Ѓермо

Координати: 42°3′6″N 20°58′5″E / 42.05167° СГШ; 20.96806° ИГД / 42.05167; 20.96806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 08:54, 24 февруари 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Демографија: Форматна исправка, replaced: стр.2 → стр. 2)
Ѓермо
Ѓермо во рамките на Македонија
Ѓермо
Местоположба на Ѓермо во Македонија
Ѓермо на карта

Карта

Координати 42°3′6″N 20°58′5″E / 42.05167° СГШ; 20.96806° ИГД / 42.05167; 20.96806
Општина Тетово
Население 962 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28026
Ѓермо на општинската карта

Атарот на Ѓермо во рамките на општината
Ѓермо на Ризницата

Ѓермо — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Историја

Според турски документи од 1626-1627 година село Гермоној се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 19 македонски семејства (ханиња). Во XIX век Ѓермо веќе било наполно албанско село во Тетовска каза.

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѓермо живееле 165 жители, сите Албанци.[2]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Ѓермо — село во Џепчишка општина (со центар во Порој) и има 80 куќи со 480 жители Албанци.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 962 жители, од кои 960 Албанци и 2 останати.[4]

Родови

Ѓермо денес е албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Матњан (40 к.) името го добиле по областа од која се доселиле. А тоа е областа Матија во северна Албанија. Од старото место дошле преку Метохија и некои околни тетовски села. Имаат роднини во селото Вешала; Аскалар (19 к.) доселени се од местото Хаса во северна Албанија. Овде се доселени во првата половина на XIX век. Имаат иселеници во Тетово; Топојани (26 к.) доселени се од селото Топојани во Љума, северна Албанија; Вешалар (8 к.) доселени се од селото Вешала. Подалечно потекло од северна Албанија; Зрза (5 к.) името го добиле по селото од кое се доселиле. А тоа било селото Зрза, помеѓу Призрен и Ѓаковица. Подалечно потекло од Албанија; Лучалар (2 к.) доселени се од некое село Луч во северна Албанија; Шеерли (2 к.) доселени се од Тетово. Подалечно потекло од северна Албанија.[5]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 1999 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 754 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Од старите православни родови иселени од селото се знае за Терзинци, иселени во Непроштено.[5]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 210.
  3. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 22.
  4. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 март 2016.
  5. 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски