|
Избрана статија за оваа седмица
|
Гоце Делчев (1872-1903) бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.
Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.
Учествувал на Солунскиот конгрес на кој била усвоена нова идеологија и стратегија во дејствувањето. Со Ѓорче Петров ги изработиле новиот Устав и Правилник на Организацијата.
Делчев бил посветен на функционирањето на тајните канали, курирската служба, тајната пошта, обезбедувањето материјални средства и снабдувањето на Организацијата со оружје, со муниција, со револуционерна литература и со весници. (Дознајте повеќе...)
|
|
На денешен ден…
|
Денес е 31 јануари 2012 г.
Настани:
Родени:
| 1624 |
Арнолд Гелинкс, фламански философ и следбеник на Декарт |
| 1797 |
Франц Шуберт, значаен претставник на музичкиот романтизам и најголем композитор на соло песната. |
| 1841 |
Лаза Костиќ, српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика. |
| 1911 |
Баба Ванѓа, позната јасновитка. |
| 1921 |
Марио Ланца, американски тенор и филмска ѕвезда. |
| 1927 |
Ацо Караманов, македонски поет и борец. |
| 1943 |
Ристо Василевски, македонски поет, есеист, критичар, преведувач. |
| 1969 |
Ивана, бугарска пејачка. |
| 1981 |
Џастин Тимберлејк, американска поп-музичар и актер. |
| 1982 |
Елена Папаризу, грчка пејачка. |
| 1985 |
Каломира, грчка пејачка. |
Починале:
|
|
|
|
Други области
|
- Помош за нови соработници — Место за добивање на помош околу уредувањето и за снаоѓање по Википедија.
- Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Биро за консултации — Служејќи како виртуелни библиотекари, нашите доброволци даваат одговори на вашите прашања од многу области.
- Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на над 250 други јазици.
|
|