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Осумка (Мразарничка Локва/Езеро)
Осумка (езеро на Пелистер) 04.jpg
Координати:
Површина: 475 м2
Должина: 47,5 м
Ширина: 13 м

Обем:

115 м
Длабочина: 0.4 м
Надморска висина: 2.200 м
Планина: Баба (Пелистер)

Осумка — повремено природно постглацијално ледничко езеро кое се наоѓа високо на планината Баба во непосредната близина на Големото Пелистерско Езеро. Сместено е на надморска висина од 2.200  м. на оддалеченост од околу 150 метри од моренскиот бедем на Големото Пелистерско Езеро и на 500 метри над Димитровото Езеро[1], при што припаѓа во рамките на Националниот парк Пелистер.

Одлики[уреди | уреди извор]

Тоа е типично акумулативно моренско езеро, бидејќи од сите страни е заградено со моренски седименти[1]. Езерото има облик на бројот 8, поради што е така и именувано од научните и стручни истражувачи[1], меѓутоа за поголема автентичност и сообразност со топонимијата на местоположбата каде што се наоѓа веднаш западно под врвот Мразарник тоа може да биде именувано и како Мразарничка Локва (Езеро). Првичните мерења покажале дека езерото е долго 25 метри, широко 7 метри, а длабоко 40 центиметри, но подоцнежните мерења при научните истражувања покажале дека најголемата должина измерена во правец југоисток-северозапад изнесува 47,5 метри, најголемата широчина измерена во правец југозапад-североисток изнесува 13 метри, при што во најтесните средишни делови се движи до 5 метри, а просечната широчина изнесува 10 метри[1]. Вкупната должина на езерскиот брег при максимално ниво на водата изнесува 115 метри, а најголемата длабочина изнесува 0,4 метри додека средната е 0,3 метри[1]. Во наведените рамки езерото зафаќа површина од 475 м2[1]. За време на висок водостој, во ова езерско корито се собираат помеѓу 100 и 150 м3[1]. Езерото во крајбрежните делови е обраснато со тревната растителност, а во средишниот или најдлабок дел на местото каде што водата се задржува најдолго, тоа е каменливо[1]. Ова езеро се полни со вода од атмосферските врнежи кои директно се излачуваат над езерскиот басен и непосредниот слив, како и од водата што се добива со топење на снегот и снежниците кои се формираат во самиот езерски базен и непосредната околина[1]. Водите обично се задржуваат до средината на јуни, а понекогаш и подоцна[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 1,9 Василески, Драган. Пелистерски езера. Напредок, Тетово. 2008. стр.87-88