Трстеница
Трстеница Κρυοπηγή | |
---|---|
Координати: 41°3′N 23°57′E / 41.050° СГШ; 23.950° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Зелјахово |
Надм. вис. | 190 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Трстеница (грчки: Κρυοπηγή, Криопиги; до 1927 г. Τρεστενίτσα, Трестеница[1]) — поранешно село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Зелјахово на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало на северната страна на реката Драматица во клисурата Ташлак, околу 5 км југозападно од селото Алистратик, на надморска височина од 190 м.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Зихна од 1659-1660 година селото е наведено под името Дрстениче со 22 домаќинства.[3]
Во XIX век Трстеница било македонско село во Зихненската каза на Серскиот Санџак. Според грчка статистика од 1866 г. во Трестеница (Τρεστενίτσα) живееле 125 Македонци христијани.[4] Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 42 македонски домаќинства.[5]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Трстеница (Trësténitsa) имало 52 домаќинства и 180 жители Македонци.[6]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Трстеница, село на два часа источно од Зелјахово; јужно од Скрижово околу 3⁄4 ч. Покрај земјоделството застапено е и винарството; се сее анасон и памук. Грчка црква. 60 куќи, македонски.[7] | “ |
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Трстеница имало 320 жители, сите Македонци.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Трстеница имало 240 Македонци под врховенство на патријаршијата.[9]
Во Грција
[уреди | уреди извор]Во Првата балканска војна Трстеница е окупирана од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 154 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 124.[2]
По Првата светска војна во 1923 година во селото биле населени само 7 грчки бегалци.[2] Во 1927 година, името на селото било променето во Криопиги (Κρυοπηγή).[1]
Население
[уреди | уреди извор]Бидејќи настрадало за време на Балканските војни, во пописот од 1913 година, селото било забележано со 154 жители, во 1920 година со 124 жители, во 1928 година со 182, а во 1940 година со 228. Следната 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 216 жители. Во пописот од 1951 и 1961 година било забележано со 210 жители, а во 1971 г. само со еден жител, што укажува дека селото веќе било речиси сосема напуштено, иако во 1981 г. е попишано со 15 жители. Во пописот од 1991 г. селото е избришано од евиденција.[2]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 228 | 210 | 210 | 1 | 15 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
[уреди | уреди извор]Родени во Трстеница
- Кочо Муструкот (1873 - 1901) — македонски револуционер и војвода
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 2023-11-30.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 228.
- ↑ Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, с. 291.
- ↑ Σχινά, Ν. "Οδοιπορικαί σημειώσεις, Μακεδονία", τόμος Β', Εν Αθήναις 1866, цитирано по официалния сайт на Дем Зиляхово
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 240–241.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 146-147.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 4.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 182. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 202-203.
|