Прејди на содржината

Кјетил Јансруд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кјетил Јансруд
Алпски скијач
Јансруд во февруари 2011 г
ДисциплиниСпуст, Супервелеслалом,
Велеслалом, Комбинација
Роден(а)28 август 1985(1985-08-28)(39 г.)
Ставангер, Норвешка
Висина1.83 м (6 ст 0 ин) (2014)[1]
Деби на Светскиот куп19 јануари 2003 година (17 години)
Мрежна страницаkjetil-jansrud.com
Olympics
Екипи4 – (2006 - 2018)
Медали5 (1 gold)
World Championships
Екипи8 – (2005 , 2009-2021)
Медали3 (1 gold)
Светски куп
Сезони18 – (2003–2006, 2008–2021)
Победи23
Подиуми55
Севкупни титули0 – (второ место во 2015 и 2017)
Дисциплински титули4 – (1 СП, 3 СВС)

Кјетил Јансруд (роден на 28 август 1985 ) е норвешки скијач и олимписки шампион. Тој се натпреварува во сите алпски дисциплини освен слалом, а најдобар е во велеслалом во кој има освоено сребрен медал на Олимписките игри. Од 2012 година, се сконцентрирал на брзинските трки во Светскиот куп. На Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, победил во супервелеслалом, а во спуст завршил на трето место. На Светското првенство во 2019 година во Оре, Јансруд освоил злато во спуст.

Јансруд е роден во Ставангер, а потекнува од Винстра во Гудбрандсдален, на околу 40 км од Квитфјел.

На Зимските олимписки игри 2006 во Торино, Јансруд завршил десетти во комбинација.[2] На велеслаломската трка го скршил палецот и за него сезоната во 2006 година била завршена. Во септември му била откриена дискус хернија и не се натпреварувал цела сезона (2007). Јансруд за прв пат застанал на подиумот во Светскиот куп во јануари 2009 година во Аделбоден, а на светското првенство во февруари завршил деветти во супер комбинација.

На Зимските олимписки игри во 2010 го освоил сребрениот медал во велеслалом.

Својата прва победа во Светскиот куп Јансруд ја остварил во март 2012 година на домашен терен во Квитфјел; во сите три брзински дисциплини во текот на викендот се искачувал на подиумот, а во неделата победил во супервелеслалом.

На првата трка на Светското првенство во 2013 година во Шладминг, Јансруд паднал во супервелеслалом и ги скинал лигаментите на левото колено, со што ја завршил сезоната во 2013 година.[3]

На Зимските олимписки игри во 2014 година во Сочи, Јансруд освоил злато во супервелеслалом и бронза во спуст. На првите трки од Светскиот куп по игрите, победил на две брзински трки во Квитфјел.

Во сезоната 2015, Јансруд победил на седум трки од Светскиот куп и таа сезона го освоил првото место во Светскиот куп во супервелеслалом и во спуст. На Светското првенство во Бивер Крик освоил сребрен медал во комбинација.

Во 2017 Јансруд победил на пет трки од Светскиот куп и го освоил првото место во супервелеслалом, второто во спуст и бил втор во генерален пласман за таа сезона. Тој исто така освоил сребрен медал на Светското првенство во супервелеслалом.

На Зимските олимписки игри во 2018 година во Кореја го освоил сребрениот медал во спуст кога завршил 0,12 секунди зад сонародникот и тренинг партнер Аксел Лунд Свиндал, иако водел во поголемиот дел од трката. Освоил бронза во супервелеслалом, со што го освоил неговиот петти олимписки медал: еден златен, две сребрени и две бронзени.

На Светското првенство во 2019 година во Шведска, Јансруд освоил злато во спуст откако за две стотинки го победил Свиндал во неговата последна меѓународна трка.[4][5]

Во интервју во ноември 2021 година, Јансруд изјавил дека следната сезона веројатно ќе биде негова последна сезона во професионалното скијање.[6] Во февруари 2022 година изјавил дека трката во Кветфјил на 4 март 2022 година ќе биде неговата последна трка.[7] Тој се повлекол по трката на истата патека на која за прв пат победил во Светскиот куп во 2012 година.

