Антоан де Сент Егзипери

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Антоан де Сент-Егзипери)
Прејди на: содржини, барај
Антоан де Сент-Егзипери
Antoine de Saint Exupéry
11exupery-inline1-500.jpg
Роден 29 јуни 1900(1900-06-29)
Лион, Франција
Починал веројатно 31 јули 1944(1944-07-31) (воз. 44 г.)
Во морето јужно од Марсеј, Франција
Занимање Авијатичар, писател
Националност Французин
Период 1929-1948 (постхумно)
Жанр Автобиографија, детска и уметничка литература
Значајни дела Јужна пошта
Ноќен лет
Малиот принц
Сопружник Конзуела де Сент-Егзипери (од 1931.)

Антоан де Сент-Егзипери (француски: Antoine de Saint Exupéry) — роден на 29 јуни 1900 во Лион, Франција, а починал на 31 јули 1944 летајќи над Медитеранот, е француски писател, поет, авијатичар и репортер.

Роден во француска благородничка фамилија, Антоан де Сент-Егзипери поминува среќно детство покрај прераната смрт на неговиот татко. Како сјаен ученик матурира во 1917, но не успева да се запише на школата за воена морнарица, па затоа се посветува на убавите уметности и архитектурата. По воената служба во 1921 во Стразбур станува пилот. Во 1926 почнува да пренесува пошта од Тулуз до Сенегал, а во 1929 и до Јужна Америка. Во меѓувреме почнува да ги објавува своите дела, инспирирани од неговите искуства како авијатичар: Јужна пошта во 1929, но пред сè Ноќен лет во 1931, дело со голем успех.

Почнувајќи од 1932 неговите работодавци наидуваат на финансиски проблеми, па така Сент-Егзипери се посветува на пишувањето и новинарството. Тој се посветува на поголеми репортажи, како случувањата во Виетнам во 1934, во Москва во 1935 и во Шпанија во 1936, кои ги засилуваат неговите хуманистички вредности прикажани во Земја на мажи, дело од 1939. Истата година, тој служи во воздухо-пловната војска како возач на воздушна ескадрила. По примирјето, ја напушта Франција за Њујорк, но на пролет во 1944 се враќа како дел од француската армија. Сент-Егзипери, за време на воена мисија, исчезнува на море во својот авион на 31 јули, 1944. Дури во 2000, остатоците од неговиот авион се најдени во близина на Марсеј.

Малиот принц, напишан во Њујорк за време на војната, е објавен, заедно со неговите лични цртежи, во Њујорк во 1943. а во 1946 и во Франција. Оваа книга напишана за „возрасните кои заборавиле дека некогаш биле деца“ набргу постигнува светски успех.

Биографија[уреди | уреди извор]

Младост и рана кариера[уреди | уреди извор]

Родното место на Сент-Егзипери, на улицата сега именува по него.

Сент-Егзипери е роден во Лион во благородничко католичко семејство, чија лоза била стара неколку векови. Тој бил третото од петте деца на грофицата Мари де Фонкломб и грофот Жан де Сент-Егзипери[1][2] Татко му, извршител во осигурителна компанија, умира од мозочен удар на 41 година. Смртта влијае врз целото семејство, преобразувајќи го во семејство на 'осиромашени благородници'.[3]

Сент-Егзипери имал три сестри и помал брат, Франсоа, кој умира на 15 години од ревматска треска, која ја префатил додека двајцата биле во Фробург, Швајцарија, за време на Првата светската војна. Сент-Егзипери бил постојано покрај брат му, а подоцна напишал дека Франсоа „...во еден момент стана неподвижен. Не ни плачеше. Падна нежно како младо дрвце“, слика која подоцна ќе биде искористена во последната сцена на Малиот принц. На 17 години, сега единствениот „маж“ во семејството, младиот писател бил погоден од смртта на брат му еднакво колку и мајка му и сестрите, но набргу ја преземал улогата на заштитник и утешител.[4]

Откако два пати по ред го паднал приемниот испит на морнаричката академија (според некои, намерно), Сент-Егзипери влегол на школата за убави уметности, како слободен слушател, каде студирал архитектура 15 месеци, без да дипломира, поради што почнал да прифаќа секакви работни места. Во 1921, Сент-Егзипери започнал со воена служба како војник од најнизок ранг во француската коњаница и набргу бил пратен во мало гратче близу Стразбур.[5] Во тој период почнал да зема приватни часови по летање, а следната година му било понудено да биде префрлен од француската војска во француските воздушни сили. Се здобил со дозвола за летање откако бил на воена мисија во Казабланка, Мароко. По некое време бил префрлен близу Париз, каде го доживеал првиот од многуте падови со авион. Сент-Егзипери ги послушал советите на семејството и неговата свршеница, идната писателка Луиз де Вилморан, и ги напуштил воените воздушни сили за канцелариска работа. По кратко време, Луиз и Сент-Егзипери раскинале, а тој сменил неколку работни места, кои не му донеле значителен успех, ниту големо задоволство.

Веќе во 1926, Сент-Егзипери повторно се вратил на летањето. Набргу станал еден од пионерите на меѓународната воздушна пошта, во време кога авијацијата не била доволно развиена. Според него, оние кои летале со понапредни летала биле повеќе сметководители отколку пилоти. Работел за француската пошта, летајќи во релација Тулуз-Дакар, а станал и раководител на авионската линија за областа во Јужно Мароко, кај пустината Сахара. Негова должност била да преговара за ослободување на заробените летачи кои биле заложници на вооружените Маври, опасна должност за која бил награден со национален орден на честа од француската влада.

Во 1929, Сент-Егзипери бил префрлен во Аргентина, каде бил назначен за раководител на аргентинската поштенска авионска линија. Отворил нови линии во Аргентина, работел на преговори, а одвреме-навреме лично пренесувал пошта и преземал спасувачки мисии на урнати авијатичари. Овој период од неговиот живот е предмет на филмот Крилја на храброста, на францускиот режисер Жан-Жак Ано.[6]

Кариера како писател[уреди | уреди извор]

Сент-Егзипери фотографиран близу Монтреал, Канада во мај 1942, на тура во поддршка на Франција по нејзиното примирје со Германија. Навидум насмеан, всушност бил под голем стрес и боледувал од запаление на жолчката.[7][8]

Првиот роман, Авијатичар (L'Aviateur) е публикуван во речиси непознато книжевно списание во 1926.[9] Во 1929, неговата прва книга, Јужна пошта (Courrier Sud) e објавена; со тоа и почнува да работи како авијатичар и новинар. Истата година, Сент-Егзипери лета на релацијата Казабланка-Дакар.

Романот од 1931 Ноќен лет (Ноќен лет) го поставува Егзипери како нова ѕвезда на книжевната сцена. Ова е прво од неговите дела да добие светско внимание и да ја освои наградата Фемина. Романот е инспириран од неговите искуства како поштенски пилот и како директор на Аеропоста Аргентина - авионска поштенска куќа во Буенос Аиерс.[10] Истата година, во Грас, Антоан де Сент-Егзипери се оженува со Конзуела Сунсин (née Suncín Sandoval), писателка од Ел Салвадор, боемска жена со „змиски јазик“, веќе два-пати вдовица. Сент-Егзипери, потполно маѓепсан од неа, постојано ја напуштал, но бргу ѝ се навраќал – таа била едновремено негова муза, но и причина за многу несреќа во неговиот живот.[11] Била бурна врска, Сент-Егзипери постојатно ја изневерувал, пред сѐ со французинката Елен де Воге (1908–2003), позната како „Нели“ или „Мадам де Б.“ во биографиите пишувани за него.[12] Воге всушност станува одговорна по неговата смрт за издавањето на неговите дела, а таа самата има напишано и биографија за него под псевдонимот, Пјер Шеврие.[13]

Споменик во Тарфаја, Мароко, која ја означува поштенската станица кој ја управувал Сент-Егзипери.

На 30 декември, 1935, по лет долг 19 часа и 44 минути, Сент-Егзипери заедно со Андре Прево, се урнува во пустина во Либија,[14] во обид да го надминат рекордот во воздушна трка за награда од 150,000 франци.[15] Се верува дека несреќата се случила близу долината Вади Натрун.[16] Дехидрирани и погодени од топлотен удар и двајцата сепак ја преживуваат несреќата. Картите кои ги користеле биле доста примитивни поради што и двајцата не знаеле каде се наоѓаат. Биле изгубени во пустината, а имале малку грозје, два портокали, термос со кафе, чоколадо, неколку крекери и малку вино. Имале течност, доволно за еден ден.[17] Двајцата почнале да имаат аудиторни халуцинации, а веќе четвртиот ден, потполно дехидрирани до степен да не се потат, почнале да имаат и визуелни халуцинации. Конечно на четвртиот ден човек на камила ги нашол и користејќи стар метод за рехидрирање ги избавил од смрт.[15] Оваа случка е срцевината на мемоарот од 1939, Земја на мажи, добитник на неколку награди. Малиот принц, која почнува со пилот изгубен во пустина, несомнено потсетува на ова искуство. Антоан де Сент-Егзипери продолжува со пишување сѐ до пролета на 1943, кога ја напушта Америка насочен кон Северна Африка за време на Втората светска војна.

Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Во април, 1943, по дваесет и седум месеци поминати во САД, Сент-Егзипери заминува со американската армија за Алжир, сакајќи да лета со француските воздушни воени сили, борејќи се на страната на Алијансата. Тогаш на 43 годишна возраст, очекувал унапредување во мајор бидејќи бил постар од повеќето учесници во војната. Осум години постар од возрасната граница, неуморно барал да се направи исклучок за него, што било одобрено од генералот Двајт Д. Ајзенхауер. Сепак, Сент-Егзипери имал големи болки поради поранешните падови со авион, до тој степен што не можел сам да се облече ниту да ја врти главата на лево.[18]

Сент-Егзипери создава своја воена единица од други пилоти, која се нарекува Groupe de reconnaissance 2/33 „Savoie“, снабдени со Р-38 Лајтнинг авиони.[19] Авионите биле понапредни од кои било други модели со кои претходно летал, па затоа Егзипери морал да помине седум-неделен тренинг пред првата мисија. Откако доживеал уште еден пад поради откажување на моторот, бил казнет на осум месеци, но набргу бил вратен на должност по лично барање на генералот Ира Икер, заменик командант на американските воздушни сили.[20][21]

Откако продолжил со летање, Сент-Егзипери се вратил и на долго-годишната навика на читање и пишување. Толку многу бил задлабочен во книжевноста што некогаш читал или пишувал неколку моменти пред да полета, така што механичарите го загревале и тестирале неговиот авион наместо него. За време на еден лет, на сметка на неговите колеги кои го чекале да слета, вртел кругови околу аеродромот само за да заврши со читање на некој роман. Антоан де Сент-Егизпери речиси секогаш имал тетратка до него која ја носел кога летал сам, со тоа што голем дел од филозофските размисли ги бележел во овие тивки моменти кога можел да го набљудува светот одозгора.[22]

Мистеријата на неговата смрт[уреди | уреди извор]

Францускиот генерал и подоцнежен претседател Шарл де Гол, за кој Сент-Егзипери и останатите имале ниско мислење, јавно изјавил дека писателот-пилот ја подржува Германија. Соочен со депресија Сент-Егзипери почнува да пие алкохол во големи количини.[23] Неговото здравје, ментално и физичко почнува да се влошува. Повеќето знаеле дека Сент-Егзипери е депресивен и се дискутирало да му се одземе летачката дозвола.[24][Note 1] Последната мисија на Сент-Егзипери била да ја надгледува германската армија во и околу долината на реката Рона некое време пред прочуената операција „Драгун“. На 31 јули, 1944, иако му било дозволено да лета на уште само пет мисии[25], тој полетува со невооружен Р-38 на девета мисија по ред од авионска база во Корзика. Ова е последниот лет на Антоан Сент-Егзипери, кој никогаш не се враќа и исчезнува без трага.[26][Note 2] Неговото исчезнување станува главен наслов на меѓународно ниво.[27][28] Некое време подоцна, некоја Французинка изјавува дека видела пад на авион близу нејзиниот дом, кој наскоро бил најден близу Марсеј, а телото во авионот било закопано, со претпоставка дека станува збор за Сент-Егзипери.

Алката, најдена во 1998.

Во септември, 1998, Жан-Клод Бјанко, рибар, пронашол јужно од Марсеј, сребрена алка на која биле врежани имињата на Сент-Егзипери и жена му Консуело[29]. Откривањето на алката било емоционален настан во Франција, каде веќе во тоа време Сент-Егзипери бил национална икона, а некои се прашувале за автентичноста на алката бидејќи била најдена далеку од претпоставената летачка траекторија, што имплицира дека авионот не бил соборен.[30] Мај 2000, Лук Ванрел, нуркач, ги нашол остатоците од P-38 расфрлани низ илјадници метри квадратни на морското доно на брегот на Марсеј, каде претходно била најдена алката. Откритието ја разгорило земјата, која со децении го барала возилото и спекулирала за смртта на пилот.[31] По две годишно одложување од страна на француската влада, остатоците од авионот бил преземани во октомври, 2003.[29]

На 7 април, 2004, Патрик Гранжан, тогашниот француски министер за култура заедно со капетанот Фредерик Солано на француските воздушни сили како и неколку истражители од француското подводно арехолошко друштво потврдиле дека најдените остатоци навистина припаѓале на авионот на Егзипери.[32][33] Никакви дупки, ниту знаци од пукање не биле најдени, иако ова е небитно бидејќи само мал дел од авионот бил зачуван.[34] Во јуни, 2004, фрагментите биле дадени на музејот за вселенски објекти во Ле Бурже, Париз, каде животот на авторот е комемориран во посебен излог.[35][36]

Дела[уреди | уреди извор]

Можеби делата на Сент-Егзипери не може да се наречат автобиографски, но сепак најголем дел од нив се инспирирани од неговиот живот како поштески пилот, земајќи го предвид Малиот принц (1943) — несомнено најпродавната книга (продена е во повеќе од 134 милиони примероци низ целиот свет[37], и е втората најпродавна книга во светот после Библијата[38]) — книга која е повеќе поетска и филозофска отколку биографска.

Тој има напишано и други книги, меѓу кои: Јужна пошта (1929), Ноќен лет (1931), Земја на мажи (1939), Воен пилот (1942), Писмо до еден заложник (1944), Белешки од војната (собрани во 1982), и Citadelle (постхумно, 1948). Сите овие романи раскажуваат приказни за некакви патувања во фиктивна, некогаш фантастична форма. Покрај делата наведени подолу, низ годините се објавени и најразлични писма, белешки и дописи на писателот.

Објавен во 1926. Првиот текст на Сент-Егзипери, кој наликува на фрагмент од некакво поголемо дело, кој ќе му послужи како материјал за Јужна пошта.
Објавен во 1929. Преку ликот на Жак Берни, Сент-Егзипери го раскажува своето искуство како пилот. Луиз де Вилморан е прикажана во ликот на Женевиев.
Објавен во декември, 1931. Овој роман напишан како трагедија, носи предговор од Андре Жид, а му носи и награди на Сент-Егзипери кои го запечатуваат неговиот статус како писател. Овој роман доживува неколку преводи, а правата за филмска адаптација се продадени во Холивуд.
Издадена во декември, 1939, книгата се здобива со главната награда на Француската академија. Станува збор за збирка раскази, сведоштва и размисли за чувствата, сеќавањата и случувањата од патувањата на Сент-Егзипери. Станува збор, истовремено, и за омаж на двајца пријатели на Сент-Езгипери, Море и Гијом. Делото е проткаено со една романтичарска визија за добрината на човештвото.
  • Воен пилот
Објавен во 1942.
Напишан во САД, а издаден во 1943 во Њујорк во две верзии (англиска и француска). Во Франција е објавен дури во 1946, две години по неговата смрт.
Приказна за еден пилот чиј авион се урнува во некоја пустина, каде запознава таинствено, нежно момченце.
Поради технички причини, „цртежите на авторот“ кои се репродуцирани во француските верзии се бледа копија на американските оригинали. Некои од деталите се дури променети. Изданието од 1999[39] е првото издание кое е веродостојно на оригиналот, со подобар уметнички и технички квалитет иако во помал формат.
  • Писмо до еден заложник
Издадено во 1944.
Издаден во 1948. Во 1936 Сент-Егзипери почнува со пишување, но никогаш не го завршува. Првото издание е скратена верзија од планираниот оригинал. Целиот ракопис е достапен дури во 1958 и повеќе ја доловува целоста на првичната идеја на Сент-Егзипери.
  • Писма од младоста (1923-1931)
Објавени во 1953. Ново издание во 1976 под насловот Писма од младоста до измислен пријател.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Webster (1994), стр. 12.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Saint-Exup.C3.A9ry.com-b.
  3. Schiff (2006), стр. ix.
  4. Schiff (1996), стр. 61–62.
  5. Schiff (1996), стр. 80.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NewYorkTimes-1995.04.21.
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Saint-Exup.C3.A9ry.com-a.
  8. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Guardian-2010.04.09.
  9. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Ibert.
  10. Schiff (1994), стр. 210.
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Guardian-2000.06.24.
  12. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Nelly.
  13. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NewYorkTimes-2000.06.25.
  14. Schiff (1996), стр. 258.
  15. 15,0 15,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Schiff-1996a.
  16. Schiff (1996), стр. 263.
  17. Schiff (2006), стр. 258.
  18. Schiff (2006), стр. 180.
  19. Cate (1970).
  20. Schiff (2006), стр. 423.
  21. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Time-1944.08.14.
  22. Schiff (2006).
  23. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име BBC-2004.08.07.
  24. Schiff (2006), стр. 430–433, 436–437.
  25. Schiff (2006), стр. 430.
  26. Schiff (2006), стр. 402–451.
  27. Schiff (2006), стр. 434–438.
  28. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Time-1944.08.142.
  29. 29,0 29,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име CDNN.
  30. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Independent-2000.05.28.
  31. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име AgenceFrancePress-2004.04.07.
  32. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име AgenceFrancePress-2004.04.072.
  33. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Globe.26Mail-2004.04.08.
  34. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Aero-relic.
  35. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име LeMonde-2008-03-15.
  36. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име MuseeAireSpace.fr-a.
  37. Article sur lepoint.fr.
  38. Jean-Philippe Ravoux, Donner un sens à l'existence, ou pourquoi Le Petit Prince est le plus grand traité de métaphysique du Шаблон:XXe siècle.
  39. Notice BnF.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „Note“, но нема соодветна ознака <references group="Note"/>, или пак недостасува завршно </ref>.