Прејди на содржината

Лажен Димитриј I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лажен Дмитриј I
Цар на цела Русија
На престол11 јуни 1605 - 27 мај 1606
ПретходникФјодор II
НаследникВасилиј IV
Жена
Татконепознат
Мајканепозната

Лажен Дмитриј I (руски:Лжедмитрий) (роден во 1581/2? - починал на 27 мај 1606 во Москва) бил цар на Русија од 11 јуни 1605, па сè до неговата смрт на 27 мај 1606. Тој бил позат под името Дмитриј Јоанович (руски:Димитрий Иоаннович), а понекогаш е нарекуван и Дмитриј II. Тој бил еден од тројцата измамници од времето на неволјите, кој тврдел дека е Дмитриј Царевич Иванович, најмладиот син на Иван Грозни, кој веројатно избегнал обид за атентат во 1591. Се верува дека, вистнскиот Дмитриј навистина бил убиен во 1591 во Углич, а вистинското име на лажниот Дмитириј е Григори Ортепјев, иако ова е далку од сигурно точно.