Резултати од Светскиот куп

[уреди | уреди извор]

Сезонски титули

[уреди | уреди извор]

4 титули: (1 спуст, 3 супервелеслалом )

Сезона Дисциплина
2015 Спуст
Супервелеслалом
2017 Супервелеслалом
2018 Супервелеслалом

Пласман на сезоната

[уреди | уреди извор]
Сезона Возраст Генерален пласман Слалом  Велеслалом Супервелеслалом Спуст Комбинација
2004 18 140 53
2005 19 98 58 39
2006 20 43 21 46 15
2007 21 injured, out for season
2008 22 111 53 47
2009 23 34 9 40
2010 24 17 7 28 47 10
2011 25 13 41 4 27 46 3
2012 26 8 49 9 4 19 7
2013 27 13 21 8 10 11
2014 28 6 29 2 4 13
2015 29 2 19 1 1 18
2016 30 4 33 20 2 4 3
2017 31 2 24 1 2 21
2018 32 4 43 45 1 7 2
2019 33 13 35 4 13 14
2020 34 8 5 9 7
2021 35 31 7 20
2022 36 Injured in december, out for season

Победи на трки

[уреди | уреди извор]
Сезона Датум Место Дисциплина
2012 4 март 2012 НорвешкаКвитфјел, Норвешка Супервелеслалом
2014 28 февруари 2014 Спуст
2 март 2014 Супервелеслалом
2015 29 ноември 2014 Канада Лејк Луиз, Канада Спуст
30 ноември 2014 Супервелеслалом
5 декември 2014 САД Бивер Крик, САД Спуст
20 декември 2014 Италија Вал Гардена, Италија Супервелеслалом
24 јануари 2015 Австрија Кицбиел, Австрија Спуст
8 март 2015 Норвешка Квитфјел, Норвешка Супервелеслалом
18 март 2015 Франција Мерибел, Франција Спуст
2016 21 декември 2015 Италија Алта Бадија, Италија Паралелен велеслалом
15 јануари 2016  Швајцарија Венген, Швајцарија Комбинирани
6 февруари 2016 Јужна Кореја Џеонгсеон, Јужна Кореја Спуст
13 март 2016 Норвешка Квитфјел, Норвешка Супервелеслалом
2017 2 декември 2016 Франција Вал д'Изер, Франција Супервелеслалом
3 декември 2016 Спуст
16 декември 2016 Италија Вал Гардена, Италија Супервелеслалом
27 декември 2016 Италија Санта Катерина, Италија Супервелеслалом
25 февруари 2017 Норвешка Квитфјел, Норвешка Спуст
2018 26 ноември 2017 Канада Лејк Луиз, Канада Супервелеслалом
11 март 2018 Норвешка Квитфјел, Норвешка Супервелеслалом
2019 25 ноември 2018 Канада Лејк Луиз, Канада Супервелеслалом
2020 24 јануари 2020 Австрија Кицбиел, Австрија Супервелеслалом

Резултати од Светското првенство

[уреди | уреди извор]
 Година   Возраст   Слалом   Велеслалом  Супервелеслалом Спуст Комбинација
2005 19 DNF1 - - - -
2007 21 повреден, не се натпреварувал
2009 23 DNF1 DNF1 DNF - 9
2011 25 DNF1 5 DNF - 10
2013 27 - - DNF - -
2015 29 - - 4 15 2
2017 31 - - 2 4 DNS2
2019 33 - - 22 1 -
2021 35 - - 12 8 DNS2

Олимписки резултати

[уреди | уреди извор]
 година   Возраст   Слалом   Велеслалом  Супервелеслалом Спуст Комбинација
2006 20 - DNS2 - - 10
2010 24 17 2 12 31 9
2014 28 - DNF2 1 3 4
2018 32 - DNF1 3 2 7
  1. Norway Olympic Team and Media Guide Sochi 2014. Norway: Norwegian Olympic and Paralympic Committee and Confederation of Sports. 2014. стр. 24.
  2. „Profile: Kjetil Jansrud“. sports-reference.com. Архивирано од изворникот на 17 April 2020. Посетено на 9 February 2009.
  3. „Season over early for Jansrud“. FIS Alpine.com. 6 February 2013.
  4. 'Like a fairytale': Svindal wins world silver in final ski“. ESPN. Associated Press. 9 February 2019.
  5. „The downhill World Champion title goes to Kjetil Jansrud“. FIS-Ski.com. 9 February 2019.
  6. Sander, Christian Grieg (3 November 2021). „Jansrud hinter om slutt: – Min siste sesong“. nrk.no (норвешки). Посетено на 3 November 2021.
  7. „Kjetil Jansrud, 5-time Olympic medallist, to end ski racing career on Saturday“. Cbc.ca. Посетено на 4 March 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]