Аделбоден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аделбоден
Аделбоден во 2006
Аделбоден во 2006
Грб на Аделбоден
ДржаваШвајцарија
КантонБерн
Површина[1]
 • Вкупна87,61 км2 (3,383 ми2)
Надм. вис.&100000000000013500000001.350 м
Најг. вис. (Гросштурбел)&100000000000032420000003.242 м
Најм. вис. (Долината Енгстлиген)&100000000000010450000001.045 м
Население (Грешка: погрешен формат за време[2])
 • Вкупно3,515
 • Густина0,40/км2 (1,0/ми2)
ДемонимАделбоденер
Поштенски код3715
БИЗ број0561
Обиколен/а одДимтиген, Фрутиген, Кандерштег, Ленк им Зиментал, Лојкербад, Санкт Штефан
Мреж. место3715.ch
SFSO statistics

Аделбоден е планинско село во Швајцарија, сместено во кантонот Берн на Бернската висорамнина.

Географија[уреди | уреди извор]

Аделбоден е типично швајцарско планинско село на тераса која гледа на југ кон водопадите Енгстлиген. Дел од селото се и населените долини Гилбах, Стигелшванд, Боден, Хирцбоден и Аусершванд. Највисоко место во областа е Вилдштрубел со 3242 метри, а најниската точка е на 1045 метри во долината Енгстлиген.

Историја[уреди | уреди извор]

Аделбоден во 1900 г

Аделбоден првпат се споменува во 1409 година како во долината Аделбоден (in valle Adelboden). Во 1453 година се споменува како Аделбоден алијас силва.[3]

Во 1870-тите бил отворен првиот пансион од еден од месните учители. Прераснал во хотел, кој сè уште е во сопственост на истото семејство (хотел Хари им Шлегели). Кон крајот на векот туризмот придонел за голем пораст на населението.

Првите зимски спортски одмори, организирани од Хенри Лун во 1903 година за дестинација го имале Аделбоден.

Туризам и спорт[уреди | уреди извор]

Британските посетители Лоренс и Дорис Огилви на дрвени скии во Аделбоден 1938 година

Во Аделбоден, туризмот е претежно семеен и таму има 24 хотели (1.291 кревети), 3.800 викендици (15.200 кревети), 28 групни сместувања (1.830 кревети), три кампови и 40 ресторани.

На Аделбоден има скијачки патеки од сите степени на тежина, меѓу кои се и велеслаломската патека од Светскиот куп на Чеунисбергли и скијачки патеки за нордиско трчање. Поседува патеки за скијачко трчање во должина од 40 километри. Има патеки и за сноубордери.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]