Одржливост

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Одржливоста во општа смисла е способноста да се поддржи, одржи или издржи. Од 1980-тите години човековата одржливост е поврзана со интеграцијата на еколошки, економски и општествени мерки кон глобалното управување и одговорното раководење со ресурсите. Во екологијата, одржливоста опишува како биолошките системи остануваат разновидни, стабилни и продуктивни со текот на времето, неопходен предуслов за доброто на луѓето и на другите организми. Долговечните и здрави мочуришта и шуми се примери за одржливи биолошки системи. Одржливите екосистеми и средини овозможуваат важни ресурси и процеси (познати како “услуги на екосистемот”). Постојат два главни начини за управување на човековото влијание врз услугите на екосистемот. Еден приод е управувањето со животната средина, овој приод е основан главно врз база на информациите добиени од специјалистите за земни наука, од специјалистите за животната средината како и од специјалистите за заштитна биологија. Друг приод е управување со потрошувачката на ресурси, кој главно е основан врз база на информации добиени од специјалистите по економија. Човековата одржливост се поврзува со економијата преку трговските последици од економската активност. Движењето кон одржливоста (или применета одржливост) додека квалитетот на живот се одржува на високо ниво е социјален предизвик, кој меѓу другото, повлекува меѓународно и државно право, урбанистичко планирање и транспорт, локален и индивидуален начин на живот и етичка потрошувачка. Методите за одржливо живеење може да завземат многу облици, од уредување на условите за живеење (на пример еко села, еко општини, одржливи градови) до преиспитување на работните практики ( на пример со користење на пермакултура, зелени градби, обновливо земјоделие), или развивање и применување на нови технологии кои ќе ја намалат потрошувачката на ресурсите како што се технологиите за обновлива енергија.

Дефиниција[уреди]

Историја на одржливоста[уреди]

Принципи и концепти[уреди]

 ===== Размер и контекст =====
===== Потрошувачка - население, технологија, ресурси =====

Мерење[уреди]

=====Население ===== 
=====Капацитет за носивост на земјата =====
=====Општо човеково влијание врз биолошката разноликост =====

Еколошка димензија[уреди]

=====Управување со животната средина =====
=====Управување на човековата потрошувачка =====

Економско значење[уреди]

 =====Раздвојување на деградацијата на животната средина и економскиот раст =====
 =====Природата како дел од економското опкружување =====
 =====Економска можност =====

Општествено значење[уреди]

 =====Мир, безбедност, општествена правда =====
 =====Сиромаштија =====
 =====Човековиот однос кон природата =====
 =====Човечки населби =====

