Портал:Семрежје

Од Википедија — слободната енциклопедија
уреди   

СЕМРЕЖЈЕ

Семрежје или интернет (од англиски: Internet = „меѓумрежа“) — јавно достапен систем на меѓусебно поврзани сметачки мрежи од целиот свет, кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество протоколи означено како TCP/IP. Семрежјето се состои од голем број мали и големи, домашни, деловни владини и невладини мрежи, кои што заедно пренесуваат различни информации и услуги, како електронска пошта, директен разговор, како и меѓусебно поврзани мрежни места и други документи од Пајажината (Светска Пајажина - World Wide Web / WWW ). Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана статија

Асиметрична дигитална претплатничка линија (Asymmetric Digital Subscriber Line) или АДСЛ (ADSL) е облик на ДСЛ, технологија за комуникација на податоци која врши пренос на истите преку бакарна телефонска жица преку модем.

Разликата помеѓу АДСЛ-от и другите xДСЛ-и e во тоа што протокот на информации во една насока е поголем од протокот во друга, т.е. во тоа што е асиметричен. Затоа АДСЛ-от се користи за пасивно користење на семрежјето: со можност за брзо „преземање“, но не и подигање.

Постојат технички и маркетиншки причини зошто АДСЛ-от е чест вид на семрежјето насекаде. Од технички причини, поверојатно е да има пречки од страната на други кола како ДСЛАМ (каде жиците од повеќе локални јазли се близу една од друга) отколку во просториите на корисниците. Затоа сигналот за подигање е најслабиот и најбучниот дел од локалниот јазол, додека преземачкиот сигнал е најјакиот и најбучниот дел. Прочитајте повеќе

уреди   

Дали сте знаеле...

уреди   

Категории

уреди   

Избрано мрежно место

Zapoznaj.se е семрежна служба на македонски јазик за друштвено вмрежување што им овозможува на членовите создавање единствен личен профил на семрежјето, со цел да ги пронајдат и да комуницираат со старите и да запознаат нови пријатели.

Членовите можат да додаваат музика и видео клипови во профилот како и во музичката или видео галеријата. Освен тоа, прилагодување на профилот, како менување на позадината и фонтот на профилите, блог, создавање и учествување во групи, форуми и анкети, гласање одделно за профили, слики, слики во галерија, музика и видео клипови, огласи, IT, разговори. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана слика

Графичко прикажување на мрежата на светската пајажина во една секунда


уреди   

Работи кои може да ги направиш

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Семрежјето на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)