Алпска комбинација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Алпска комбинација или комбинација во алпско скијање – дисциплина во алпско скијање која претставува спој на техника и брзина во која учесниците се натпреваруваат во слалом и спуст.

Алпската комбинација е една од петте дисциплини во Светскиот куп во алпско скијање. Се состои од едно возење на спуст и две возења на слалом. Обично се одржува во два натпреварувачки дена, со тоа што првиот ден се вози спуст, а вториот ден слалом. Само оние скијачи и скијачки кои ги завршиле сите три возења остваруваат бодови во комбинација, и тоа првите триесет. После одржаните трки во двете дисциплини се собираат постигнатите времиња (не бодовите кои ги оствариле поединечно во дисциплините) и така се добива вкупниот поредок.

Иако во слалом само првите 30 од првото возење имаат право да возат во второто возење, во слаломите кои се подуваат за комбинација, второто возење може да го возат и послабо рангирани натпреварувачи доколку се пријавени во комбинација.

Натпреварувач кој е победник во алпска комбинација се смета за најсестран скијач, бидејќи мора одлично да владее и со техничките и со брзинските дисциплини.

Натпревари во алпска комбинација се одржуваат и на Зимските олимписки игри, каде заради одложувањата на поедини возења и густиот распоред честопати се вози подваријанта на алпска комбинација која се вика „алпска суперкомбинација“, а се разликува од стандардната затоа што се вози само едно возење во слалом.