Дефиниција Зборот одржливост потекнува од латинскиот збор sustinere (tenere, да држи; sus, горе). Речниците нудат повеќе од десет значења за зборот одржување, главните се “поддршка” или “издржливост”. Како и да е, од 1980-тите години одржливоста повеќе се користела во смисла на човековата одржливост на планетата Земја, и ова резултирало во најмногу користената дефиниција за одржливост како дел од концептот за одржлив развој, кој од Брунтланд Комисијата на ОН на 20-ти март 1987 година бил дефиниран како: "Одржлив развој е развој што ги задоволува потребите на сегашноста, без да ја компромитира можноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби." На Светскиот Самит за социјален развој во 2005-та година било истакнато дека е потребно усогласување на заштитата на животната средина, социјалната еднаквост и економските барања – “трите столбови” на одржливоста. Ова гледиште било изразено како илустрација со користење на три елипси кои се преклопувале, кои укажувале дека трите столбови на одржливоста меѓусебно не се исклучуваат и може меѓусебно да се надополнат. Трите столбови служеле како заедничка основа за бројни системи за стандарди за одржливост и сертификација во последниве години, посебно во прехранбената индустрија. Стандарди кои денес експлицитно се однесуваат на тројната крајна линија вклучуваат Rainforest Alliance, Fairtrade и UTZ Certified. Тројната крајна линија исто така е призната и од ISEAL Alliance – глобалната асоцијација за социјални и еколошки стандарди. Одржливиот развој како што е дефиниран од страна на ОН не е универзално прифатен и има претрпеno различни интерпретации. Што е одржливост, кои треба да бидат целите на одржливоста и како ќе се постигнат тие цели се прашања кои се отворени за интерпретација. За многу еколози “одржливиот развој” е оксиморон - бидејќи се чини дека развојот повлекува деградација на животната средина. Еколошкиот економист Херман Дали го поставил прашањето “каква е ползата од пилана ако не постои шума?” Од оваа гледна точка економијата е подсистем на човековото општество, кое и самото е подсистем на биосферата, и добивката во една област значи загуба во друга. Ова може да се илустрира со три концентрични круга, во кои економијата се третира како една од многуте области кои вклучуваат политика и култура. Универзално прифатена дефиниција за одржливоста се уште не постои, бидејќи треба да биде научна и поткрепена со факти, јасна изјава за една специфична "дестинација". Едноставната дефиниција "одржливост е подобрување на квалитетот на човечкиот живот, се додека се живее во рамки на капацитетот на поддршка на еко-системот", иако нејасна, ја пренесува идејата дека одржливоста има квантитативни лимити. Но одржливоста исто така е повик за акција, задача во тек или “патување” а според тоа и политички процес, па некои дефиниции поставуваат заеднички цели и вредности. Повелбата на Земјата зборува за “одржливо глобално општество основано врз почит кон природата , универзалните човекови права, економската правда и култура на мир.” Како дополнителна компликација, зборот одржливост не се користи само за човековата одржливост на Земјата, туку и за многу други ситуации и контексти, за многу мерки за простор и време, од мала локална па се до глобална рамнотежа за производство и потрошувачка. Подразбира одговорно и проактивно донесување на одлуки и иновација која го минимизира негативното влијание и ја одржува рамнотежа меѓу социјалниот, еколошкиот и економскиот раст за да обезбеди посакувана планетата за сите живи суштества сега и во иднина. Исто така може да се однесува и само на некоја идна намера: “одржливото земјоделство” не се однесува неопходно само на моменталната состојба, туку и на целите за иднината, на предвидувањето. Поради сите овие причини, одржливоста се забележува во една крајност како ништо повеќе од обичен збор кој добро звучи, со мало значење и важност, а во друга крајност како значаен но ненасочен концепт како “слобода” или “правда”. Исто така овој поим се опишува како “дијалог на вредности кој пркоси на консензуална дефиниција”. Некои истражувачи и институции истакнале дека овие три димензии не се доволни за да се изрази сложеноста на сегашното општество и предложиле да се вклучи и културата во овој модел за развој. Една нова алтернатива на трите столба е концептот на кругови на одржливост. Овој концепт најпрво прашува зошто економијата се третира или како посебен дел од општеството (на вен дијаграмот со три круга) или како дел со централно значење за општеството (на дијаграмот со три круга). Второ, прашува зошто другите области се третираат како надворешни за економските фактори. Овој алтернативен пристап денес се користи од голем број на агенции, како што е програмата на ОН за Глобални Компактни Градови.

Историја на одржливоста Историјата на одржливоста ги следи еколошките системи во кои доминирал човекот од најраната цивилизација па се до денес. Оваа историја се карактеризира со зголемен регионален успех на одредено општество, придружено со кризи кои или биле решени и воделе кон одржливост, или не биле решени и воделе кон пад. Во раната човечка историја, употребата на оган и желбата за одредена храна веројатно го изменила природниот сотав во растителните и животинските заедници. Пред околу 8 000 до 10 000 години се појавиле аграрни општества кои во голема мера зависеле од животната средина и од создавањето на “структура на постојаност”. Западната индустриска револуција од 18-тиот и 19-тиот век навлегла во огромниот потенцијал за примена на енергијата од фосилните горива. Јагленот се користел како гориво за сите ефикасни мотори, а подоцна и за производство на електрична енергија. Денешните санитарни системи и напредокот во медицината го заштитуваат бројното население од зарази. Во средината на 20-тиот век, на еден собир на еколошко движење се посочило дека постојат последици по околината поврзани со многуте материјални бенифиции кои сега се уживаат. Кон крајот на 20-тиот век, еколошките проблеми се зголемиле во глобални размери. Кризата за енергија од 1973 и 1979 го посочила нивото до кое глобалната заедница е зависна од необновливите извори на енергија. Во 21-виот век, постои зголемување на глобалната свест за заканата од ефектот на стаклена градина, предизвикана од човекот главно со сечење на шумите и согорувањето на фосилните горива.

Принципи и концепти Филозофската и аналитичката рамка на одржливоста влијаат и се поврзуваат со многу различни дисциплини и области; пред неколку години се појавила гранка наречена наука за одржливоста. Науката за одржливоста сеуште не е самостојна гранка или независна дисциплина, но има тенденција да биде водена од проблеми и насочена кон донесувањето на одлуки. Размер и контекст Одржливоста се проучува и управува на многу различни нивоа ( нивоа или рамки на референца) за простор и време и во многу контексти од економско, еколошко и општествено уредување. Фокусот варира од вкупниот капацитет (одржливоста) на планетата Земја до одржливоста на економските сектори, екосистемите, земјите, општините, соседствата, домашните градини, личните животи, личните добра и услуги, професиите, начинот на живот , начините на однесување итн. Накратко, може да ги опфати сите биолошки и човечки функции или било кој дел од нив. Како што изјавил авторот и екологистот Даниел Боткин: “Гледаме пејзаж кој постојано е во движење, пејзаж кој постојано се менува низ времето и просторот.”

Потрошувачка - население, технологија, ресурси Главен причинител за човековото влијание врз природните системи на Земјата е уништувањето на биофизичките ресурси, а особено уништувањето на екосистемите. Еколошкото влијание на заедницата или на човештвото како целина зависи и од населението и од влијанието на поединците, кои пак на сложен начин зависат од тоа какви ресурси се користат, дали тие ресурси се обновливи, и степенот на човековата активност во однос на носечкиот капацитет на екосистемите кои се засегнати. Внимателното управување со ресурсите може да се примени во многу области, од економските сектори како земјоделието, производството и индустријата, до работните организации, потрошувачката на домаќинствата и индивидуите и до барањата за ресурси за индивидуални добра и услуги. Еден од првите обиди математички да се изрази човековото влијание бил развиен во 1970-тите и е наречен IPAT формула. Оваа формулација се обидува да ја објасни човековата потрошувачката во однос на три компоненти: број на население, ниво на потрошувачка (што означува “изобилство”, иако примената е различна ) и влијанието по единица мерка од употребата на ресурси (што е наречено “технологија” бидејќи ова влијание зависи од применетата технологијата). Равенката е:

       I = P × A × T
       Каде I = Еколошко влијание, P = Популација, A = Изобилство, T =  Технологија

Мерење Мерењето на одржливост е термин кој ги означува мерилата кои се користат како количински основи за познатите управувања на одржливливоста. Метриката која се користи за мерење на одржливоста (вклучувајќи ја одржливоста во еколошките, општествените и економските области, како поединечно така и во различни комбинации) опфаќа: вклучување на индикатори, референти точки, ревизија, системи за стандарди за одржливост и сертификација како што се Organic и Fairtrade, индекси и сметководство, како и проценка, оценка и други системи за известување. Се применуваат врз широк опсег на просторни и временски мерки. Во некои од најпознатите и најупотребуваните мерки за одржливост се вклучени корпоративни извештаи за одржливост, сметководство на Тројната Крајна Линија, Светското Здружение за Одржливост и проценка на квалитетот на управање со одржвливоста на поединечни земји со користење на Индекс на Еколошка Одржливост и Индекс на Еколошки Перформанси.

Население Според ревизијата од 2008 година на официјалните пресметки и прогнози за населението на ОН, се предвидува дека светското население ќе достигне бројка од 7 милијарди на почетокот во 2012, зголемување во однос на тековните 6.9 милијарди (Мај 2009), и ќе се зголеми на 9 милијарди луѓе до 2050 година. Најголемо зголемување на популацијата ќе има во земјите во развој чија популација се предвидува дека ќе се зголеми од 5.6 милијарди во 2009 на 7.9 милијарди во 2050 година. Ова зголемување ќе се подели меѓу населението на возраст помеѓу 15 и 59 години (1.2 милијарди) и 60 или повеќе (1.1 милијарда) бидејќи се предвидува дека бројот на деца под 15 години во земјите во развој ќе се намали. Од друга, страна се очекува населението на поразвиените земји да има само мал пораст од 1.23 милијарди на 1.28 милијарди, овој број би опаднал на 1.15 милијарди но поради предвидена нето миграција од земјите во развој во развиените земји се очекува просек од 2.4 милиони жители годишно од 2009-та до 2050-та година. Долгорочни пресметки за светското население извршени во 2004-тата година сугерираат најголем број на жители ќе има некаде околу 2070 година, од 9 до 10 милијарди луѓе, и потоа оваа бројка ќе се намали на 8.4 милијарди до 2100-та година. Економиите во развој како оние на Кина и Индија се стремат кон животниот стандард на западниот свет, како што се стремат и сите земји од неиндустријализираниот свет во целина. Тоа е комбинација од пораст на населението во земјите во развој и неодржливи нивоа на потрошувачка во развиениот свет, кои претставуваат тежок предизвик за одржливост.

Капацитет за носивост на земјата На глобално ниво, научните податоци покажуваат дека луѓето живеат над можноста за издршка на планетата и дека ова не може да продолжи бесконечно. Овој научен доказ доаѓа од многу извори, но детално е претставен во Милениумската Проценка на Екосистемот и теоријата за планетарните ограничувања. Рано детално истражување за глобалните граници било објавено во книгата од 1972 година Граници на Пораст, која предизвикала понатамошни коментирања и анализи. Една преглед за 2012 во Nature направен од 22 интернационални истражувачи изразува загрижување дека можеби земјата се “доближува кон промена на состојбата” во биосферата. Еколошкиот отпечаток ја мери потрошувачката на човекот во поглед на биолошки продуктивната земја која е потребна за создавање на ресурси и за апсорбирање на отпадоците на просечниот граѓанин. Во 2008 година биле потребни 2.7 глобални хектари по човек, 30% повеќе од природниот биолошки капацитет од 2,1 глобални хектари (не земајќи ги во предвид залихите за другите организми). Резултантниот еколошки дефицит треба да се надополни со неодржливи дополнителни извори и истите се добиваат на 3 начини: вгнездени во добрата и услугите на светската трговија; земени од минатото (на пример фосилни горива) или позајмени од иднината како неодржливо користење на ресурсита (на пример преискористувањето на шумите и рибниците). Сликата (десно) ја прикажува одржливоста на ниво на индивидуални земји, споредувајќи го нивниот еколошки отпечаток со нивниот индекс на човечки развој според ОН (мерка на животниот стандард). Графикот покажува што е неопходно за земјите да одржат прифатлив животен стандард за нивните жители и истовремено да го запазат одржливото користење на ресурсите. Општо правило е тоа дека повисокот стандард на живот станува се помалку одржлив. Како и секогаш, порастот на населението има јасно влијание врз степенот на потрошувачката и ефикасноста на користењето на ресурси. Целта на одржливоста е да го покачи глобалниот животен стандард без да се зголеми користењето на ресурси над глобалното ниво на одржливост. Информациите добиени од извештаите на национално, регионално и градско ниво го потврдуваат глобалниот тренд дека општествата стануваат се помалку одржливи со тек на времето.

