Здравик

Координати: 40°56′N 23°53′E / 40.933° СГШ; 23.883° ИГД / 40.933; 23.883
Од Википедија — слободната енциклопедија
Здравик
Δραβήσκος
Здравик is located in Грција
Здравик
Здравик
Местоположба во областа
Здравик во рамките на Зелјахово (општина)
Здравик
Местоположба на Здравик во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°56′N 23°53′E / 40.933° СГШ; 23.883° ИГД / 40.933; 23.883
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаЗелјахово
Општ. единицаЗелјахово
Надм. вис.&10000000000000100000000100 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.488
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Здравик (грчки: Δραβήσκος, Дравискос, до 1926 г. Ζδράβικ, Здравик[2]) — село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Зелјахово на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.488 жители (2011).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во Серското Поле, околу 32 км југоисточно од градот Сер и 12 км јужно од Зелјахово. Лежи на северозападното подножје на планината Кушница, на надморска височина од 100 метри.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Здравик било грчко село во Зихненската каза на Серскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Здравик живееле 200 Грци и 130 Роми.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 во Здравик живееле 250 Грци.[5]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Здравик се запишани 264 жители, кои во 1920 г. се зголемиле 277 лица.[3]

Во 1922 г., селото било населено од грчки доселеници од Тракија, кои ја изградиле црквата „Свети Димитриј“[6]. Во 1926 г. селото Здравик било применувано во Дравискос.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главно занимање на населението е земјоделството, а претежно се произведуваат жито, памук, тутун и други земјоделски производи. Покрај земјоделството, во селото, внимание се посветува и на краварството.[3]

Во селото постојат бројни трговски и занаетчиски дуќани, како и други установи.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.743 2.061 2.140 1.569 1.759 1.520 1.660 1.488
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Полициска станица
  • Пошта

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Πανδέκτης: Zdravik -- Draviskos“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2022-12-24.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 221–222.
  4. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.15“. www.promacedonia.org. Посетено на 2022-12-24.
  5. Бранков, Д. М. (1905). „La Macédoine et sa Population Chrétienne“ (PDF).
  6. „Wayback Machine“ (PDF). web.archive.org. 2020-02-15. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-02-15. Посетено на 2022-12-24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]