Карловачка Жупанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Карловачка жупанија)
Прејди на: содржини, барај
Карловачка жупанија
Karlovačka županija
Жупанија
Знаме на Карловачка жупанија
Знаме
Грб на Карловачка жупанија
Грб
Карловачката жупнија (светло портокалова) во Хрватска (светло жолта)
Карловачката жупнија (светло портокалова)
во Хрватска (светло жолта)
Главен град Карловац
Управа
 • Жупан Иван Вучиќ (ХДЗ)
Површина
 • Вкупна 3.622 км2
Население (2011)[1]
 • Вкупно 128.749
 • Густина Ова е лошо заокружено35.546.383.213.694/км2
Повикувачки број 047
ISO 3166 HR-04
Мреж. место http://www.kazup.hr/

Карловачката жупанија се наоѓа во централна Хрватска. Карловачката жупанија се граничи со две соседни државе: Република Словенија и Република Босна и Херцеговина. Административно, политичко, господарско, културно и спортско средиште на жупанијата е градот Карловац.

Географија[уреди | уреди извор]

Површината на жупанијата изнесува 3,311 km² (5,9% од вкупната површина на Хрватска). Таа се протега во југозападниот дел на Централна Хрватска и е опкружена со Покупље, Кордун и западниот дел на Петрова Гора, југозападниот дел на Ѓумберк, Поткапелската долина, а навлегува малку и во Горски Котар. Областа е ретко населена, зашто претежно се работи за карстно подрачје, со необработливо земјиште. Покрај Карловац, поголеми места во жупанијата се: Огулин и Слуњ. Низ жупанијата течат реките Корана, Купа, Мрежница и Добра, а од вештачките езера се истакнуваат Буковик и Сабљаки.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2011 година бројот на жители бил 128,749 (3% од севкупното население на Хрватска). Етничкиот состав бил следниот (според пописот од 2001): Хрвати 84,3%, Срби 11%, Бошњаци 0,6% и други. Во 1991 жупанијата броела 184,577 жители (Хрвати 70,3%, Срби 22,7%). Помеѓу двата пописа (1991 и 2001) бројот на Србите се намалил за околу 25,000 (од околу 39,000 на околу 15,000). Густината на населеност била 43 жители km².

година на попис 2011 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 1857
бр. на жители 128,749 141,787 184,577 186,169 195,096 202,431 201,748 194,643 213,633 188,824 197,959 194,294 188,904 172,220 175,170 165,697

Извори[уреди | уреди извор]

  • ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шаблон:Croatian Census 2011 First Results
  2. Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]