Грачен
| Грачен Αγιοχώρι | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 41°5′N 23°58′E / 41.083°N 23.967°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Серски |
| Општина | Зелјахово |
| Општ. единица | Алистратик |
| Надм. вис. | 220 м |
| Население (2021)[1] | |
| • Вкупно | 150 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Грачен или Грачани (грчки: Αγιοχώρι, Агиохори; до 1928 г. Γράτσιανη, Грацјани[2]) — село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Зелјахово на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 150 жители (2021). Сè до 1923 г. било населено исклучиво со Македонци, кои и денес се мнозинство.[3]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Зихна, под возвишението Голак, во југоисточното подножје на Сминица, на надморска височина од 220 м. Сместено е североисточно од општинскиот центар Зелјахово, југозападно од Драма и околу 2 км северно од Алистратик.[3]
Грачен е потполно споен со соседното село Голак, со кое претставува една целина.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Грачен било македонско село во Зихненската Каза на Серскиот Санџак. Тука се наоѓале ановите на соседното Скрижово. Според грчка статистика од 1866 г. во Грачени или Грачани (Γράτζενη, Γρατζιάνη) живееле 150 Македонци христијани.[4]
Според Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во 1889 г. во Грачен имало 72 македонски домаќинства.[5]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
| „ | Грачан, село североисточно од Зелјахово, расположено до еден баир. Од Алистратик тоа село нема ни 1⁄2 час. Најмногу расте памук. Грчка црква; 60 македонски куќи.[6] | “ |
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Грачен (Gratchen) имало 62 домаќинства и 200 жители Македонци.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Грачен имало 420 жители, сите Македонци.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Грачан (Gratchan) имало 480 Македонци под врховенство на патријаршијата.[8]
На почетокот на XX век жителите се откажале од Цариградската патријаршија и прешле под врховенството на Бугарската егзархија. По наредба на грчкиот комитет во Драма, на 12 април 1911 г. гркомани од соседното село Трстеница го ликвидирале видниот мештанин Илија Харизанов и чичко му Иван Харизанов за да му се одмаздат на населението.[9][10]
Во Првата балканска војна, 3 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[11]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 282 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 407 лица.[3]
Во 1923 г. во селото биле доселени 17 бегалци, така што селото станало мешана населба, иако изгледа и пред тоа биле сместени бегалски семејства, што се гледа од згомемениот број на жителите меѓу 1913 и 1920 г.[3] Истата година, на 500–600 метри западно од Грачен, било основано грчката колонија Голак, населена со Лази од Понд, на местото на постаро македонско село.[12]
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 981 жител.[3] Според податоци од 1944 г. селото броело околу 100 куќи, од кои само две на грчки колонисти, но по крајот на бугарската окупација во 1945 г. селото е напуштено, а жителите се иселиле во Бугарија и околните села.[12]
| Име | Име | Ново име | Ново име[13] | Опис[14] |
|---|---|---|---|---|
| Бал | Μπάλ | Гликорема | Γλυκόρεμα | река С од Грачен, десна притока на Панега |
| Куру Чај | Κουρού Τσάι | Ксеропотамос | Ξεροπόταμος | река С од Грачен, десна притока на Панега |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а поради ограничените пасишта сточарството е слабо развиено.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
| Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 668 | 598 | 639 | 507 | 468 | 359 | 330 | 276 | 150 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква
Личности
[уреди | уреди извор]Родени во Грачен
- Георги Димитров Марчинов (1890 – ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, III чета на XIII Кукушка дружина[15]
- Димитар Стојанов (1887 – ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, XIV Воденска дружина[16]
- Костадин Д. Москов (1888 – ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, IV чета на XIII Кукушка дружина[17]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 8 февруари 2026.
- 1 2 3 4 5 6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 219.
- ↑ Σχινά, Ν. „Οδοιπορικαί σημειώσεις, Μακεδονία“, τόμος Β', Εν Αθήναις 1866, цитирано од официалната веб-страница на Општина Зелјахово
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 240–241. no-break space character во
|pages=во положба 4 (help) - ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 2.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 182. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 202–203. no-break space character во
|pages=во положба 4 (help) - ↑ Дебърски глас, година 2, брой 39, 23 април 1911, стр. 4.
- ↑ Дебърски глас, година 2, брой 42, 1 май 1911, стр. 4.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 840. ISBN 954-9800-52-0.
- 1 2 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 17 и 105.
- ↑ „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1045. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=(help) - ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 425. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 668. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 473. ISBN 954-9800-52-0.
| ||||||||||||||