Светски куп во алпско скијање
Светскиот куп во алпско скијање е натпреварување во повеќе дисциплини во алпско скијање организирани од Меѓународната скијачка федерација (ФИС). Купот за прв пат се одржал во 1966 година,[1] и пролетта 1967 година по Конгресот на ФИС во Бејрут станал официјален настан во рамките на ФИС. Првата скијачка трка од Светскиот куп се одржала на 5 јануари 1967 година во Берхтесгаден, Западна Германија. Жан-Клод Кили од Франција и Ненси Грин од Канада биле првите победници во генерален пласман.
Правила
[уреди | уреди извор]Натпреварувачите се обидуваат да постигнат најдобро време во четири дисциплини: слалом, велеслалом, супер Г и спуст. Петата дисциплина, алпска комбинација опфаќа две трки во спуст и слалом. На почетокот на Светскиот куп имало само трки во слалом, велеслалом и спуст. Комбинациите биле воведени во сезоната 1974-75, а супервелеслаломот во сезоната 1982-1983. Сегашниот систем на бодување бил воведен во сезоната 1991-92. На секоја трка, поени се доделуваат на 30-те најдобри: 100 поени за победникот, 80 за второ место, 60 за трето, до 1 поен за 30-то место. Скијачот со најмногу поени на крајот од сезоната го освојува Купот и трофеј Кристален глобус со тежина од 9 килограми.[2] Награди се доделуваат и за секоја поединечна дисциплина заедно со помал (3,5 кг) кристален глобус.
Светскиот куп се одржува секоја година и се смета за врвно натпреварување во алпско скијање. Многумина сметаат дека Светскиот куп е повредна титула од Олимписките игри (кои се одржуваат на секои 4 години) или Светското првенство (се одржува на две години), бидејќи од натпреварувачот се бара да скија на исклучително високо ниво во неколку дисциплини во текот на сезоната, а не да победи на само една трка.[3]
Трките најчесто се одржуваат во скијачките центри на Алпите, со редовни трки и во Скандинавија, Северна Америка и источна Азија. Исто така, неколку трки се одржани на јужната полутопка. Натпревари од Светскиот куп се одржани во 25 земји: Австралија, Австрија, Андора, Аргентина, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Нов Зеланд, Норвешка, Полска, Русија, Словачка, Словенија, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Шпанија, Шведска, Швајцарија и САД.[4] (Сите трки од Светскиот куп на кои домаќин била Босна се одржале кога таа сè уште била дел од Југославија.)
Победници во генерален пласман
[уреди | уреди извор]Список на сите освојувачи на Големиот кристален глобус во генералниот пласман на Светскиот куп во машка и женска конкуренција од првата сезона 1967 година до денес.
| Година | Мажи | Жени | ||
|---|---|---|---|---|
| Име | Држава | Име | Држава | |
| 1967. | Жан-Клод Кили | Ненси Грин | ||
| 1968. | Жан-Клод Кили (2) | Ненси Грин (2) | ||
| 1968/69. | Карл Шранц | Гертруде Габл | ||
| 1969/70. | Карл Шранц (2) | Мишел Жако | ||
| 1970/71. | Густав Тени | Анемари Мозер-Прел | ||
| 1971/72. | Густав Тени (2) | Анемари Мозер-Прел (2) | ||
| 1972/73. | Густав Тени (3) | Анемари Мозер-Прел (3) | ||
| 1973/74. | Пјеро Грос | Анемари Мозер-Прел (4) | ||
