Лепопелци

Координати: 41°54′7″N 22°12′39″E / 41.90194° СГШ; 22.21083° ИГД / 41.90194; 22.21083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 07:57, 6 ноември 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Надворешни врски: Кирилизација, replaced: Карти на Google → Карти на Гугл)
Лепопелци
Лепопелци во рамките на Македонија
Лепопелци
Местоположба на Лепопелци во Македонија
Лепопелци на карта

Карта

Координати 41°54′7″N 22°12′39″E / 41.90194° СГШ; 22.21083° ИГД / 41.90194; 22.21083
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 17 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 13020
Надм. вис. 360 м
Лепопелци на општинската карта

Атарот на Лепопелци во рамките на општината
Лепопелци на Ризницата

Лепопелци — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Кочанското Поле, западно од градот Кочани.

Историја

Местото е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Грамади недалеку од селото.[2]

На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лепопелци живееле 140 жители, сите Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лепопелци имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 30 Власи.[4]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 17 жители, 8 Македонци и 9 Власи.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 135
1953 2 3 12 121 138
1961 21 22 ... ... 113 156
1971 16 18 5 ... 67 88
1981 10 27 37
1991 17 17
1994 1 17 18
2002 8 9 17

Самоуправа и политика

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 878 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница на селото Ново Селани.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 52 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта
  • Грамади — населба од доцноантичко време

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 177. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  4. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 6 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 6 ноември 2019.

Надворешни врски