Скрково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Скрково
Скрково 04.jpg
Поглед кон Скрково од север
Висина 2.146 метри.
Местоположба Македонија Македонија
ВенецБаба (планина)
Прво освојувањенепознато
Најлесна патекаЛавци - пл. дом „Неолица“ - врв Орлово Селдо (Неолица) - врв Црни Стени

Скрково — планински врв на планината Баба, во рамки на националниот парк Пелистер вп југозападниот-западниот дел на Република Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.146 метри и се наоѓа југозападно од селото Орехово и градот Битола на на 21° 16' игд и 40° 58' сгш[1]. Се наоѓа на источниот дел на планината Баба на планинската огранка која што се протегнува од врвот Муса на главниот срт кон североисток и север сè до над самиот град Битола и рамината на Пелагонија , од десната страна на стрмната долина на реката Сапунчица. Врвот има зашилен облик со раздробени камења и карпи - скрки, од каде и доаѓа неговото име Скрково, а поради својот зашилен облик и истакнатост тој е забележителен и од многу далеку кога се гледа сртот на пелистерската планинска верига. Поточно, името Скрково доаѓа од зборот скрка со значење каменлива и неплодна месност или почва[2]. Веднаш под него на неговата западна падина се патеките на скијачки центар во Нижеполе. Од самиот врв се отвора прекрасна глетка кон соседните врвови Муса, Пелистер, долината на Сапунчица, шумовитите предели на источните падини на Баба и Кајмакчалан во далечината.


Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петрушевски, Илија (2012). Попис на врвовите во Република Македонија. Тетово: Хартија Комерц. стр. 35. 
  2. Видоески, Божидар (1999) (на македонски). Географската терминологија во дијалектите на македонскиот јазик. Скопје: МАНУ. стр. 143. ISBN 9989-649-64-2.