Алпско скијање на Зимските олимписки игри 2014 - спуст за мажи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алпско скијање на
Зимските олимписки игри 2014

Велеслалом мажи жени
Слалом мажи жени
Спуст мажи жени
Супервелеслалом мажи жени
Суперкомбинација   мажи   жени

Спустот за мажи на Зимските олимписки игри 2014 бил одржан во скијачкиот центар Роза Хутор близу Краснаја Полјана, Русија, на 9 февруари во 11:15 MSK.[1] Патеката на трката била подолго отколку просечната, со 3,495 км, со вертикален пад од 1.075 метри.

Бранител на титулата бил Дидје Дефаго од Швајцарија. Аксел Лунд Свиндал, сребрениот медалист во 2010 и бронзениот медалист Боде Милер исто така учествувале, каде Милер постигнал најдобро време на тренингот. Ниеден од медалистите во 2010 не се искачил повторно на подиумот.

Матијас Мајер од Австрија го освоил златниот медал, додека Кристоф Инерхофер од Италија бил втор, а Кјетил Јансруд од Норвешка ја освоил бронзата. Мајер имал просечна брзина од 99,675 км/на час.

Резултати[уреди | уреди извор]

Место р.б. Име Земја Време Разлика
1 11 Матијас Мајер Австрија (2014) 2:06,23
20 Кристоф Инерхофер Италија (2014) 2:06,29 +0,06
8 Кјетил Јансруд Норвешка (2014) 2:06,33 +0,10
4 18 Аксел Лунд Свиндал Норвешка (2014) 2:06,52 +0,29
5 7 Травис Ганонг САД (2014) 2:06,64 +0,41
6 3 Карло Јанка Швајцарија (2014) 2:06,71 +0,48
7 14 Петер Фил Италија (2014) 2:06,72 +0,49
8 15 Боде Милер САД (2014) 2:06,75 +0,52
9 9 Макс Франц Австрија (2014) 2:07,03 +0,80
10 21 Ерик Геј Канада (2014) 2:07,04 +0,81
11 17 Доминик Парис Италија (2014) 2:07,13 +0,90
12 10 Вернер Хел Италија (2014) 2:07,16 +0,93
13 13 Беат Фојц Швајцарија (2014) 2:07,49 +1,26
14 27 Дидје Дефаго Швајцарија (2014) 2:07,79 +1,56
15 16 Патрик Кинг Швајцарија (2014) 2:07,82 +1,59
16 26 Давид Поасон Франција (2014) 2:07,83 +1,60
17 23 Георг Штрајтбергер Австрија (2014) 2:07,86 +1,63
18 19 Адријан Тео Франција (2014) 2:07,89 +1,66
19 6 Бенџамин Томсен Канада (2014) 2:08,00 +1,77
20 29 Онджеј Банк Чешка (2014) 2:08,24 +2,01
21 2 Јан Худек Канада (2014) 2:08,49 +2,26
22 22 Клаус Крел Австрија (2014) 2:08,50 +2,27
23 5 Александар Глебов Русија (2014) 2:08,96 +2,73
24 33 Клемен Коси Словенија (2014) 2:08,98 +2,75
25 28 Мануел Осборн-Паради Канада (2014) 2:09,00 +2,77
26 30 Гијермо Фајед Франција (2014) 2:09,03 +2,80
27 1 Стивен Ниман САД (2014) 2:09,15 +2,92
28 31 Паул де ла Куеста Шпанија (2014) 2:09,46 +3,23
29 24 Натко Зрнчиќ-Дим Хрватска (2014) 2:09,80 +3,57
30 25 Марко Саливен САД (2014) 2:10,10 +3,87
31 36 Јуриј Данилочкин Белорусија (2014) 2:10,58 +4,35
32 34 Кевин Естеве Ригаил Андора (2014) 2:10,80 +4,57
33 35 Игор Закурдајев Казахстан (2014) 2:11,28 +5,05
34 4 Феран Тера Шпанија (2014) 2:11,43 +5,20
35 46 Мартин Враблик Чешка (2014) 2:11,73 +5.50
36 49 Георги Георгиев Бугарија (2014) 2:12,49 +6,26
37 41 Кристофер Фаруп Данска (2014) 2:12,55 +6,32
38 45 Никола Чонгаров Бугарија (2014) 2:12,57 +6,34
39 39 Арно Алесандрија Монако (2014) 2:12,71 +6,48
40 37 Марк Оливерас Андора (2014) 2:12,76 +6,53
41 42 Хенрик фон Апен Чиле (2014) 2:13,16 +6,93
42 48 Мартин Хубер Казахстан (2014) 2:13,51 +7,28
43 40 Дмитриј Кошкин Казахстан (2014) 2:14,63 +8,40
44 47 Игор Лајкерт Босна и Херцеговина (2014) 2:15,07 +8,84
45 43 Мартин Бендик Словачка (2014) 2:15,39 +9,16
46 50 Јоан Валериу Ачирилоаје Романија (2014) 2:17,46 +11,23
47 38 Робертс Роде Латвија (2014) 2:17,50 +11,27
44 Кристијан Хавиер Симари Биркнер Аргентина (2014) ДНС
12 Жоан Клари Франција (2014) ДНФ
32 Александер Амот Килде Норвешка (2014) ДНФ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Распоред на натпреварување“. Организациски комитет. Архивирано од изворникот на 2014-03-20. Посетено на 21 декември 2013.