Нераште

Координати: 42°6′24″N 21°6′32″E / 42.10667° СГШ; 21.10889° ИГД / 42.10667; 21.10889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 09:49, 20 мај 2022; направена од Ehrlich91 (разговор | придонеси) (Одбиени последните 2 промени (од 2A00:20:6058:4C09:E942:307A:8325:D136) и ја поврати преработката 4665869 на Bjankuloski06)
Нераште
Нераште во рамките на Македонија
Нераште
Местоположба на Нераште во Македонија
Нераште на карта

Карта

Координати 42°6′24″N 21°6′32″E / 42.10667° СГШ; 21.10889° ИГД / 42.10667; 21.10889
Општина Теарце
Население 3 485 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1203
Шифра на КО 28048, 28548
Надм. вис. 532 м
Нераште на општинската карта

Атарот на Нераште во рамките на општината
Нераште на Ризницата

Нераште — село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 17 километри северно од Тетово.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 29 семејства, 1 неженет и 2 вдовици, сите христијани.[2]

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нераште живееле 465 жители Албанци.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.485 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 0
Албанци 3.478
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 7

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 465[3] 1.301 1.457 1.663 2.280 2.901 3.235 3.485

Родови

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Реч (46 куќи), кој потекнува од тројца браќа: Демир, Арслан и Арло. Од нив потекнуваат денешните семејства. Потеклото им — селото Реч, коешто се наоѓа на левата страна од реката Црн Дрим во северна Албанија, а во Македонија живеат од првата половина на 19- иот век.[6]

Нераште е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Љаље (6 к.) они се помуслиманети, па поалбанчени Македонци. Мешајќи се со Албанците целосно се имаат албанизирано.
  • Доселеници: Дибран (14 к.) и Оџалари (15 к.) доселени се од околината на Пешкопеја во северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие: Ејуп (жив на 60 г. во 1948 година) Баки-Шаќир-Баки-Фета-Дурмиш, кој се доселил во селото; Реч (46 к.) во Нераште дошле тројца браќа (Демир, Арслан и Арла) од селото Реч кое лежи на левата страна на реката Дрим во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Исен (жив на 70 г. во 1948 година) Ајрула-Мемиш-Арла, еден од браќата кои се доселиле; Маџар (31 к.), Мифтаре (22 к.), Јазаџи (13 к.), Шукере (9 к.), Бектеш (7 к.), Вајље (4 к.), Шабане (4 к.) и Шуљк (9 к.) сите се доселени од северна Албанија. Некои се од фисот Красниќи; Цека (5 к.) и Татар (3 к.) доселени се од селото Длабочица кај Качаник; Љоке (6 к.) они се од фисот Красниќи. Постои род со истото име во селото Котлина кај Качаник кои имаат (40 к.). Најверојатно они се дојдени од таму; Гушиц (1 к.) доселени се од селото Гушица кај Качаник; Стрег (1 к.) порано живееле во селото Подбреѓе, нивното потекло е турско.[7]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2029, 2029/1, 2030, 2030/1, 2031 и 2031/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште и здравствен пункт.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3.653 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Православните Македонци од ова село целосно се иселиле во XIX век. Од нив се знае за родот Пејовци (4 к.) кои се иселени во блиското село Варвара.[7]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.325
  3. 3,0 3,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.211.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р- Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., стр.11
  7. 7,0 7,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски