Долно Палчиште

Координати: 41°58′5″N 20°55′33″E / 41.96806° СГШ; 20.92583° ИГД / 41.96806; 20.92583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 00:13, 13 октомври 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Избирачко место: Јазична исправка, replaced: Изборно место → Избирачко место, изборно место → избирачко место, изборните места → избирач)
Долно Палчиште
Долно Палчиште во рамките на Македонија
Долно Палчиште
Местоположба на Долно Палчиште во Македонија
Долно Палчиште на карта

Карта

Координати 41°58′5″N 20°55′33″E / 41.96806° СГШ; 20.92583° ИГД / 41.96806; 20.92583
Општина Боговиње
Население 3 345 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1210
Шифра на КО 28024, 28524
Надм. вис. 465 м
Долно Палчиште на општинската карта

Атарот на Долно Палчиште во рамките на општината
Долно Палчиште на Ризницата

Долно Палчиште — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 5 километри јужно од Тетово. Селото е рамничарско, на надморска височина од 560 метри. Атарот зафаќа простор од 8 км2.[2]

Историја

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Палчиште живееле 380 жители, од кои 200 Албанци и 180 Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Палчишта имало 208 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Долно Палчиште е центар на општина од 10 села и има 135 куќи со 860 жители, Македонци и Албанци.[5]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.345 жители и претставува голема населба.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост.Вкупно
1.300
19532651.133231.403
19611661.24257241.471
1971271.857231.889
1981 21 2.383 10 2.414
1994 19 2.601 1 2.621
2002 24 3.302 19 3.345

Родови

Долно Палчиште е мешано македонско-албанско село.

Според податоците од 1948 година, родови во селото се:

  • Македонски:
  • Сибиновци (5 к.) доселени се од местото селиште во атарот на селото Долно Палчиште, го знаат следното родословие: Пано (жив на 59 г. во 1940-тите) Симо-Никола, кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (три семејства).
  • Шолтаковци (16 к.) и тие се доселени од Селиште. Имаат иселеници во Тетово (три семејства) и во Романија (две семејства).
  • Ѓурковци (8 к.) исто така доселени од Селиште. Кај нив е зачувано преданието дека уште подалечно потекло имаат од Љусна во северна Албанија. Го знаат следното родословие:: Стојан (жив на 35 г. во 1948 година) -Бојо-Јован-Аврам-Крсте-Спасен. Аврам се доселил од Селиште, додека Спасен дошол од северна Албанија. Имаат иселеници во Тетово (пет семејства).
  • Столевци (4 к.) доселени се од денес раселеното село Дрвик кое постоело јужно од Долно Палчиште, а таму биле староседелци. Имаат иселеници во Тетово (три семејства) и во Романија.
  • Наумовци и Клиповци (10 к.), првите потекнуваат од Митре, а вторите од Столе. Митре и Столе биле браќа кои се доселиле од селото Брод, Гора, денес во Косово. Избегале од страв да не бидат потурчени, а го знаат следното родословие:: Јоше (жив на 60 г. во 1948година) -Гаве-Наум-Митре, еден од браќата кои се доселиле. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Романија (едно семејство).
  • Јанковиќ (1 к.) доселен од околината на Врање околу 1920-тите години.
  • Албански:
  • Десовци (13 к.), Торбеши (12 к.), Мачоре (2 к.), Џелоке (9 к.), Авиќе (10 к.), Ќоте (3 к.), Ода (7 к.), Чанго (9 к.) и Читак (11 к.). Овие се поалбанчени родови и на повеќето родови потеклото им е од областа Гора. Некои дошле преку торбешките села Урвич и Јеловјане.
  • Царе (7 к.), Селимџикве (32 к.), Чајан (14 к.), Црнољеве (4 к.), Дрник (17 к.), Кушове (6 к.) и Лисец (3 к.) сите родови се со потекло од северна Албанија. Некои не дошле директно во Долно Палчиште, туку најпрво се населувале во разни полошки села па овде. Сите родови се доселени до средината на XIX век.[8]

Општествени установи

цркви

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2061, 2062, 2062/1 и 2063 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3.306 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

  • Дервиш Цара - водач на востание на албанското население против османлиската власт

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.108
  3. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 212.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 122 – 123.
  5. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  8. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  9. „П Р А З Н И Ц И кога се собира повеќе народ во црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Тетовско Архиерејско намесништво. Посетено на 2011-01-11.
  10. 10,0 10,1 Булевски, Јован (6 јуни 2010). „Во Црквата Свети Атанасиј и Свети Спас во тетовското село Долно Палчиште, денеска беше одржан традиционален црковно-народен собер на првата недела од започнувањето на Петровденските пости“. Кисс Тв. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-01-11.
  11. Михајловска, Лилјана (21 јуни 2009). „Црковно народен собир во Долно Палчиште“. Кисс Тв. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-01-11.
  12. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски