Црвени Стени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црвени Стени is located in Грција
Црвени Стени
Местоположба на Црвени Стени во Грција
Черепот од Црвени Стени изложен во Археолошкиот музеј во Солун

Црвени Стени (грч. Σπήλαιο Πετραλώνων = „Петралонска Пештера“) — пештера на полуостровот Халкидик во месноста Камени Гумна кај с. Теклели (Петралона), 35 км југоисточно од Солун, Егејска Македонија. Тука се откриени најастарите човечки останки во светот. Се работи за човечки череп четвриот леден период кој според карактеристиките потекнува од времето меѓу хомо еректус и хомо сапиенс, со старост меѓу 500.000 до 100.000 години. Овој пронајдок на човек од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија, чија старост се се проценува на 30.000–100.000 години.

Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажале дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок.