Венген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Венгералпбан - железничка пруга што води до селото. Јунгфрау се гледа во позадина.

Венген е планинско село во кантонот Берн во централна Швајцарија. Се наоѓа на надморска височина од 1274 метри, со приближно 1.300 постојани жители. Во текот на летото тука престојуваат до 5.000 посетители и до 10.000 во зима. Венген е домаќин на традиционалните скијачки трки во Лауберхорн во рамките на Светскиот куп во алпско скијање, кои се одржуваат секој јануари.

Историја[уреди | уреди извор]

Венген во официјалните документи бил спомнат за првпат во 1268 година.

Викендички и хотели почнале да се градат кон средината на 19 век, кога бил отворен хотелот Лаунерхаус во 1859 година, со капацитет од 30 гости, а во 1880 година во одморалиштето Венген можеле да се сместат 100 гости. [1] Со изградбата и пуштањето во употреба на железничката пруга Венгерналпбан во 1890-тите селото станало подостапно за туристите кои претходно морале да пешачат по стрмните падини до алпското село, што го поттикнало туризмот и почетокот на скијачката индустрија. [2]

На почетокот од 20 век, британските туристи почнале да основаат скијачки клубови. Венгеновиот карлинг клуб бил основан во 1911 година. [1]

Првите скијачки трки биле одржани на почетокот од 1920-тите. Во 1921 година се одржал британскиот шампионат во спуст; следната година се одржала скијачка трка помеѓу Оксфорд и Кембриџ. [3] На овие настани за прв пат се одржале трки во спуст за разлика од нордиските трки, кои се одржувале во другите швајцарски одморалишта. Исто така, во овој период, Лун ја измислил и ја вовел во Венген, првата трка во слалом, во која скијачите ја следеле патеката низ дрвјата, кои во подоцнежните години се заменети со скијачки порти. Овие настани се сметаат за зачеток на модерните скијачки трки и алпското скијање . [4]

Рекреација[уреди | уреди извор]

Карл Шранц победува во 1966 година
Поглед од Венген на Јунгфрау и Лаутербрунентал

Венген е домаќин на меѓународно познатите скијачки трки Лауберхорн, а се наоѓа на патеката на маратонот Јунгфрау .

Класичните скијачки трки се одржуваат во Венген од 1930 година и традиционално се состојат од спуст, слалом и алпска комбинација. Покрај тоа што е една од технички најтешките патеки за спуст, Лауберхорн е најдолгата патека на Светскиот куп на ФИС. Најдобрите скијачи патеката долга 4455 км ја завршуваат за околу 2½ минути, а максимални брзини се постигнуваат кај Ханегшус (Haneggschuss), приближно до 160 км/час, на половина минута пред финишот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 British and American Visitors in Switzerland:History of Tourism in Switzerland
  2. „Wengernalpbahn:History“ (германски). Jungfraubahnen. Архивирано од изворникот на May 1, 2010. Посетено на 2010-05-30.
  3. Beattie, p. 199
  4. Allen, p. 99