Википедија:Портал/Разно/Архива 2006 1
Што направивме и што треба да правиме за однапред
[уреди извор]Македонската Википедија постои од некаде кон крајот на 2004 година, но речиси неактивна е се до март 2005 година (со вкупно околу 50 статии, од кои голем дел напишани на бугарски јазик). Во основа, енциклопедијата почнува активно почнува да функционира во март 2005 со доаѓањето на двајца храбри млади луѓе (тоа би биле Ivica83 и јас, FlavrSavr) кои речиси самостојно ќе ја догураат Википедија до околу 300 статии. Подоцна ќе им се придружи уште еден храбар млад човек (Misos), но и со компјутерско познавање, и заедничката интеракција на овие вредни ликови ќе доведе до превод на интерфејсот на Википедија на македонски јазик, дизајнот на главната страница, некаква администраторска организација и привлекување на уште неколку уредници во Википедија. Тука секако мора да се споменат 5ко, кој ги создаде статиите за години и дати и Воуan, кој го сметам за речиси целосно заслужен за развојот на Википедија кон крајот на 2005. Други што исто така многу помогнаа се: Guitardemon666, Qurqa, Комита, SkiSki, Zdravko, и многу други. Како резултат на сето тоа, Википедија на македонски јазик за неполна година ќе достигне од никакви 50тина статии до солидни 147.596 статии.
Сепак, нема причини за самозадоволство. Википедија на македонски јазик е меѓу последните Википедии на некој европски јазик, исклучок прави само Википедија на латвиски јазик. Исто така, дел од статиите се кратки, или пак празни предлошки за години и дати. Се на се, мал е бројот на корисници кои придонесуваат за македонската Википедија, и во споредба со другите Википедии, растот во последниве неколку месеци е навистина бавен.
Корисен генерален линк за тоа како стои Македонската Википедија во однос на другите може да се види на целосната листа на јазици каде се наоѓаме на 58. место. Минатиот месец бевме престигнати од Википедиите на бретонски и албански јазик. Поспецифични корисни линкови се следниве: [1] и [2] каде може да се добијат компаративни статистики за сите битни параметри на Википедија.
Индикативни се следниве бројки на статии (дадени приближно, бројот навистина брзо се менува): албанска Википедија – 6000 статии, босанска Википедија - 6500, бугарска Википедија – 22000, српска Википедија – 29000 статии (интересен е податокот дека Википедија на луксембуршки јазик има околу 8000 статии). Имено, се работи за Википедии кои можеме да ги земеме во споредба бидејќи се работи за народи со или сличен број на жители или пак слични економски услови - мислам дека најпогодна за споредување е босанската Википедија - како може да се објасни фактот што тие имаат речиси двојно повеќе статии од нас? Ако ги земеме Бугарите на пр., кои ги има околу 8 милиони, и нас, кои не има околу 2 милиони, излегува дека македонската Википедија би требало да има околу 5500 статии во моментов. Понатаму, навистина е поразително што бевме претекнати од бретонската Википедија - со сета почит кон овој келтски јазик, но вкупниот број луѓе што зборуваат бретонски е околу 500.000, и тоа тоа не е официјален јазик (во Бретања, француската влада не организира настава на бретонски јазик). Уште поалармантно е што сите гореспоменати Википедии имаат побрз раст од нашата, така што разликата се зголемува уште повеќе.
Очигледно е дека нешто недостасува за македонската Википедија да ги има истите развојни параметри како другите Википедии, но прашањето е што точно е тоа и навистина, што направивме и што треба да правиме за однапред ? Мислам дека горните податоци доволно укажуваат на фактот дека всушност не се работи за лимитираност во поглед на економскиот момент, или пак малиот број на луѓе што зборуваат македонски јазик.
Во нареднава секција, навистина ве молам да ги оставите вашите коментари, предлози и критики во поглед на тоа што е направено, и уште поважно, што треба да се направи во иднина за Википедија. Овој фидбек ни е навистина потребен да ја подобриме македонската Википедија.
Коментари, предлози и критики
[уреди извор]- Oчигледно е дека треба да се направи нешто околу маркетингот на македонската Википедија. Горниот текст е (модифициран) дел од мојот текст наменет за Приматко (списание на Природно-математичкиот факултет), кој мислам дека ќе ја погоди вистинската целна група. Исто така, постои и банер на Багра, кој за жал, очигледно не е многу ефективен. Предлози околу промоција? --FlavrSavr 22:43, 17 Јануари 2006 (UTC)
- А бре, пусто турско и се друго останато под што сме биле! (за стагнацијата) ;-) Инаку, мислам дека од голема корист би било доколку би се направил некој рекламен спот на ТВ (како што ја рекламираат и енциклопедија Македоника, па ајде, и како што ја рекламираа и Британика на македонски), или пак реклама во некој печатен медиум, макар да мислам дека треба да помине уште некое време за стандардизација на Википедија. Според мене, има еден минимален бран на позачестено користење на оваа енциклопедија.
И уште нешто - мислам дека босанската Википедија има повеќе статии од нашата бидејќи таму пишуваат и босанци и срби и хрвати. Многу ми е чудно со албанската Википедија (иако и таму повеќе од пола се од Косово, меѓу кои и еден администратор, кој случајно го забележав). Чудно викам, затоа што, или мене ми се чини, или така е - таа како преку ноќ да се збогати од 2000 и нешто на 6000 и нешто статии. А за енциклопедијата на тој бретонски јазик, немам зборови - или имаат долга традиција :-) или пак навистина луѓето се сите до еден писмени и "интернетизирани". Тоа е засега, многу поздрави. Boyan 20:23, 18 Јануари 2006 (UTC)
- Аха, значи ти си прател цело време! :-) Супер... Инаку, телевизиски спот навистина не е реална опција за рекламирање во моментов - дури ни англиската Википедија нема средства за тоа, а камоли ние :D! Се сложувам со констатацијата дека треба да се стандардизираме пред да се настапи со презентација на поголема публика, и оригинално, таков ми беше промотивниот план, но, по се изгледа ги преценив посетителите на некои сајтови, како на пример Багра - по се изгледа тие не се заинтересирани многу многу. Тоа што во моментов недостасува, мислам, е поголема ангажираност на програмерскиот клан, особено оние што се нафурани на слични по дух проекти поврзани со Слободен Софтвер. За жал, поддршката од нив, во моментов е нула, и покрај тоа што во соседните земји, практично целиот FLOSS филм ротира околу еден центар, кој обично е всушност локалната Викимедија. Карактеристичен пример е српската Википедија. Да видиме каков ефект ќе има текстот во Приматко, иако не очекувам премногу. --FlavrSavr 21:30, 18 Јануари 2006 (UTC)
- На што можеме реално да се надеваме? Очигледно само на бесплатна промоција. На пр. објавување на Он.нет може да има некакви ефекти, иако мислам дека ни треба поголем медиумски притисок, особено во т.н. интелектуален сегмент - тоа би значело текстови во дневни весници, можеби на некое радио или телевизија, ама за тоа ни требаат врски. --FlavrSavr 21:30, 18 Јануари 2006 (UTC)
- Поголема реклама можеме да најдеме само на нашиве портали - барање до оннет, идивиди, кајгана и кој ли уште не, за оставање на банер на главната страна. Незнам колку би излегле во пресрет за вакво нешто, мада не би требало да им биде проблем. За ФЛОСС заедниците, Цобе е делумно во право. Конкретно во Белград, заедниците се некако „споени“ и во одредена мера заеднички функционираат. Тука спаѓаат викимедија организацијата (5-та во свет!), LUG и уште една, мислам за слободен софтвер. Имаат и неделни состаноци на кои присуствуваат по 30-на луѓе, што за нас е огромна бројка. Деновиве бувално секој ден се појавуваат во некој медиум - телевизии, весници..
- Е сега, како почетна соработка со нашата оссм заедница, можете да се зачлените на маилинг листата, па и да направиме некаков муабет. Новица кажа дека би ни помогнале во некаква организација, кога ќе дојде време. Во вакви услови, повеќе и неможеме да бараме. --Misos 19:03, 23 Јануари 2006 (UTC)
Со големо задоцнување, бидејќи до сега не сум ја посетувал оваа страница: Јас во насока на пополаризација на Википедија, пред еден месец напишав статија во еден битолски неделник, „Его“. Кој сака може да ја прочита статијата овде: [3] (Zdravko 09:02, 6 Март 2006 (UTC))
Новости
[уреди извор]Веројатно приметивте, додадов доста македонски народни песни. Нив ги добив од Goodbytes, и најверојатно ќе додаваме по неколку нови песни неделно.
Пред некој ден зборев со Милош со српската википедија, и имаме план автоматски да генерираме статии за општините и населените места во Македонија. Бројката е доста голема - околу 5000 статии. Откако ќе се направат ќе треба постепено да се прошират, за почеток ќе имаат само основни информации како локација, координати, население, соодветни категории и слично. Се надевам дека Македонец ќе помогне во овој период. Постоечките статии нема да се избришат, најверојатно ќе треба рачно да ги промениме.
Ова внесување ќе оди преку ботот на Милош - Milibot, па би требало да му дадеме соодветен статус (бот).
Ве молам што поскоро изјаснете се за оваа идеја, како и статусот на Milibot. --Misos 19:36, 12 Февруари 2006 (UTC)
- Без многу зборување ќе кажам дека се сложувам за екстра големиот прилив на статии и за статусот бот на Milibot (штом Бугарите, Албанците итн. можеа вака да направат, можеме и ние ). Исто така, би помогнал во менувањето на веќе постоечките статии, само да дојдеме што поблиску до 10.000 статии за да не пишува со поголеми букви и да бидеме позабележливи. Boyan 21:39, 12 Февруари 2006 (UTC)
Се разбира дека ќе помогнам! Затоа и се зачленив тука! Македонец
- Апсолутно се согласувам со вашата идеја и ја имате мојата полна поддршка.
--Б. Јанкулоски 23:48, 12 Февруари 2006 (UTC)
- Зошто некој би бил против? :) --FlavrSavr 23:53, 12 Февруари 2006 (UTC)
Акцентирани самогласки!
[уреди извор]Драги енциклопедисти, би сакал да предложам задолжително користење на акценти врз самогласките е, и и о кај ним соодветните зборови. Доколку сакаме квалитетна енциклопедија на исто ниво со другите светски Википедии неможеме да си дозволиме да работиме со грешен правопис. Како што знаете, Микрософт Македонија беа остро критикувани за нивните катастрофални лексички и правописни грешки во македонската верзија на Windows XP. Колку и тие да не мисат така, тоа е огромен срам за една таква компанија. Да не ја правиме нивната грешка! Да покажеме дека сме подобри од нив и да се издигнеме на повисоко рамниште! Нажалост тука има еден проблем - македонската поддршка за тастатура не поддржува акцентирани самогласки. Во Microsoft Word имам фонтови кои ги даваат како симболи. Пробав и со генератор на тастатура, но нешто не ми поаѓа од рака. Симболите во Microsoft Word совршено функционираат таму. Но доколку сакате да ги ископирате во текст во Википедија се појавуваат како други знаци, што не ме зачудува. Засега го имам само акцентираното è и ô (кое се користи само во ôд што означува дејствие, како би се различил од прилогот за место од). Доколку некој знае како да се добие акценираното и илиу воопшто има подобро решение за овој проблем, би му бил неизмерно благодарен доколку го сподели со нас. Наскоро ќе ја почнам и статијата за македонскиот правопис која ќе содржи и поднаслов на тема акценти и би бил пресреќен дотогаш да ги имам.
- Чисто онака... Истиот лексикон и речници ги има на страната на Он.нет, притоа страната е многу поедноставна, почиста, а со тоа и побрзо ф-ионира.--Sikavica 00:12, 13 Февруари 2006 (UTC)
- Да, оној на Он.нет е многу подобар. Вчера пробав да го отворам, но не ми се отвораше, па мислев дека не работи.
- Решението не е едноставно. Бара промена на системските фонтови со нови кои ги содржат овие знаци. На багра се оставени сите „преправени“ фонтови и упатство како да ги инсталирате. --Misos 00:01, 13 Февруари 2006 (UTC)
- Благодарам на советот и деновиве ќе постапам по него откога ќе преинсталирам друг Windows.
- Би сакал да учествувам во гореспоменатиот проект откога ќе добијам инструкции од некој од вас. Јас, како што некои од вас знаат, во статиите обично се концентрирам на квалитет, а не квантитет, но не би било лошо да придонесам и за зголемувањето на фондот на статии како и за поголемата афирмација на нашава Википедија барем кај балканските народи.--Б. Јанкулоски 00:29, 13 Февруари 2006 (UTC)
- Има еден мал проблем со речникот на Он.нет, поради некоја причина, го тргнале француско-македонскиот речник. На ИДИВИДИ го има сè уште. --FlavrSavr 00:53, 13 Февруари 2006 (UTC)
- Дали, на пример, може некако да се впишат акцентираните самогласки кога ќе се отвори одредена страница за уредување и со клик на нив да се вметнат во текстот, како на англиската Википедија, каде има знаци за хрватските ч, ш, потоа турското ш, германските е, а (со умлаут) итн.? Boyan 22:23, 13 Февруари 2006 (UTC)
- Таа опција нажалост сè уште не постои на македонската Википедија, а незнам ни дали било кој знае да ја воведе. Доколку некој знае, би го молел да го стори тоа во најкусиот рок згоден за него.--Б. Јанкулоски 22:34, 13 Февруари 2006 (UTC)
- Ја додадов скриптата, сега се прикажува и тој дел. Моментално во Кириличните карактери стои само акцентиранот è, и-то се надевам дека ќе го вметнам наскоро. Мала напомена: доколку не ви се покаже поле за избор под Внеси:, направете Refresh на страната (F5). --Misos 23:36, 13 Февруари 2006 (UTC)
- Благодарам на помошта.--Б. Јанкулоски 03:40, 14 Февруари 2006 (UTC)
- Начин да се дојде до акцентираните самогласки е:
- Ѝ = Ѝ
- ѝ = ѝ
- È = È
- è = è
- Ô = Ô
- ô = ô
- Ò = Ò
- ò = ò
Вметнувајте ги заедно со точка-запирката на крајот. Ако некој од вас не ги гледа сите букви (И, и, Е, е, о и О), опишете ја софтверската околина (оперативен систем, има/нема инсталирана кирилична поддршка, тип и верзија на браусер и слично), па да се види каде може да биде проблемот. Кај мене се гледаат и со Firefox, и со Opera, и со MSIE, имам Windows XP со кирилична поддршка. -- GoodBytes 23:15, 07 март 2006 (UTC)
Македонски народни песни
[уреди извор]Го поткрепувам додавањето на песни, али мислам дека не им е тука местото. Мислам дека тоа е знак дека треба да се почне со македонските верзии на Wikisource, Commons, Books и слично. Комита 18:16, 24 Февруари 2006 (UTC)
- Постои mkwikibooks, ама е целосно напуштен, никој не придонесува. Барем сега за сега не гледам причина да не стојат овде, не би било проблем сите тие песни да се префрлат на друго вики. --Misos 18:29, 24 Февруари 2006 (UTC)
- Хм, интересна дискусија. Што мислат другите, треба ли да се префрлат овие статии на mkwikibooks, и кога сме кај тоа, постои ли заинтересиран некој да го работи тој проект? Јас тешко би можел да се нафатам се до лето, едвај наоѓам време и за Википедија. Патем, Комита, добредојде назад! :-)--FlavrSavr 22:12, 24 Февруари 2006 (UTC)
- Незнаејќи за постоењето на такво нешто јас додадов една песна, но апсолутно се согласувам со колегите дека песни и други дела треба да стојат во литературниот оддел на енциклопедијава. Доколку некој од нашите ценети администратори би можел да не просветли со едно упатство за употреба, јас би додавал и белетристика. На пример, би сакал да преведувам некои раскази од англиски на македонски, кои потоа би ги лектурирал кај професионалец и со тоа би ја збогатувал нашата ,,Вики-ризница". Поздрав,--Б. Јанкулоски 00:07, 25 Февруари 2006 (UTC)
- Уредувањето во тие сајтови е исто како и на Википедија. Значи, си отвораш нова статија за некоја книга и почнуваш да пишуваш :) Проблем е изворот - мора да се има дозвола за дистрибуција на текстовите. Корисник:Sikavica уште пред долго време побара да се отвори mkwikiquote, па може во пакет да побараме отворање на повеќе вакви проекти. Администраторите се разликуваат за проектите - може кој било да се пријави. Јас како и FlavrSavr, немам многу време да посветам на уште еден проект, ама ако треба помош знаете каде да ме најдете :) Инаку веќе одамна има отворено маилинг листа за македонската википедија, ама до сега зачленети сме само 3-ца. Всушност неа би требало да ја користиме за договарања и слично.
Уште малку новости: Милош од српската википедија почна проект на мета за масовно внесување на статии. Како подпроект се и општините во Македонија и информации за сите населени места. Секакви информации во електронска форма се добредојдени - можете да ги пратите овде на википедија или кај мене на маил. --Misos 01:56, 25 Февруари 2006 (UTC)
Курс по латински јазик
[уреди извор]Прва викикнига за учење јазик на македонските wikibooks----->овде! Штотуку го започнав проектот за преведување на анлгиската викикнига за учење на латински јазик на македонски. Главната страна со содржината, воведот и неколку глави се веќе готови. Проверив за изворот - таа викикнига е пишувана икслучиво од википедијанци како нас, така што не постои проблем за авторско право. Јас лично можам да се пофалам со положен испит по латински (со А+) на факултет, и затоа сметам дека сум доволно компетентен за оваа задача. Секој што е заинтересиран за овој прекрасен јазик е добредојден да придонесе. Salvete! --Б. Јанкулоски 14:15, 25 Февруари 2006 (UTC)
- Јанкулоски, водичите се одлични. Жал ми е што посветив повеќе внимание на латински во средно :) --Misos 17:42, 27 Февруари 2006 (UTC)
- Ave! И јас тешко би бил од помош, иако мислам дека ќе ја искористам книгава, зошто планирам да учам латински за некое време, кога ќе бидам поослободен. --FlavrSavr 00:08, 28 Февруари 2006 (UTC)
Мала промена на главната страница
[уреди извор]Можеби веќе приметивте, додадов два нови дела на главната страница - Дали сте знаеле и Актуелности. Ме интересира вашето мислење, како и предлози околу изгледот на таа страница. Исто така, не би било лошо да се разработи делот за Тековни настани, па можеби и повремени вести!? --Misos 17:42, 27 Февруари 2006 (UTC)
- Одлична работа! Ако можеа бугарите да имаат вакво нешто, можеме и ние. Исто така ми се допаѓа и демократизацијата на некои елементи на оваа енциклопедија. Петка!
- Не сфаќам што сакаш да кажеш, Википедија отсекогаш била максимално демократски организирана. Гледаме да заштитиме само неопходни страници, 99,9% може да се менува. --Misos 01:33, 1 Март 2006 (UTC)
- Одлично!
Ихааа... 4000! =
[уреди извор]Па, идеме полека полека напред! Нека ни се честити 4000 (се надевам вредни) статии на Википедија. Boyan 16:32, 28 Февруари 2006 (UTC)
- Така е! Нека ни се честити јубилејните 4000 статии. И 10000 да дочекаме, како по план! By the way до каде е таа работа? --Б. Јанкулоски 22:28, 28 Февруари 2006 (UTC)
- Ова е мало јубилејче, се надевам дека брзо ќе стигнеме до 5000, па и 10000. Проектот за масовно внесување е почнат, чекаме некои статистички податоци за населените места како и нивни координати. Ако некој може да помогне на било кој начин, нека се приклучи. Инаку во следните денови се чека англиската википедија да стигне до 1.000.000 статии!. --Misos 01:33, 1 Март 2006 (UTC)
- Нов сум и не сум баш во тек, па да прашам дали тоа масовно внесување ќе опфаќа само населени места од Македонија? Ако е тоа случај предлагам да се прошири и на градови од цел свет. Барем главните градови, милионски градови, културни центри, поважни историски места и сл. --Aleksandar SK 03:36, 1 Март 2006 (UTC)
- Види го проектот на Викимедија, таму е убаво опишано. Можат да се внесат и податоци за сите поголеми градови, само треба да се најдат во погодна (читај електронска) форма. Соопштението за милионитата статија на англиската википедија сега го има и на македонски јазик.
