Историја на македонската цивилизација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Благодарејќи на истражувањата од доменот на археологијата, археолошката лингвистика и, општо земено, од ДРЕВНАТА МАКЕДОНИСТИКА, за последните 10 години е утврдена нова апсолутна хронологија за културниот континуитет на македонскиот народ и за најстарото живеење на Македонскиот Полуостров (Балканот).

Праисторија[уреди | уреди извор]

Големата мајка, жртвеник од средниот неолит пронајден во с.Мршевци

Веќе не може да се оспорува фактот дека черепот на младиот човек (25 - 30 годишен), кој е пронајден во пештерата “Црвени Стени” близу до селото Камени Гумна (Петролона) во Егејска Македонија, е сведоштво за Македонците дека во Македонија луѓето одат исправени и размислуваат со своја глава најмалку 600.000 - 160.000 г.п.н.е. или со поегзактен метод е утврдена старост од 260.000 -240.000 г.п.н.е.Археолошката лингвистика за последните десет години презентирала повеќе писмени споменици од крајот на мезолитот и почетокот на неолитетот, кои се напишани на древен македонски јазик и со древни македонски азбуки (“јавна” и “тајна”), а со тоа во писмената традиција го осведочи најстариот супстрат за сите подоцнежни дериватни јазици и азбуки не само на Македонскиот Полуостров (Балканот), туку и пошироко во светот. Најстариот споменик на писменоста, кој е дешифриран со древно македонско гласовно писмо и е на древен македонски јазик е со старост од околу 13.000 - 11.000 г.п.н.е. или со вкупна апсолутна хронологија на континуираниот македонски јазик од околу 15.000 - 13.000 години и потекнува од пештерата Мас де Азил (Франција) од времето на условно наречената Голема македонска митолошка империја.Праисториските сведоштва од Осинчани, Говрлево, Младо Нагоричане, Ш'пел (Дупјак) Костурски, тумбите во Маџари и Чаир во Скопје, населбата од рано камено време кај Стенче - Тетовско, тумбите од Породинската група покрај реката Црна, непроценливиот натпис од Скочивирската Клисура, глинената плочка од Градешница близу до Враца (Бугарија), надгробниот споменик на херојот и поетот Димо Ријдил од ВИИ в.п.н.е. од Лемно во Егејско Море итн. се само дел од најстарата македонска цивилизација во која доминирал култот на Сонцето и Космосот, култот на огнот и домашното огниште, култот на Големата Мајка - богиња на земјата и симбол на плодноста итн.Керамичкиот печат од “Церје” кај Говрлево близу до Скопје кој е пронајден во 1981 година, е непобитен доказ дека Македонската неолитска револуција ја создавале писмени, интелегентни и неверојатно рационални македонски луѓе, кои во времето на македонските “зетови” и “невести”, “тестови” и “тешти” од крајот на мезолитот и почетокот на неолитот (7.000 - 6.000 г.п.н.е.), биле САМО СО БОГА или останувале насамо со БОГА да медитираат во периодот на зетувањето за севозможните филозофски аспекти на постоењето и развитокот на човекот и човештвото, на севозможната семантика во просторот, на единичното и заедничкото во космосот и светот, т.е. за култот на Сонцето и Космосот, за космогонијата и космологијата, за “вишите” и “нижите” науки во времето на “зетите”, “зетовците” и “зетувањето”. За постоењето на соодветна македонска воена олигархија сведочи металниот печат од Говрлево (околу 1500 г.п.н.е.)

Најстарите сведошта за архитектонските поединечни и групни волуменско - просторни композиции во вид на наколни живеалишта на Костурското, Дојранското, Охридското, Преспанското и другите македонски езера, како и неолитските континентални и островски населени места на Древна Македонија го афирмираат големиот степен на развиток на македонската цивилизација. Светилиштата во вид на “Камени Столици” (“Долмени”) од Црна Лома или Илина Гора кај Осинчани - Скопско и комплексот од разновидни долмени од “Штерпа” близу до Богданци, како и најстариот неолитски обелиск од “Милисин” на подножјето на Кожуф Планина близу до Гевгелија се само непобитни праисториски сведоштва за континуитетот и разновидноста на материјалната култура на Македонија, чија територија била и долго време ќе остане привлечна за секој вид истражувачки работи и репер за проверка, споредба и ширење на другите светски цивилизации.Ваквиот македонски супстрат целосно го објаснува еволутивниот процес на македонската писменост, јазик и култура и овозможува да се објасни и степенот на материјалниот и духовниот растеж кој овозможил во историското време да се создаде, созрее и оформи во ИВ в.п.н.е.

Антика[уреди | уреди извор]

Големото македонско царство од времето на Филип ИИ Македонски (359 - 336 г.п.н.е.) и Александар III Македонски (336 - 323 г.п.н.е.) со територија од 3,8 милиони квадратни километри од Дунав до Северна Африка и од Јадран и Египет до Индија и Централна Азија со извонредната и незгасливата филозофија на синкретизмот за обединување на државите, народите, митологиите, боговите, обичаите итн., овозможувајќи да се шири на Исток и по целокупниот цивилизиран свет Големата македонска цивилизација, која перманентно се оплодувала со нови импулси. Тој македонски космополитизам најмалку 2336 години се шири, тлее и се распламтува независно од севозможните облици на притајување, приграбување, заборавање, присвојување, преиначување и приспособување од страна на подоцнежните цивилизации, империи, царства, држави и народи.

Византија и средновековието[уреди | уреди извор]

Вековите и годините што изминале не биле секогаш наклонети кон афирмацијата на Македонската Цивилизација.По македонската доминација со светот (336 - 30 г.п.н.е.), дури во периодот на Второто историско македонско царство (таканареченото Византиско Царство), големиот Македонец од Таор - Управда, Вистинијан, Истинијан или Јустинијан И (527 - 565 г.н.е.) во 529 и 534 година успеал да го кодифицира супстратот на македонското право, кое во вид на Јустинијанов Кодекс со 4652 укази мораше да најде своја плодна почва и во таканареченото Римско Царство во кое само се завршувале отпочнатите големи проекти на Древната Македонска Цивилизација. Големиот историчар, писател и просветител Т’рп Руен (567 г.н.е.) е само уште едно сведоштво за способноста на Македонецот да се враќа кон корењата на своето потекло, да го модифицира македонскиот супстрат на писменоста и да го оплоди семето на македонското историско памтење во развојот на писменоста и културата на човештвото пред големите семакедонски и сесловенски просветители Св. Кирил, Св. Методиј и Св. Климент.

Поврзано[уреди | уреди извор]