Бивер Крик (одморалиште)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бивер Крик е скијачко одморалиште во западниот дел на САД, во близина на Авон, Колорадо. Одморалиштето се состои од три села, главното село Бивер Крик, Бачелор Гулч и Eроухед. Одморалиштето е во сопственост и е управувано од Веил ресортс (Vail Resorts), кое оперира и со други одморалишта во САД. На Бивер Крик редовно се одржуваат настаните од Светскиот куп, обично на почетокот на декември.