--Misos 10:13, 1 Март 2006 (UTC)
- Месецов беше неверојатен. Википедијата се зголеми за над 500 статии, од кои добар дел беа и големи статии. Честито на сите, и само така да продолжиме! Се надевам дека во скоро време со Милош ќе ги добиеме потребните податоци од Завод за статистика, со кои би се генерирале основни податоци за населените места во РМ. Инаку пред некој ден не имаше како Сајт на денот на Време! Поздрав до сите! --FlavrSavr 13:11, 1 Март 2006 (UTC)
Не забележав до сега дека има идеја населените места и општини автоматски да се пополнат. Затоа почнав да ги полнам со структура (поднаслови). Мислам дека е добро да се има структура, не само затоа што ќе ни се зголеми бројот на статиите, туку и тој што знае нешто да напише за одредено место, село/град, ќе има идеја како да си го организира текстот. Не знам дали тоа ќе пречи за автоматското полнење на статиите? --Filip M 17:19, 7 Март 2006 (UTC)
Можна статија на месецот
[уреди извор]Јас веќе се изјаснив, но ваше е да одлучите дали сакате статија на месецот да биде чембало или мојата нова статија, Јохан Себастијан Бах. Статијава има околу 10 страни текст (мерено во Microsoft Word, Фонт: 12), 9 илустрации (со преведен дијаграм) и 10 музички фајлови! Добро време потрошив на неа, ама верувајте, се исплаќа. Со сета почит кон Ivica83 кој ја започна, јас ја преработив од нула и сега сметам дека е силен конкурент на чембало за статија на месецот (или не, доколку ве палат преведените илустрации :)
- Статијата е исто супер. Што се однесува до одбраните статии, може да ги менуваме на помало време - пр. 2 недели. Статијата ќе си најде свое место на главната страна (додај некој интересен факт во соодветната секција). --Misos 11:50, 1 Март 2006 (UTC)
Акцентирани самогласки
[уреди извор]Ги додадов акцентираните самогласки во скриптата за страната за уредување. Ве молам пробајте ја и видете дали секаде се прикажуваат буквите (ЀѐЍѝÓó) --Misos 16:04, 1 Март 2006 (UTC)
- Благодарам многу. --Б. Јанкулоски 00:53, 2 Март 2006 (UTC)
Празни статии
[уреди извор]Во последно време се појавија огромен број на празни статии. Навистина незнам дали тие што ги поставија статиите ќе ги текстуализираат, па затоа онолку колку што ќе можам ќе ги претворам во никулци.
И, испраќам апел до сите: Ве молам, правете ги барем никулци статиите кои ги создавате на Википедијава. Во нив мора да постои барем малку текст, бидејќи сепак ова е енциклопедија. Boyan 18:31, 2 Март 2006 (UTC)
Но, се наметнува прашањето - Дали да ги трнсформираме во никулци статиите, ако се додадат преку Милибот или слично? Доколку е така - џабе текстуализирањето :-) Boyan 18:50, 2 Март 2006 (UTC)
- Статиите за општините нека стојат, ќе ги напуниме во блиска иднина. Ни фалат уште знамињата на секоја општина. За другите.... Мислам дека треба да се избришат. Јован даде многу добро објаснување зошто нема потреба од празни статии. --Misos 17:34, 3 Март 2006 (UTC)
- Зошто да не стојат и празните статии со своите линкови? На некој начин и даваат структура на енциклопедијата, претставуваат дел од нејзиниот скелет. Кога-тогаш најголем дел од нив ќе се пополнат. Празни статии има и во англиската и во другите википедии...
- Празна статија нема функција - самиот линк до неа означува дека е празна и нема потреба да се создава како таква. По некоја реченица + категоризација, никулец и сл. тагови се веќе друга работа. --Misos 10:53, 4 Март 2006 (UTC)
Проблем со најавување на македонските Wikibooks
[уреди извор]Не ми е јасно зошто неможам никако да се најавам на македонските Wikibooks, па дури и после чистење на меморија и temopraries и рестрартирање. Затоа работам на еден огромен проект (Курс по латински јазик) практично инкогнито : ( Се појавува прозорец што вели дека имам забрането колачиња, што не е вистина. Ако можам да се најавам тука (како што може да се види по потписот подолу), тогаш проблемот не може да е во тоа. Дали некој знае како да се реши овој проблем?--Б. Јанкулоски 22:20, 3 Март 2006 (UTC)
- Незнам што е проблемот, сега се регистрирав и се е во ред. За кој прелистувач станува збор? --Misos 10:53, 4 Март 2006 (UTC)
- Internet Explorer 6.0, но увидов дека проблемот беше во firewall-от. Благодарам на помошта во секој случај.--Б. Јанкулоски 11:00, 5 Март 2006 (UTC)
За Викикниги
[уреди извор]Имам некои дела кои планирам да ги преведувам, но гледам дека врската Викикниги ме префрлува на англиската страна, што значи дека македонска страна нема. Јас незнам каде би можеле да ја префрлиме сета поезија и проза што се стави на енциклопедијава освен таму. Со почит кон драгоценото време и приликите на администраторите, би ги замолил да направат нешто на таа тема кога ќе најдат за сходно. Официјално им благодарам за наградата на сите што го делат мислењето со FlavrSavr и ветувам дека и понатаму ќе го држам стандардот на работа на ова или уште подобро ниво. Поздрав, --Б. Јанкулоски 11:28, 5 Март 2006 (UTC)
Политика за историските статии
[уреди извор]Се плашам дека положбата со историските статии во Енциклопедијата станува се потешка. Се додаваат нови статии без врска со каков било систем на додавање - повеќе личат на обични колумни во весник. Тоа нема врска со квалитетот на статиите - некои се многу квалитетни.
Види тоа:
- Историја на Пиринскиот дел на Македонија (1913 - 2005)
- Историја на македонската цивилизација
- Македонското национално будење во 19 век
- Создавање на македонската нација
Ве молам да се помисли за некакви правила за додавање и пишење на историски статии. Воопшто не мислам на цензура!Комита 11:29, 7 Март 2006 (UTC)
- Верувале или не, статијата Историја на македонската цивилизација првобитно беше именувана Античка Македонија! На нејзино место стои моја статија соодветна и достојна на овој важен дел од нашата историја. Статијава што моментално ја гледате под ,,Историја на македонската цивилизација" е најчудниот напис (а за статија не станува збор) што го имам прочитано во животот.
Без ваша согласност не сакав да ја претворам во бланко страница, па затоа, како привремено решение ја преименував така и ставив два-три поднаслова колку да заличи на нешто. Не се сеќавам на нејзиниот автор, но од текстот очигледно е дека тоа е некој прилично побожен. Се разбира, статијата не е ни малку енциклопедиска и затоа, по мое мислење, треба да се избрише и да стои празна под тоа име до оној момент кога некој ќе најде соодветен (и обилен) извор на информации за да напише статија на тема од еден ваков калибар.
- Јас лично имам на располагање солиден број на историски книги со тема Македонија и планирам да започнам систематска и правилна енциклопедизација на нивната содржина. Со тоа ќе се потрудам (држејќи се до моите стандарди на изработка) да најдам и соодветни илустрации и дијаграми како помошни средства за текстот кој, во сите книги што ги имам, е напишан од наши реномирани историчари. Дали сте согласни дека текстот на барем гореспоменатава статија ,,Историја на македонската цивилизација" треба да се избрише во корист на кредибилитетот на Википедија?
--Б. Јанкулоски 13:44, 7 Март 2006 (UTC)
- Многу ми е мило што некој ја започна оваа тема. Навистина е страшно што прават некои уредници со статиите за историја - на пример првобитната верзија за статијата Словени - [4], е нарушување на сите можни стандарди. Многу често самите текстови се пишуваат со прикриена цел да се навредат некои соседни народи, демек да им вратиме за историските неправди. Јас како администратор во основа им додавав {{внимание}} тагови, ама знам дека тоа не е доволно. Од друга страна, ако ги избришам или ревертирам, тука веднаш доаѓаат обвинувања за цензура и полициска држава, предавство и слично. --FlavrSavr 22:43, 7 Март 2006 (UTC)
- Јас мислев да се напише нешто како "Ако ќе пишеш статија со историска тематика, прочитај ги правилата"
- А правилата да бидат - 1. Сите правила од Википедија и највеќе НГТ се задолжителни. 2. Види ги прво другите статии поврзани со твојата тема и најпрво Историја на македонскиот народ 3.Додади ја информацијата каде што мислиш тоа е потребно. 4. Напиши нова статија само ако нема друг начин да се додаде таа информација. --Комита 23:21, 7 Март 2006 (UTC)
- Тоа би требало да важи за сите статии, не само за историските. Има збир на начела и насоки, можеби би требало нив да ги потенцираме? Како и да е, мислам дека повеќе треба да се посветиме на имплементација на правилата одошто на пишување на правила. На пример, од кутијата за уредување има огромно НЕ ПРАЌАЈТЕ ЗАШТИТЕНИ ТЕКСТОВИ БЕЗ ДОЗВОЛА!, кое за жал, е правило што редовно се игнорира. --FlavrSavr 23:40, 7 Март 2006 (UTC)
Еве јас колку толку ги уредувам статиите за Словените и словенските народи, нема ништо навредливо се е чиста обејктивност, нели! Македонец 23:02, 7 Март 2006 (UTC)
- Да де, арни се тие статии и сега е ОК статијата за Словените :). Статиите за словенските народи се исто така, прилично како што треба, освен можеби статијата Бошњаци, која мислам дека повеќе тегне на тоа дека Бошњаците всушност не се народ, а со тоа не се сложувам. Навистина постојат нејаснотии околу бошњачката историја, и околу народноста, но мислам дека е неоспорно дека тие се засебен народ. Интересно е дека статијата во Српската Википедија е едногласна дека тоа е посебен народ - види овде. Мислам, за мене е доволен самиот факт што тие се сметаат за посебен народ, тоа е најважно при определување на националноста. ОК, како и да е продолжи со неутрални статии! --FlavrSavr 23:33, 7 Март 2006 (UTC)
- Пишувањето на правилник по мене е од круцијално значење. Се согласувам дека неговата имплементација е уште поважна, НО под услов да постои потполн правилник. Зошто?
