Бегова Чешма

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бегова Чешма (турски: Шопот Адомнул) е наоѓалиште кое се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, на Баба Планина, на патот од Битола до Хотел Молика, веднаш над селото Магарево. Тука се наоѓа и познатата истоимена чешма, каде исто така има и клупи за седење. Овој дел претставува туристичка атракција и привлекува голем број на туристи во летните месеци и посебно оние кои се искачуваат на Пелистер, како и љубителите на алпинизмот.

Во непосредна близина на наоѓалиштето лежи и Детското одморалиште Пелистер, хотелот Молика, Инфо Центарот, како и Мала и Голема Ливада. Од наоѓалиштето, Битола е оддалечена само 10 километри.