| 1974/75. | Густав Тени (4) | Анемари Мозер-Прел (5) | ||
| 1975/76. | Ингемар Стенмарк | Рози Митермајер | ||
| 1976/77. | Ингемар Стенмарк (2) | Лиз-Мари Мореро | ||
| 1977/78. | Ингемар Стенмарк (3) | Хани Венцел | ||
| 1978/79. | Петер Лишер | Анемари Мозер-Прел (6) | ||
| 1979/80. | Андреас Венцел | Хани Венцел (2) | ||
| 1980/81. | Фил Мер | Мари-Терез Надиг | ||
| 1981/82. | Фил Мер (2) | Ерика Хес | ||
| 1982/83. | Фил Мер (3) | Тамара Макини | ||
| 1983/84. | Пирмин Цурбриген | Ерика Хес (2) | ||
| 1984/85. | Марк Џирардели | Микела Фиџини | ||
| 1985/86. | Марк Џирардели (2) | Марија Вализер | ||
| 1986/87. | Пирмин Цурбриген (2) | Марија Вализер (2) | ||
| 1987/88. | Пирмин Цурбриген (3) | Микела Фиђини (2) | ||
| 1988/89. | Марк Џирардели (3) | Френи Шнајдер | ||
| 1989/90. | Пирмин Цурбриген (4) | Петра Кронбергер | ||
| 1990/91. | Марк Џирардели (4) | Петра Кронбергер (2) | ||
| 1991/92. | Паул Акола | Петра Кронбергер (3) | ||
| 1992/93. | Марк Џирардели (5) | Анита Вахтер | ||
| 1993/94. | Кјетил Андре Омот | Френи Шнајдер (2) | ||
| 1994/95. | Алберто Томба | Френи Шнајдер (3) | ||
| 1995/96. | Ласе Ќус | Катја Зајцингер | ||
| 1996/97. | Лик Алфан | Пернила Виберг | ||
| 1997/98. | Херман Мајер | Катја Зајцингер (2) | ||
| 1998/99. | Ласе Ќус (2) | Александра Мајсницер | ||
| 1999/2000. | Херман Мајер (2) | Ренате Гечл | ||
| 2000/01. | Херман Мајер (3) | Јаница Костелиќ | ||
| 2001/02. | Штефан Еберхартер | Михаела Дорфмајстер | ||
| 2002/03. | Штефан Еберхартер (2) | Јаница Костелиќ (2) | ||
| 2003/04. | Херман Мајер (4) | Ања Персон | ||
| 2004/05. | Боди Милер | Ања Персон (2) | ||
| 2005/06. | Бенјамин Рајх | Јаница Костелиќ (3) | ||
| 2006/07. | Аксел Лунд Свиндал | Никол Хосп | ||
| 2007/08. | Боди Милер (2) | Линдзи Вон | ||
| 2008/09. | Аксел Лунд Свиндал (2) | Линдзи Вон (2) | ||
| 2009/10. | Карло Јанка | Линдзи Вон (3) | ||
| 2010/11. | Ивица Костелиќ | Марија Риш | ||
| 2011/12. | Марсел Хиршер | Линдзи Вон (4) | ||
| 2012/13. | Марсел Хиршер (2) | Тина Мазе | ||
| 2013/14. | Марсел Хиршер (3) | Ана Фенингер | ||
| 2014/15. | Марсел Хиршер (4) | Ана Фенингер (2) | ||
| 2015/16. | Марсел Хиршер (5) | Лара Гут | ||
| 2016/17. | Марсел Хиршер (6) | Микаела Шифрин | ||
| 2017/18. | Марсел Хиршер (7) | Микаела Шифрин (2) | ||
| 2018/19. | Марсел Хиршер | Микаела Шифрин (3) | ||
| 2019/20 | Александер Амод Килд | Федерика Брињоне | ||
| 2020/21 | Алексис Пентиро | Петра Влахова | ||
| 2021/22 | Марко Одермат | Микаела Шифрин (4) | ||
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lang, Serge (1986). 21 Years of World Cup Ski Racing. Johnson Books / James Wotton. ISBN 1-55566-009-6. Also available under ISBN 0-246-13116-0.
- ↑ „FIS NewsFlash, Edition 72, April 26th, 2006“. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2019-08-15.
- ↑ Lang, Patrick. „World Cup History: The FIS Alpine Skiing World Cup“. Посетено на 14 December 2008.
- ↑ „FIS: Complete Calendar of Alpine Ski World Cup Races“. Архивирано од изворникот на 30 July 2012. Посетено на 12 February 2012.