- Во генеричкиот правилник НГТ стојат генерални правила на непристрасност итн. кои се одлични, но премногу генерални. Впрочем самите овие правила имплицитно се однесуваат во голем дел на историски теми. Сепак, по мене историските статии треба да имаат засебен правилник заради осетливата природа на темите кои се обработуваат во истите. Не може се очекува да се имплементираат „предпоставени“ или „непишани“ правила. Исто така бришењето на една статија нема да има цврста основа доколку не може точно да се посочи членот во правилникот каде стои предупредување против токму таа неправилност. Така, сите би биле солидно предупредени, а доколку продолжат да грешат, ќе може да уследи административна мерка без контраверзии. --Б. Јанкулоски 02:43, 8 Март 2006 (UTC)
- A што станува со Википедија:Начела и насоки? Инаку, мислам дека е подобро да се држиме до политиките кои главно се развиени на англиската Википедија. Тоа е еден мини-правен систем на Википедија, а и не сум сигурен колку воопшто разните Википедии би требало/смеело да развиваат сопствени политики, бидејќи, во принцип, не би смеело да има поголема неконзистентност, во смисла, на една Википедија да важат едни правила, а на друга други. На пример, за Историја на македонската цивилизација можат да се применат политиката за бришење, или пак оваа поспецифична политика. --FlavrSavr 23:15, 8 Март 2006 (UTC)
- Јас мислев на правила, кои ги толкуваат општите правила, во смисла на историските статии и тоа да биде се. Како се имплементира тоа правило, кога ќе се пише историска статија. Како да напишам најдобра историска статија? Инаку и јас мислам дека најдобри се политиките од англиската верзија.--Комита 00:05, 9 Март 2006 (UTC)
- Аха, во ред, ама тоа е нешто повеќе како водич, одошто како правило. Мислам дека може да се напише нешто такво, иако јас мислам дека е малце одвишно - правилата за тоа што треба и како треба да се пишува, се воглавно јасни. Што мислат другите? --FlavrSavr 23:34, 9 Март 2006 (UTC)
- Јас мислев на правила, кои ги толкуваат општите правила, во смисла на историските статии и тоа да биде се. Како се имплементира тоа правило, кога ќе се пише историска статија. Како да напишам најдобра историска статија? Инаку и јас мислам дека најдобри се политиките од англиската верзија.--Комита 00:05, 9 Март 2006 (UTC)
- A што станува со Википедија:Начела и насоки? Инаку, мислам дека е подобро да се држиме до политиките кои главно се развиени на англиската Википедија. Тоа е еден мини-правен систем на Википедија, а и не сум сигурен колку воопшто разните Википедии би требало/смеело да развиваат сопствени политики, бидејќи, во принцип, не би смеело да има поголема неконзистентност, во смисла, на една Википедија да важат едни правила, а на друга други. На пример, за Историја на македонската цивилизација можат да се применат политиката за бришење, или пак оваа поспецифична политика. --FlavrSavr 23:15, 8 Март 2006 (UTC)
- Во генеричкиот правилник НГТ стојат генерални правила на непристрасност итн. кои се одлични, но премногу генерални. Впрочем самите овие правила имплицитно се однесуваат во голем дел на историски теми. Сепак, по мене историските статии треба да имаат засебен правилник заради осетливата природа на темите кои се обработуваат во истите. Не може се очекува да се имплементираат „предпоставени“ или „непишани“ правила. Исто така бришењето на една статија нема да има цврста основа доколку не може точно да се посочи членот во правилникот каде стои предупредување против токму таа неправилност. Така, сите би биле солидно предупредени, а доколку продолжат да грешат, ќе може да уследи административна мерка без контраверзии. --Б. Јанкулоски 02:43, 8 Март 2006 (UTC)
Христијанство
[уреди извор]Ви ја претставувам темелно преработената статија Христијанство. Нема да образложувам, само погледајте. Сметав дека немаше смисла да немаме обемна статија на оваа тема. Поздрав, --Б. Јанкулоски 10:19, 9 Март 2006 (UTC)
- Супер е, фала богу, некој да направи асална статија во врска со Христијанство, досега сите беа напишани со попобожни тонови одошто мислам дека треба за еден (секуларен) проект како Википедија. Поздрав! --FlavrSavr 23:22, 9 Март 2006 (UTC)
Бот
[уреди извор]Здраво до сите. Прво да ви се извинам што додадов толку многу статии одеднаш. Не знаев дека има правило да се побара согласност за Бот. Значи јас сега ќе престанам да додавам статии додека не се договориме како ќе работиме понатаму.
Од друга страна ја симнав Бот алатката и мислам дека е одлична. Ќе ни овозможи не само брзо да формираме статии со унифицирана структура, туку и потоа лесно да ги одржуваме. Јас мислам дека е многу подобро да имаме структура во која после секој ќе може да пополнува (евентуално и да ја менува каде што е потребно), отколку да имаме празни статии, па секој да ги форматира како што ќе му текне. Слично како што е полесно да се пополни формулар, а потешко да се напише есеј на празен лист хартија. Поздрав, --Filip M Bot 22:20, 9 Март 2006 (UTC)
- Јас сум за доделување бот статус. Сепак, сите внесувања треба да бидат координирани. Доколку имаш статистички податоци за Македонија, постави ги на проектот на мета, лесно ќе ги земаме од таму. Јас одамна се спремав да читнам нешто за wikipy, ама немав време. Се надевам дека ќе можеш да ми помогнеш :) --Misos 23:50, 9 Март 2006 (UTC)
- Статистички податоци за Македонија по општини има на www.stat.gov.mk. Треба само да се земат и да се помасираат малку (конверзија во вики формат). Откога ќе имаме предлошки, релативно е лесно да се уфрлаат податоци во нив. Погледнете го шаблонот за селата во Струмичко. Ајде да се договориме дали е добар и како треба да изгледа. (Не заборавајте дека и предлошките можат динамички да се менуваат, така да сега и да утнеме нешто, подоцна може да го поправиме).
Јас сум програмер по професија и бот алатката (скриптите) ме интересираат и од професионален аспект. Се разбира дека е добро да имаме повеќе бот-ови и се што знам / ќе научам може да се стави во посебна статија, како упатство за други корисници.--Filip M Bot 15:21, 10 Март 2006 (UTC)
- Јас се согласувам за да се даде бот статус на твојот бот - логиката е фина: подобро формулар одошто празен лист хартија. И другите википедии имаат вакви празни предлошки, а патем, и во нашата статиите за години и дати се решени по шаблонски систем. Инаку, ако добро разбрав, ти имаш статистички податоци за селата? Ние чекаме да ни дадат податоци во електронска форма, толку се одолговлече целата работа што не знам ни дали воопшто ќе биде... --FlavrSavr 23:57, 9 Март 2006 (UTC)
- Проектот за општините и проектот за селата се два ралични проекти. Додавањето на структура во статиите за селата не му конкурира на проектот за полнење и одржување на општините.--Filip M Bot 15:24, 10 Март 2006 (UTC)
Покана до Албанците во Википедија
[уреди извор]Мислам да направам еден политички чекор кон Албанците во Википедија - да ги поканам да пишувааат во Македонската Википедија - да ги додадат нивните ставови и факти тука. Мислам и така треба да биде меѓу цивилизирани луѓе. Полошо од Бугарите нема да биде, даже мислам дека ќе биде подобро за неутралноста. Види го текстот. --Комита 01:12, 10 Март 2006 (UTC)
Hello, guys and girls,
I would like to invite those of you who speak Macedonian to contribute to the [Macedonian language Wikipedia http://mk.wikipedia.org/] and please feel free to insert your point of view or the appropriate data wherever you find it necessary. I would very kindly ask you to obey the Rules of Wikipedia and avoid conflict, and the same we will try to do too, although I cannot promise it will be easy for any side. We would gladly contribute to the Albanian version too, but unfortunately noone of us speaks Albanian. My nick is Комита, I speek good English and I am willing to listen to your arguments. Please, feel invited.
Досега со Албанците сме немале позначајни проблеми. На англиската Википедија поддршката на некои албански корисници (во кој најзначаен е REX, Албанец од Грција), имаше огромно значење во разобличувањето на грчките "аргументи" зошто нашата нација да се вика "Македонски Словени" наместо Македонци. Најискрено го поддржувам повикот на Комита - фино би било да имаме и уредници од албанската националност, особено за да се запази НГТ. Нешто повеќе за ова напишав пред некој месец на мојата корисничка страница на албанската Википедија. --FlavrSavr 18:48, 10 Март 2006 (UTC)
Па незнам колку би можеле Албанците да бидат неутрални. Доколку се погоди просечен Албанец од Македонија да земе да учествува овде, најпрвин ќе пишува статии со содржина која одговара на нивната национал - шовинистичка и фашизоидна политика што ја спроведуваат по целиот Балкан. Потоа ќе лажира податоци, ќе мора да се менуваат делови што ги напишав јас (а што се чиста вистина) во статиите за велешките села Горно Јаболчиште, Долно Јаболчиште и Општина Бутел. Ќе мора да застапуваме концепт на мултиетничност, мултикултурност пропагирана од големоалбанскиот шовинизам на секој чекор во Македонија, и на крај ќе мораат да бидат изменети некои статии што сакам да ги напишам а што се од Најновата современа Историја на Македонија во која Албанците имаат големо учество. Но напоменувам ако се погоди просечен Албанец, невелам дека сите Албанци се такви. Инаку што се однесува до мене, доколу нема ширење национализам и шовинизам вратите се отворени за секого. Македонец 22:50, 12 Март 2006 (UTC)
Ордени
[уреди извор]Го повлекувам мојот предлог за Орденот на Блаже Конески како врховна награда. Секоја категорија или област треба да си има своја соодветна награда. Наградите, по мене, се многу важни за стимулирање на уредниците (квалитативно и квантитативно). Исто така имам и неколку предлози:
- Категоризација и стандардизација на ордените заснована на Орденот на Гоце Делчев со глобусот во позадина и ѕвездата врз него. Разликата би била во содржината на централниот круг и натписот под орденот. Предлагам отфрлање на текстот над и под орденот, а воведување на некаква лента или слично на која ќе стои следново латинското мото: AGE QUOD AGIS („Стреми се кон најдоброто“). Ви оставам вам да одлучите дали (доколку го прифатите) би го применувале на сите ордени или секој треба да има засебно мото.
- Неограничен број на ордени кои може еден корисник да ги добие. Доколку еден корисник покаже квалитети на повеќе полиња, мора да биде соодветно награден.
- Отфрлање на принципот „секој може да дава ордени секому“. Вака ордените нема да се сфаќаат така сериозно и со тоа се губи нивната смисла (стимулација на уредникот). Затоа предлагам формирање на наградно тело од неколку корисници кои меѓусебно би се консултирале за секоја награда. Не препорачувам општо гласање од причина што тоа ќе не доведе до непотребни дебати и расправии наместо да се концентрираме на пишување содржини или администрација. Можеме првично да го изгласаме членството во наградното тело и тоа би било се.
Се надевам дека ќе се согласите со овие начела. Секоја примедба е добредојдена. Поздрав! --Б. Јанкулоски 02:56, 13 Март 2006 (UTC)
- Јас сум делумно за. Не смееме во никој случај да забраниме нешто, може само да даваме посебни награди кои за нас би имале поголемо значење. Бројот на ордени во никој случај не е ограничен. --Misos 07:56, 14 Март 2006 (UTC)
- Кога реков отфрлање не мислев на забрана, туку едноставно доброволно да се согласиме да имаме наградно тело бидејќи, како што реков, ако секој дава орден секому, ордените нема да се сфаќаат така сериозно и со тоа се губи нивната смисла.--Б. Јанкулоски 09:37, 14 Март 2006 (UTC)
- Ја поддржувам иницијативата. Особено начелото бр.3 бидејќи наградите треба да имаат некаква „тежина“ а не меѓусебно да си се тапкаме по рамо и да си разменуваме ордени. Тука прашањето повеќе е: дали да имаме поголем степен на демократија и јавно гласање на сите корисници или поедноставен и пофункционален концепт со наградно тело. Јас се залагам за втората варијанта. Што се однесува до првото начело, не се сложувам само во делот за стандардизација доколку тоа значи строга стандардизација, за да не ни се ордените монотони и едвај препознатливи. Стандардизација да, но не премногу :) Конкретно сметам дека на моменталната верзија на орденот Гоце делчев и треба уште доста работа од естетски аспект а и од технички (не е ни прецизно центриран) --Aleksandar SK 20:26, 14 Март 2006 (UTC)
- Се сложувам со идејата. На ордените им е потребна поголема варијација, но со барем некаков елемент на стандардизација. До која мера - оставам на вас да кажете. Останувам на идејата за латинското мото.--Б. Јанкулоски 23:35, 14 Март 2006 (UTC)
Еве имам конкретни предлози како да го организираме сето тоа околу стандардизацијата:
- Да се согласиме околу елементарна рамката, што точно ќе мора секој орден да содржи.
- Почитувајќи ја рамката да направиме варијации на ордени за разни области.
- За секоја област да направиме неколку подвидови, кои ќе се разликуваат по својата "тежина". На пример: Бронзен (охрабрувачки - кој би се добивал релативно полесно и би се доделувал на нови амбициозни корисници); Сребрен (би се доделувал на постари корисници кои имаат навистина голем обем на квалитетна работа зад себе); Златен (би се доделувал само во исклучителни случаи на корисници кои не само што дале огромен придонес, туку долго време континуирано работеле и биле пример за неутралност на своите ставови. Боите не мора да бидат на самиот орден туку на некој вид лента или друга декорација на орденот.
- Да се воведе и специјална награда за специфични непредвидливи случаи, а за што точно се доделува да се нагласува при самото доделување.
- Сепак да не губиме премногу време околу ова, да се изјасниме што побрзо и да го спроведеме :) Не чека голема работа не само тука туку и на англиската википедија.
--Aleksandar SK 00:06, 15 Март 2006 (UTC)
Ова е мојот претходен коментар во врска со темава:
- Еј, дотолку ли е антимоментум добивањето на Златна тегла Ајвар? :-) Нема врска... Вака, во принцип, иако е пожелно да имаме некаква стандардизација на наградите, награди може да дава кој сака на кого сака, а веројатно и секој може да си направи сопствена награда. Освен тоа, имајте во предвид дека не мора да има само една награда, видете какви сѐ категории има во англиската Википедија - en:Wikipedia:Barnstar, a исто така тука, и тука. Во принцип, треба да избереме некаков модел за стандардизација, дали ќе биде тоа тегла ајвар (златна, сребрена итн.) или медал со различни личности за различни поводи за награди (за неутралност, за квалитетни статии итн.), или нешто трето. Би можеле да гласаме за тоа на порталот, на пример. --FlavrSavr 15:55, 12 Март 2006 (UTC)
- Можеме да го задржиме и принципот: награди да прави и да дава кој сака на кого сака (морам да признаам дека тој концепт е по-"wiki"). Но можеме да направиме поделба на "Официјални" и неофицијални награди. Неофицијалните да не се "регулирани" и да ги прави и дава кој сака на кого сака. Официјалните да се доделуваат по одредена процедура и нормално би имале поголем "ефект". Претходните едноставно не мотивираат. Уште полошо - можат и да го деградираат самиот концепт. Одете видете на англиската википедија колку ордени си имаат разменето грците (особено за неутралност) :))) --Aleksandar SK 02:12, 15 Март 2006 (UTC)
- Се сложувам со концептот на Александар. Значи, какви точно ќе бидат официјалните награди? Мислам дека концептот со ордените на Бојан и Комита е ОК, со тоа што сепак мислам дека е попаметно да се избегнуваат личности на самите медали. Исто така, треба да се поработи малце на естетскиот аспект на медалите. Да имав повеќе време ќе направев предлог да видите какви мислам јас да бидат медалите. Поздрав.--FlavrSavr 13:31, 15 Март 2006 (UTC)
- Поделбата на наградите на „официјални“ и „неофицијални“ е прекрасно решение! Останува на колегата FlavrSavr да изработи модел за медалите, кога ќе има време. Не ми е јасно зошто треба да се избегнуваат личности. Личностите кои планираме да ги ставаме се веќе долго афирмирани и официјално признаени дејци во Македонија (по нив се крстени и училишта!)
Никој не може да ги оспори нив. Да, постоеле (и постојат) извесни контроверзни личности во државава за кои не може да се рече дека би запазувале НГТ, но нив воопшто не ги ставаме во игра. Предпоставувам дека Слободан не мисли на новопрогласените херои на двонационалната држава. За нив никој нема право да аргуменитра на ниеден начин, ма колку официлани и да биле во Македонија. Ако извесна група луѓе го изгубиле умот, тоа не значи дека и ние сме како нив. Тоа е еквивалент на некој да дава орден „Осама бин Ладен“ или слично на англиската Википедија. Добро знаеме дека ќе биде избришан истиот ден, а сигурно ќе уследат и опомени. Не гледам зошто кај нас да биде различно.--Б. Јанкулоски 10:58, 16 Март 2006 (UTC)
- Вака, не чекајте на мене, навистина! :-) Мислам дека сегашниот модел може да помине со тоа што би го тргнал Википедија логото - едноставно делува лошо така од позади, или над центарот на медалот. А за личности, да, Бојан делумно ги откри причините, но повеќе ме плаши нешто друго - на пр. има такви што сметаат дека Блаже Конески го "србизирал" македонскиот јазик (да се разбереме, јас дефинитивно не сум меѓу нив!), за некои Гоце Делчев е спорен, т.е. сакам да кажам - секогаш ќе се најде некој што ќе замери нешто за личностите. Освен тоа, веројатно ќе се работи за личности кои се битни за македонскиот народ, а ова е Википедија на македонски јазик, повеќе од Македонска Википедија, ако ме разбирате што сакам да кажам... Сепак, можеби сум малку повеќе хипохондрик во овој случај, така што, искрено, мене нема ама воопшто да ми смета да има личности на ордените/медалите! Ако одлучите така, во ред е со мене. Можам да предложам и некои личности кои по мене би требало да ги има и за што би се давале такви награди (листата е само непотполн предлог):
- Блаже Конески - за филологија, лингвистика, јазици и сл. статии),
- Кочо Рацин - литература, исто така, за трудољубиви уредници (ова може да биде и како најголема награда)
- Паскал Сотировски - природни науки
- Гоце Делчев - за неутралност ("поле за културен натпревар меѓу народите")
- Милчо Манчевски - филм, или уметност воопшто (може да биде проблем добивање негова не-copyright слика)
- Ферид Мухиќ - филозофија, општествени науки (може да биде проблем добивање негова не-copyright слика)
- Борис Трајанов - музика, уметност (може да биде проблем добивање негова не-copyright слика)
- Ѓорѓија Пулевски - историја, народи и сл.
- Марко Цепенков - народно творештво, етнологија
- Теодосиј Гологанов - религија (ова може да биде спорно за неправославните)
- Јане Сандански - борба против вандали :-)...
- Горан Стефановски - театар, драма итн,(може да биде проблем добивање негова не-copyright слика)
- медал само со македонското знаме наместо лик во центарот - главна награда
- фалат уште категории... --FlavrSavr 02:03, 17 Март 2006 (UTC)
- Најпрвин да се изјаснам за потенцијалните опасости од ставање само македонци. Како прво јас незнам ни еден албанец кој е исто толку знаменит како и гореспоменатите личности (освен можеби Луан Старова кој спаѓа во литература, ама не се смета за најголемиот деец, жалам). Второ, јас незнам дали имаме воопшто активни учесници-албанци на нашава Википедија. Ако ги имаме, нека се изјаснат. Никој не им го ускратува правото. Штом немаме, ќе ја цитирам српската фраза: оде воз!. Не гледам никакви неправилности тука. Го разбирам Слободан што е малку скептичен, но сметам дека ова може да пројде без никакви промени.
- Коментар за медалите: Имам примедба на орденот Борис Трајанов. Кога веќе зборуваме за уметностите во целина мораме да наведеме некој од капитално и историско значење. Лично, мојот омилен македонски композитор е Трајко Прокопиев, чија слика имаме на статијава. Од ликовните уметници пак, би го одвоил Димитар Андонов Папрадишки кој е првиот профан (нерелигиозен) сликар во Македонија во 80-тите години на 19-тиот век. Може да се рече дека тој е основачот на сликарството во „западна“ смисла во Македонија. По мене од огромно значење. Подигнав тука негов фотопортрет со име dapapradiski.jpg. Ни преостанува уште да најдеме слики за неговата статија.
- Со сета почит кон Горан Стефановски, сметам дека треба да се замени со Војдан Чернодрински. Како што реков пред малку, за медалите ни требаат легендарни, историски важни дејци (по можност основоположници).
- Предлагам да се доделува медал за музика посебно од медал за уметност заради нивната различност и заради невозможноста да се најде заеднички содржател (личност) кој ќе ги претставува сите уметности. --Б. Јанкулоски 09:18, 17 Март 2006 (UTC)
- Се согласувам со FlavrSavr да се избегнуваат личности на самите медали - Сакам да ве потсетам дека тоа не е Македонска Википедија, туку Википедија на Македонски. Чекаме тука странски корисници да придонесуваат - Албанци, Бугари, Срби, Грци и секакви. Сакаме тие да бидат активни, за да биде подобра нашата Енциклопедија. Затоа нашите награди треба да бидат неутрални, зашто секој Албанец, Грк или Македонец со поинаков став да си ја чува наградата со гордост, а да не ја одбие кога ќе му ја доделиме. Тоа е политички чекор, така е, и ние мораме да мислиме политички.
- Готов сум да се откажам од Гоце (иако со тешко срце). НГТ е нашата најголема вредност, а не македонскиот национализам. Второ, мислам дека бројот на ордените е преголем за нашава премала заедница. Дали е паметно да имаме повеќе ордени од активни корисници? За почеток мислам официелниот орден да биде еден - "За придонеси" или "За културен натпревар" и тоа да биде се. Кога ќе се зголеми нашата заедница со уште дваесет активни членови, тогаш, еве ќе направиме уште еден официелен орден. Инфлација имаат не само парите, туку и ордените. --Комита 17:48, 17 Март 2006 (UTC)
Гласање за бот
[уреди извор]Благодарам за поддршката до сега. За да поднесам пријава за бот ќе ми треба поддршка од заедницата. Треба да биде двојазична, за да можат администраторите да проценат, значи.
Гласање за доделување статус на бот на Корисник:Filip M Bot:
(Voting for assigning a bot status to Корисник:Filip M Bot):
Ботот е одобрен (Bot approved)--Filip M Bot 17:38, 22 Март 2006 (UTC)
За (In favour):
[уреди извор]- За. Сепак, прво треба да се завршат некои „формални“ работи - да се дефинира корисничката страна на ботот, да се каже кој го контролира, за што ќе служи и слично. Може да се пушти и некое испробување (мада таа процедура веќе заврши со селата). --Misos 07:56, 14 Март 2006 (UTC)
- Јас се согласувам за да се даде бот статус на твојот бот - логиката е фина: подобро формулар одошто празен лист хартија. И другите википедии имаат вакви празни предлошки, а патем, и во нашата статиите за години и дати се решени по шаблонски систем. Инаку, ако добро разбрав, ти имаш статистички податоци за селата? Ние чекаме да ни дадат податоци во електронска форма, толку се одолговлече целата работа што не знам ни дали воопшто ќе биде... --FlavrSavr 23:57, 9 Март 2006 (UTC)
- За. Нема зошто сега да гласам "не" :-) Boyan 15:12, 14 Март 2006 (UTC)
- За --Aleksandar SK 20:26, 14 Март 2006 (UTC)
- За--Комита 17:14, 17 Март 2006 (UTC)
- За --Јованвб 11:56, 19 Март 2006 (UTC)
- За -- Македонец 22:51, 20 Март 2006 (UTC) (ме потплатија да полнам гласачки кути, ха ха ха ха ха, :)
Против (Opposed):
[уреди извор]Поздрав --Filip M 03:21, 14 Март 2006 (UTC)
- Па во ред, мислам дека е изгласан ботот, пријави го на мета (јас не знам кај треба :-))--FlavrSavr 20:05, 20 Март 2006 (UTC)
- Барањето треба да се стави на мета (m:Requests_for_bot_status). Филип, повторно те замолувам, среди ги твојата корисничка страна и страната на ботот, со мал опис што би работел, по можност на македонски и англиски. --Misos 20:36, 20 Март 2006 (UTC)
- Барањето е пријавено. Страната на ботот е средена (до некаде), а користничката страна ќе пробам да ја средам во следните неколку дена. --Filip M Bot 22:42, 20 Март 2006 (UTC)
- Барањето треба да се стави на мета (m:Requests_for_bot_status). Филип, повторно те замолувам, среди ги твојата корисничка страна и страната на ботот, со мал опис што би работел, по можност на македонски и англиски. --Misos 20:36, 20 Март 2006 (UTC)
Ислам
[уреди извор]Почнувам со комплетна преработка на статијата Ислам. Ги молам сите муслимани (доколку ги имаме) да направат преглед кога ќе ја завршам заради проверка на преводот на изразите, терминологијата и сл. Јас ќе се трудам да преведам најдобро што можам, а ваше е да ме поправите кај што треба. Исто така ќе побарам помош за лектура и од босанската Википедија. Поздрав.--Б. Јанкулоски 01:46, 15 Март 2006 (UTC)
Бот за J и S
[уреди извор]Мислам дека странските корисници (овие што не ја познаваат добро македонската кирилица) можеби имаат напишано статии со латински J S, наместо со македонски. Мора да се пушти некој бот да провери, барем во имињата на статиите. --Комита 17:16, 17 Март 2006 (UTC)
- Штом биде одобрен мојот бот, ова ќе биде една од првите работи што ќе ја направам.--Filip M Bot 22:18, 17 Март 2006 (UTC)
Ново на Викикниги
[уреди извор]Ново на викикниги! ----> Готвач. Покана кон сите гурмани да придонесат кон нашиот „Вики-готвач“.--Б. Јанкулоски 02:59, 22 Март 2006 (UTC)
- И „За Македонските Работи“ од Мисирков. Има ли некој идеја како убаво да се направат фуснотите? --Filip M 19:39, 24 Март 2006 (UTC)
- Не се вика „За Македонцките работи“? Фусноти може да се додаваат, се користат ref и references таговите. Упатство има на англиската википедија. --Misos 21:01, 24 Март 2006 (UTC)
- Фототипното издание се вика така (го имам и него и ќе го ставам и него), ама ова сега е адаптирано на современ правопис. Фала за реф таговите. Ке погледнам како се користат. --Filip M 22:48, 24 Март 2006 (UTC)
Знае ли некој зошто www.mk.wikibooks.org не се појавува на www.wikibooks.org? --Filip M 20:16, 28 Март 2006 (UTC)
- Ова е изгледа средено. Сега се појавува. Уште не функционира како: www.mk.wikibooks.com. Инаку ги ставив За Македонските Работи во фототипно издание, според современ правопис и преведено на англиски, со доста фусноти. --Filip M 18:20, 5 Април 2006 (UTC)
Браво, браво и браво! Секоја чест што во Викикниги сте ја ставиле безценетата и безмртната книга на Крсте Петков Мисирков ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ. Секоја чест оваа книга е највредна за Македонскиот народ Македонец 13:49, 31 Март 2006 (UTC)
Врските кон "Дневник"
[уреди извор]Од како Дневник си го промени дизајнот, сите врски кон Дневник, веќе не работаат (види Петар Кајевски). Ја нема и архивата. Во Википедија постојат многу врски кон Дневник и тоа во битни статии. Што ќе чиниме? Некој кој што е запознаен со состојбата таму да каже. --Комита 15:33, 23 Март 2006 (UTC)
Идеи за бот обработки
[уреди извор]Денеска ја направив првата бот замена (бланко пред запирка). Сите замени ќе ги документирам на Filip M Bot страната. Сите идеи за замена пуштајте ги или тука, или на бот страната. --Filip M Bot 17:40, 24 Март 2006 (UTC)
Проект Општини
[уреди извор]Ги зедов податоците што ги собра Мисос:табела, и шаблонот инфо-кутија и ја уредив општина Берово. Ве молам погледнете и во следните неколку дена давајте предлози:
Потоа ќе ги уредам така сите 84 општини. --Filip M 13:48, 27 Март 2006 (UTC)
- Почекај малце, има проблеми со инфокутијата ако фалат некои податоци. Утре ќе пробам да ја средам со малце посложена структура. Во меѓувреме, може да ги додадеме знамињата за општините (барем оние кои ги имаме). --Misos 18:36, 28 Март 2006 (UTC)
Јас направив еден едноставен шаблон за Селата во Македонија. Погледни го селото Будинарци во Беровска Општина. Ако имате идеи за уште податоци, давајте предлози. Откако ќе ги уредиме сите општини, ќе почнам да ги уредувам селата. --Filip M 19:35, 29 Март 2006 (UTC)
Општините се спастрени. Сега селата.--Filip M 18:24, 6 Април 2006 (UTC)
Предлошка:Историја на македонскиот народ
[уреди извор]Овој шаблон одамна требавме да го имаме. Сега го изработив и го применив на страните наведени во шаблонот. Се разбира, може да се применува и во други. Сега ви го давам на разгледување, критики и коментари.--Б. Јанкулоски 11:26, 28 Март 2006 (UTC)
Имиња на именски простори
[уреди извор]На Предлошка:Wikivar се дадени имињата на сите именски простори (Корисник, Помош и сл). Имаше дискусија пред некое време дали да се сменат некои имиња, па би сакал пак да ја отворам пред да пратам барање до багзила. Мој предлог е да се променат следните:
- Корисник_разговор -> Разговор со корисник
- Wikipedia_разговор -> Разговор за Википедија
- Слика_разговор -> Разговор за слика
- МедијаВики_разговор -> Разговор за МедијаВики
- Шаблон_разговор -> Разговор за шаблон
- Помош_разговор -> Разговор за помош
- Категорија_разговор -> Разговор за категорија
- Википедија -> Википедија
Всушност дебатата беше дали да стои Дискусија или Разговор. Би ве замолил побрзо да се изјасните, да ја завршиме работата во најбрз можен рок :) --Misos 18:33, 28 Март 2006 (UTC)
- Јас сум за промените на Misos. Boyan 18:40, 28 Март 2006 (UTC)
- Разговор е подобро од дискусија. Filip M
- За сите промени --Aleksandar SK 18:58, 28 Март 2006 (UTC)
- за и разговор е подобро од дискусија --Јованвб 19:01, 28 Март 2006 (UTC)
- ЗА -- РАЗГОВОР е МАКЕДОНСКИ збор, а дискусија латински, веднаш бришете го треба јазикот наш Македонски да си го чуваме и негуваме. Покрај тоа трудете се што повеќе Македонски (словенски) зборови да користите! -- Македонец 21:10, 28 Март 2006 (UTC)
- За - секако. Се надевам дека на тој начин сите статии од именскиот простор Википедија нема да ги смета за нови статии, затоа што не се! Исто така, би сакал да се извинам зошто ме немаше толку долгу време, ама навистина не беше моја вина! --FlavrSavr 00:42, 29 Март 2006 (UTC)
- За комплетна македонизација на секој можен поим во енциклопедијава. Образложението веќе го даде Македонец. Уште една примедба: гледам дека Порталот кај сите други Википедии е многу покомплексен. Незнам зошто кај нас изгледа како обична страна за разговор.--Б. Јанкулоски 21:42, 29 Март 2006 (UTC)
Вики Цитат
[уреди извор]Стои: Збир цитати
Нели е правилно: Збирка цитати?
