Планинарски дом „Широка“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Планинарски дом „Широка“
Поглед на планинарскиот дом „Широка“
Надм. вис.1.950
ДржаваМакедонија
Најблиска
населба
Широка
Управа
Одржуван одПланинарски спортски клуб „Димитар Илиевски-Мурато“
ПД „Широка“ is located in Македонија
ПД „Широка“
ПД „Широка“
Местоположба на планинарскиот дом во Македонија

Планинарски дом „Широка“планинарски дом во Македонија, сместен на надморска височина од 1.950 метри, под врвот Пелистер, на планината Баба.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Домот се наоѓа на надморска височина од 1.950 метри под самиот врв Пелистер, на околу 23 километри од градот Битола.[1] До Планинарскиот дом најлесно се стигнува од „Инфо центарот“ на националниот парк „Пелистер“ или поранешно место викано „на Лазо вилата“ со старт од 1360 метри надморска височина, со должина на патеката од околу 9 км. Пешки се стигнува за 2.30 до 3 часа по макадамски пат, може да се стигне и со теренско возило, а е идеално за со планински велосипед.

Историја[уреди | уреди извор]

Планинарскиот дом познат како „Ловечка куќа“ во минатото немало услови за користење, а во лето го користеле само берачите на боровинки за преспивање и складирање на собраните боровинки.[1]

Во 2016 година почнало обновување на домот во организација на Планинарскиот спортски клуб „Димитар Илиевски-Мурато“ и Скијачкиот и сноубординг клуб „ССНЛ“ од Битола со средства од спонзори и донации од љубителите на планината. Реновирањето сè уште не е завршено, но створени се услови за пристојно сместување.[1]

Особености[уреди | уреди извор]

Планинарскиот дом располага со16 кревети една во една соба, трпезарија, кујна, затоплување на дрва, струја на агрегат, вода.

Планинарскиот дом не работи редовно за време на викенди и се отвора со претходен договор и најава на групи кои сакаат да ноќеваат.[1]

Патеки[уреди | уреди извор]

Патеки кои водат до Планинарскиот дом „Широка“[1]:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Планинанрски дом“. Архивирано од изворникот на 2021-06-24. Посетено на 20 јуни 2021.