Мразарник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мразарник

Поглед кон Мразарник од север
Висина &100000000000023350000002.335 м
Место Македонија Македонија
ВенецБаба (планина)
Прво освојувањенепознато
Најлесна патекаНиже Поле - Дебел Рид - пл. дом „Големо Езеро“ - Големо Пелистерско Езеро

Мразарник — планински врв на планината Баба, во рамки на националниот парк Пелистер во југозападниот-западниот дел на Република Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.335 метри и се наоѓа веднаш и непосредно источно над Големото Пелистерско Езеро, со што со својот гребен и западна падина го формира неговиот источен брег и воедно источната страна на ледничкиот цирк во кој се наоѓа езерото. Се наоѓа во средишниот дел на планината Баба, недалеку од главниот срт на нејзиниото протегање на мала планинската огранка која што се испушта и протегнува од врвот Ветерница (2.420 м) и го оградува стрмниот и длабок дол на Сапунчица од запад. Врвот Мразарник е со плоснат изглед, а веднаш до неговата кота има и малку повисока точка чија висина изнесува 2.338 метри. Од врвот се отвора прекрасна глетка на Големото Пелистерско Езеро на запад и долот на Сапунчица со врвовите Скрково, Муса и Голема Грива на исток. името на врвот Мразарник, најверојатно е настанато поради неговата осојна местоположба и затвореност со високи врвови од сите страни, поради што на него подолго време во годината се задружуваат снег и мраз.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]