Знам дека не е тука местото за ова, ама одамна поставив прашање на разговорот за главната страна и никој не ме врти :)))
--Aleksandar SK 02:36, 30 Март 2006 (UTC)
- Таман работа да не те читаме :) Сега поправив на главната страница. Бојан, порталот може да има каква сакаме структура, само треба да се договориме. До сега ваков начин беше доволен бидејќи имаше многу малку активни корисници, па немаше потреба да се цепка на повеќе страни. --Misos 02:52, 30 Март 2006 (UTC)
5000 статии!
[уреди извор]Ајде нека ни се честити 5000-те статии и уште сто пати по толку да имаме! --Б. Јанкулоски 02:39, 31 Март 2006 (UTC)
- Браво. Која је 5000-та статија? --Јованвб 13:46, 31 Март 2006 (UTC)
- Супер, сега ќе го ставам соопштението на Главната страница и на викимедија. Инаку, 5.000 статија е Бад Фрајенвалде (Одра). Може малце да ја потсредиме :) --Misos 15:03, 31 Март 2006 (UTC)
- Објавив на статистиките на англиската Википедија. Честито да ни е - да ни се множат, ама и да ни се шират, исто така! --FlavrSavr 15:14, 31 Март 2006 (UTC)
- Еве јас се нафаќам да ја преведам и средам од германската статија. Англиска не постои! :-) --Б. Јанкулоски 22:06, 31 Март 2006 (UTC)
- Абе шо да ти кажам - имаме статии што ни англиската ги нема :))) Него нели треба Одра да стои??? --Aleksandar SK 22:43, 31 Март 2006 (UTC)
- Ја завршив статијата, а Одер е сменет во Одра.--Б. Јанкулоски 00:58, 1 Април 2006 (UTC)
- Придружујем се честиткама, само тако наставите !!!! Саша Стефановић порука
Интервики бот SashatoBot
[уреди извор]Поздрав пријатељи, позивам вас да се изјасните да ли желите да бот кога контролише Корисник:Саша Стефановић, а који ради већ на неколико других Википедија, почне да ради и код вас. Једини посао овог бота је интервики повезнице, са овом могућношћу ћете бити у стању да поставите повезницу ка нпр. енглеској википедији на чланак или категорију код вас, а овај бот ће да постави тај интервики аутоматски на све остале википедије на којима је регистрован. Пошто по правилу не мора да се покреће гласање поводом овога, потребна ми је сагласност неколико корисника (администратора) како би бот добио тзв. бот заставицу (Bot flag) могао да ради „тихо“ тј. да не се не види кад ради на скорашњим изменама. Хвала вам унапред. --SashatoBot 23:13, 3 Април 2006 (UTC)
- Пример како бот ради можете погледати овде, наиме, ја сам додао раније само интервики ка енглеској википедији, а он је поставио све остале, и додао на енглеску википедију линк ка македонској. --Саша Стефановић 00:06, 4 Април 2006 (UTC)
- Имаш моја поддршка. --Misos 00:01, 4 Април 2006 (UTC)
- OK, и моја поддршка, корисен бот. --FlavrSavr 00:04, 4 Април 2006 (UTC)
- Поддршка и од мене! --Boyan 13:09, 4 Април 2006 (UTC)
Хвала свима на подршци, бот је добио заставицу. --СашаСтефановић • 15:21, 4 Април 2006 (UTC)
Сапармурат Нијазов
[уреди извор]Штотуку ја завршив статијата за легендарниот, еден и единствен Сапармурат Нијазов ! Исто така ќе поставам и информација во „Дали сте знаеле“. Уживајте во пикантериите! --Б. Јанкулоски 07:35, 6 Април 2006 (UTC)
Гласање на англиската Википедија
[уреди извор]Во тек е poll во врска со статијата Republic of Macedonia [5]
Апелирам до сите да гласаат и да ги дадат свиоте коментари на страната за разговор. Исто така апелирам до сите да побараат поддршка од своите пријатели од каде било. (имајте на ум дека за да гласате ви е потребно да сте регистриран корисник на англиската википедија и да имате барем пеесет уредувања сте регистрирале најкасно на 31 март - на англиската нормално) --Aleksandar SK 15:57, 7 Април 2006 (UTC)
Почеток на колективната халуцинација
[уреди извор]Како прво, да се извинам што ме нема неколку дена. Како второ, да ја објаснам причината - бев преокупиран со организацијата на оваа изложба (има линк и на On.net, ама мене не ми го отвора затоа што сум кабловски корисник). Изложбата е во галеријата на МКЦ, а се отвора во сабота (т.е. денес) во 20 часот. На неа би можеле направиме мини Википедија средба бидејќи ми делува како фин повод за сретнување :-). На неа патем ќе бидеме јас, Милош, и Ивица - поставата која почна да го турка Википедија каменот по нагорнината пред отприлика година дена. Навистина најтопло ве покануваме на оваа изложба -кажано со НМП речник, нема толку голема разлика помеѓу Вики и НМП (маалските) занесеници, така што би било супер да размениме пар ракувања, грст добри желби, катаљон идни планови и понекое пиво (ако остане!). Се гледаме! П.С. Горниов пост може да се сфати и како бескрупулозна реклама, така што бришете по потреба! :) --FlavrSavr 23:58, 7 Април 2006 (UTC)
- Да не известеше малце порано не ќе беше лошо, ама ќе пробам да дојдам :) --Aleksandar SK 15:03, 8 Април 2006 (UTC)
Уште една новост: поканети сме (мислам на мк.википедија) од слободен софтвер да одржиме предавање, работилница или сл. на следниот инстал фест кој ќе се одржи идниот викенд, 15-16 април, на засега неопределено место (ќе соопштиме наскоро). Би било убаво да се видиме и заеднички да се договориме околу содржината на предавањето, евентуално да распоредиме повеќе предавачи, колку што може во тој час и половина што ни е доделен. Сите што ќе дојдете на изложбата побарајте не, може да одржиме мини вики состанок. П.С. (ова не е реклама, не бришете :)) --Misos 00:11, 8 Април 2006 (UTC)
Нова уредничка
[уреди извор]Конечно добивме и една дама во нашите редови! Тоа е мојата драга и ценета пријателка Драгана за која немам ништо освен највисоко мислење и најубави зборови. Dragana Zarevska веќе придонесе со три статии: Баскијат, Волшебникот од Оз и Баскијат (филм). Очигледно е по режијата :-) Впрочем нема што многу да должам во нејзино име, таа и самата ќе се претстави.--Б. Јанкулоски 00:35, 9 Април 2006 (UTC)
--Merci beaucoup ! Плашливо ги напишав, но се важат :) Ке запнам повеќе во иднина. Поздрави војводо:) --Dragana Zarevska
Вики средба
[уреди извор]Во саботата на изложбата имавме прва средба на википедијанци - се собравме јас (Корисник:Misos), Корисник:FlavrSavr, Корисник:Ivica83 и Корисник:Aleksandar SK. Бидејќи беше гужва, не успеавме да направиме муабет како што треба, па решивме да договориме нова средба оваа недела. Првичната замисла е да се најдеме во среда вечер (20:30 19:30) на некое неутрално место во Скопје (предлог: Пјаца карши Јосип Броз). Теми на кои може да се дискутира се:
- Википедија - до каде сме, што треба да направиме, како да привлечеме поголем број на корисници и сл.
