Брезно

Координати: 42°5′8″N 21°2′20″E / 42.08556° СГШ; 21.03889° ИГД / 42.08556; 21.03889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 12:55, 20 ноември 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Историја: Јазична исправка, replaced: Во XIX век селото е дел → Во XIX век селото било дел, каза во [[Отоманско → каза на [[Отоманско)
Брезно
Брезно во рамките на Македонија
Брезно
Местоположба на Брезно во Македонија
Брезно на карта

Карта

Координати 42°5′8″N 21°2′20″E / 42.08556° СГШ; 21.03889° ИГД / 42.08556; 21.03889
Општина Општина Теарце
Население 8 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28006
Надм. вис. 938 м
Брезно на општинската карта

Атарот на Брезно во рамките на општината
Брезно на Ризницата

Брезно — село во Општина Теарце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.

Географија

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, сместено во источните падини на Шар Планина, оддалечено 17 километри северно од Тетово.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 9 семејства и 1 неженет, сите христијани.[2]

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брезно живееле 490 жители, сите Македонци.[3]

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брезно имало 480 Македонци, патријаршисти.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има само 8 жители, сите Македонци.[5] На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 490[3] 640[4] 547 478 295 67 13 0 2 8

Родови

Брезно е македонско православно село, родовите во селото во поголем број се доселенички.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Чутуровци (3 куќи), нивните предци живееле во старото Брезно. Имаат изумрени родови
  • Доселеници: Јорговци (14 куќи) стари доселеници. Се делат на Смилковци и Сиљановци. Доселени се од мијачкото село Лазарополе, таму нивниот предок Јорго имал задруга од 70 членови, и бил многу богат. Го знаат следното родословие: Гиго (жив на 64 г. во 1947 година) Томе-Цветан- Ќаја. Имаат иселеници во Тетово (седум семејства), Скопје (три семејства), Софија (шест семејства) и во Романија (четири семејства); Милевци (15 куќи) доселени се од селото Милетино. Имаат иселеници во Тетово (три семејства), Бесарабија (две семејства), Романија (две семејства) и во Бугарија (две семејства); Матовци (11 куќи) доселени се од областа Мат во Албанија, го знаат следното родословие: Мано (жив на 60 г. во 1947 година) Василко-Тофил-Митрашко. Имаат иселеници во Тетово (шест семејства), Лешок, Белград (две семејства), Скопје (две семејства) и во Романија (три семејства); Биоловци (8 куќи) стари доселеници, не знаат точно од каде се доселени. Го знаат следното родословие: Ѓуро (жив на 50 г. во 1947 година) Крсто-Младен-Милош; Петерќевци (9 куќи) доселени се од некое околно полошко село, дошол рано Петре. Имаат иселеници во Тетово (три семејства), Белград (едно семејство) и во Софија (едно семејство); Станковци (8 куќи) доселени се од некое место Станкоо поле во Албанија. Имаат иселеници во Лешок, Белград (едно семејство) и во Русе (едно семејство); Џамбазој или Кујовци (8 куќи) доселени се од селото Непроштено. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Русе (две семејства); Тапшаној (3 куќи) стари доселеници. Точно не знаат од каде се доселени. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), Скопје (едно семејство) и во Варвара.[7]

Општествени установи

Цркви

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр. 361
  3. 3,0 3,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 210.
  4. 4,0 4,1 D.M.Brancoff. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, стр. 122-123.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
  7. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 319–320.
  8. 8,0 8,1 Ефтоски, Гојко (18 мај 2009). „Последните мохиканци во Брезно“. Утрински Весник. Посетено на 2010-04-29.

Надворешни врски