- Работилницата во сабота на Инстал фест-от
- Вики маратон (предлог на Горан Андреев и Јован Петров, поопширно ќе објаснам деновиве)
- Разно (дополнете)
Засега сигурно би дошле јас, FlavrSavr, Новица (ОССМ), најверојатно и Ивица и Александар. За секој случај, сите заинтересирани оставете порака овде да бидеме сигурни дали воопшто има заинтересирани и дали да резервираме маса. Нормално, не се ограничуваме само на википедијанци, слободно донесете и други заинтересирани. --Misos 12:07, 10 Април 2006 (UTC)
- Овие денови јас нема да бидам во Скопјево, така да нема да можам да дојдам... А баш завчера бев во Пјаца... :-( Boyan 17:47, 10 Април 2006 (UTC)
- Јас доаѓам сигурно, со тоа што повеќе ми одговара 19:30 зошто до 19 сум на француски, па ако се сретнуваме во 20:30, губам саат и пол време... --FlavrSavr 22:26, 11 Април 2006 (UTC)
- Eве конечно успеав да стигнам да го уклучам компјутеров. Јас ќе дојдам 99% а за термините... на некој начин и двата не ми одговараат зашто на факс сум до 17:00, ама нема врска - одлучете вие кога (мене ми е сеедно) --Aleksandar SK 23:01, 11 Април 2006 (UTC)
- ОК, кога веќе некому му одговара некој термин, нека биде 19:30. --Милош 23:22, 11 Април 2006 (UTC)
Предлог портал
[уреди извор]Имаше жалби за гломазноста на сегашниот портал, па направив мала реорганизација. Предлогот за почетната страница може да го видите овде, а на секоја засебна страница би стоела мала инфокутија со врски до останатите секции. Кажете што мислите, да корегираме што не е во ред, па да го пуштиме во употреба :) --Misos 13:22, 10 Април 2006 (UTC)
- ЗА! Одлична работа! --Комита 15:00, 10 Април 2006 (UTC)
- За. Ова е токму она што ни треба.--Б. Јанкулоски 22:38, 10 Април 2006 (UTC)
- За. Дефинитивно --FlavrSavr 22:46, 10 Април 2006 (UTC)
- За. Одлично изгледа. Во исто време, ако некој има време да погледне на wikibooks, и за таму ни треба убав портал. Јас ставив неколку книги. --Filip M 12:31, 11 Април 2006 (UTC)
- За Супер е. Boyan 14:11, 16 Април 2006 (UTC)
Коперник
[уреди извор]Ви ја претставувам господо мојата прва статија која зрачи со трудољубие. Ај да не претерувам сега, само ќе кажам дека е превод од статијата за Никола Коперник од англиската Википедија, со мали кратења. Dragana Zarevska 17:10, 11 Април 2006 (UTC)
- За почеток, добредојде на македонската википедија, се надевам дека ќе ти биде пријатно овде и ќе ни донесеш многу убави статии :) Ако имаш било какви прашања, слободно постави ги, било овде, на твојата страна за разговор или на некој од администраторите (вклучувајќи ме и мене), сигурно ќе ти одговориме.
- Статијата е супер, мислам дека му правиш конкуренција на Јанкуловски :) Предложи ја во делот Одбрана статија или Дали_сте_знаеле, вреди да се најде на главната страница. --Misos 18:28, 11 Април 2006 (UTC)
- Благодарам Misos. Ќе гледам да работам повеќе и колку можам почесто да уфрлувам статии, нели сепак, кредибилитет на една држава е во прашање. И тоа не Небула, туку нашата. Се надевам дека ќе се стигне до 10 000 статии многу порано од очекуваното. И јас пробувам да мотивирам некој мој познат кој има време и трпение да работи над Википедија. Поздрави :) Драгана 20:00, 11 Април 2006 (UTC)
- Добредојде и од мене! --FlavrSavr 00:23, 12 Април 2006 (UTC)
Потписи
[уреди извор]Приметив дека добар дел од корисниците сакаат да се потпишуваат со нешто друго наместо корсничкото име, па затоа сите свои пораки ги уредуваа по двапати. Има многу поедноставен начин: во прилагодувања (горе десно) => Кориснички податоци кај Вашиот прекар (за потпис) внесете го вашиот „прекар“ (пр. кај мене сега стои Милош). Со тоа со секое додавање на потпис (четири тилди: ~~~~) наместо Misos кај мене ќе стои Милош :) --Милош 20:26, 11 Април 2006 (UTC)
6000 статии!
[уреди извор]Ајде нека ни се честити 6000-те статии и само така да ни се множат.--Б. Јанкулоски 05:13, 15 Април 2006 (UTC)
Потполно нов изглед и функционалност на Викикниги!
[уреди извор]Како што стои во насловот Викикниги имаат сосема нов изглед и функционалност. Основниот изглед го базирав на српските Викниги, но со доста промени и, се разбира, македонска содржина. Еден или два елемента сè уште не се поставени - затоа ги барам вашите сугестии за изгледот и функционалноста на тие делови.--Б. Јанкулоски 04:28, 16 Април 2006 (UTC)
- Одлична работа. Токму такво нешто ни требаше. (Не е лошто да се стави и бројач на статии)--Filip M 14:33, 17 Април 2006 (UTC)
Прашањето за македонските симболи и етничките територии на Македонците
[уреди извор]Со ова знаме ја добивме независноста, и за мене ова е знамето на независната Македонска Држава - тоа не е етничко, туку политичко знаме - и од оваа причина не е баш коректно да се користи за етнички територии, кои никогаш не биле дел од државата - тоа може да се восприеме како територијални претензии кон соседни земји (и како шо видиме, така се восприема). Може да се користи некој од грбовите како заеднички симбол или најнеутрално - мапа на Македонија со обоени делови. --Комита 23:05, 16 Април 2006 (UTC)
Проработе Портал:Македонија
[уреди извор]Како што и самиот наслов вели, проработе Портал:Македонија ! Навистина ми е чест да ви го претставам овој портал, вакво нешто требавме одамна да имаме! Со грациозната техничка поддршка на колегата Милош успеав да го воздигнам од нула и да го потсредам на пристојно ниво. Сепак, лично сметам дека треба уште многу да се збогати со разни содржини и информации. Епа ајде, навалите сите патриоти (а и тие помалку загреаните) да го направиме овој наш прв портал величествен и достоен на темата која ја обработува! --Б. Јанкулоски 06:00, 17 април 2006 (UTC)
Лазар Поп-Трајков
[уреди извор]Ајде ако није проблем да неко ко се разуме дође на ср-вики и погледа страницу за разговор. Бугари тврде да је био бугарин. Ево линка како мењају чланак [6]. Ја сам вратио једном, али они износе неку литературу. Значило би да и ви кажете да ли је био Македонац или Бугарин --Јованвб 19:32, 17 Мај 2006 (UTC)
Копирање на слики и предлошки од други верзии
[уреди извор]Бидејќи сум почетник, а не би сакал да прекршам некое авторско право и слично, ме интересира дали може да се копираат одредени слики и предлошки од други верзии на Википедија (Англиска и сл.) и да се постават или преработат на македонската верзија? --Amacos 16:19, 6 Јуни 2006 (UTC)
Дали некој знае што се случи со овој корисник, а потоа администратор? Според неговата страница на англиската Википедија (доколку е тој), а и неговиот мошне интересен блог, тој сè уште е на интернет. Не за друго, туку за џабе да не стои како администратор... ;-) Boyan 10:39, 1 Јули 2006 (UTC)
Ау, сега го видов тоа... Не, мислам дека Komitata не е истиот со нашиот Комита. А кај е тој, за жал не знам! :-( --FlavrSavr 21:44, 3 јули 2006 (UTC)
I would like a bot flag to run my interwiki-bot TuvicBot (using Pywikipedia). This bot will run in manually assisted mode, adding and updating interwiki-links, using the Dutch wiki as a starting point. I'm mostly planning to solve interwikis that autonomous bot skip because they're ambigious. (And sorry for not speaking in your language :-() --Tuvic 15:33, 15 јули 2006 (UTC)
Илиндан
[уреди извор]Свим људима добре воље у Македонији и шире честитам празник Илиндан! --Покрајац 22:23, 1 август 2006 (UTC)
- Со 4 дена закаснување, фала :) --Милош 00:40, 6 август 2006 (UTC)
Здравейте! Знам, че македонската Уикипедия има проблеми с неутралната гледна точка, но все пак се надявам да се намира някой, на когото му дреме за нея. Статията Бугаризација е пълна с гадости и гнусотии, от които ми се повдига. Не ме разбирайте погрешно, ако бяха верни не бих възразил да си ги пишете, но в тази статия освен инсинуации, лъжи и глупости друго няма (включително и извори за твърденията). Наистина, ама наистина е гнусно да твърдите, че Паисий Хилендарски е "бугаризатор" и приносът му е "повече от скромен". Нека да не се обиждаме и да се разваляме отношенията с глупости - ясно е, че по много теми виждаме нещата различно в двете страни, но предлагам да не стигаме до такива гадни крайности като тази статия. Поздрави, Тодор Божинов.
хмм
[уреди извор]Како да уредувате статии Од Википедија, слободна енциклопедија (Пренасочено од Како да менувате статии) Скокни на: навигација, барај
Водич: ЛекцијаНе е комплетирана!
Во продолжение ќе бидат дадени неколку кратки совети за тоа како да уредувате статии. Потполниот прирачник ќе започне да се преведува во моментот кога ќе биде преводот на интерфејсот на македонски ќе биде актуелизиран од страна на администраторите на meta.wikipedia.org.
е за ова последното,треба некој да го преведи мислам дека можи да се кажи дека е приоритетно (јас немам време искрено иначе ќе го преведев, имам плус неколку недозавршени статии) Guitardemon666муабет