Општо човеково влијание врз биолошката разноликост На основно ниво протокот на енергија и биогеохемиските циклуси поставуваат повисока граница за бројот и мноштвото на организми во секој екосистем. Човековите влијанија на Земјата општо се одразуваат преку штетни промени во глобалните биогеохемиски циклуси на хемикалиите кои се неопходни за живот, особено оние за вода, кислород, јаглерод, азот и фосфор. Милениумската Проценка на Екосистемот е меѓународна синтеза изведена од преку 1000 од водечките светски научници која ја анализира состојбата на екосистемите на Земјата и поставува заклучоци и упатства за оние кои донесуваат одлуки. Според оваа проценка, се смета дека човековата дејност има значително и зголемено влијание врз биолошката разноликост на екосистемите во светот, намалувајќи ја нивната отпорност и биолошка функција. Извештајот ги третира природните системи како “системи за поддршка на животот” на човештвото обезбедувајќи неопходни “екосистемски услуги”. Проценети се 24 екосистемски услуги од кои само 4 покажале подобрување во последните 50 години, 15 се со сериозно влошена состојба и 5 од нив се во критична состојба.

Еколошка димензија Здравите екосистеми обезбедуваат витални добра и услуги за луѓето и другите организми. Постојоат два главни начини за намалување на нагативното човеково влијание и подобрување на екосистемските услуги. Првиот е управување со животната средина. Овој директен пристап главно се заснова на информациите добиени од земните науки, еколошките науки и конзервативната билогија. Сепак, ова е управување на крајот од долга серија на индиректни причински фактори кои се предизвикани од човековата потрошувачка, па вториот пристап е преку управување на побарувачката за употреба на човековите ресурси. Управувањето на човековата потрошувачка на ресурси е индиректен пристап кој во голема мера се базира на знаењата добиени од економијата. Херман Дејли предложил три општи критериуми за еколошка одржливост: обновливите извори на енергија треба да обезбедат одржлив принос (стапката на жетвата не треба да ја надмине стапката на регенерација); за необновливите ресурси треба да има еквивалентен развој на обновлива замена; стапката на создавање на отпад не смее да го надмине капацитетот за апсорбција на животната средина.

Управување со животната средина На глобално ниво и во најширока смисла управување со животната средина ги вклучува океаните, системите за свежа вода за пиење, почвата и атмосферата, но со следење на скалата за одржлив принцип, управувањето може еднакво да се примени во било кој екосистем тргнувајќи од тропска дождовна шума до домашна градина.

Атмосфера На средбата на Климатскиот Совет во Копенхаген во Март 2009 година, група од 2.500 климатски експерти од 80 земји дале клучна изјава дека веќе нема оправување за неуспехот да се делува на глобално затоплување и дека без брзо и ефикасно намалување на јаглеродот, ќе настанат "нагли или неповратни" промени во климата со кои “современите општества тешко ќе се справат”. Управувањето со глобалната атмосфера вклучува проценка на сите аспекти на јаглеродниот циклус за да се идентификуваат можностите за решавање на проблемите со климатските промени предизвикани од човекот и ова прашање е поставено во центар на вниманието во научните истражувања поради потенцијалните катастрофални последици врз био разновидноста и врз човечките заедници. Други човекови влијанија на атмосферата вклучуваат загаденост на воздухот во градовите, во загадувачи спаѓаат отровни хемикалии како азотни оксиди, сулфурни оксиди, испарливи органски соединенија и воздушни честички кои создаваат фотохемиски смог и кисел дожд, и хлорофлуорокарбонатите кои ја уништуваат озонската обвивка. Антропогени честички како што се аеросолите на сулфат во атмосверата го намалуваат директното зрачење и одбивањето на зраците од површината на Земјата. Познато како глобално затемнување, се проценува дека намалувањето било околу 4% во периодот од 1960-та до 1990-та година, иако трендот подоцна се променил. Глобалното затемнување можеби го нарушило глобалниот воден циклус преку намалување на испарувањето и појавата на дождови во некои области. Исто така создава ефект на разладување со кој делумно се прикрива влијанието на гасовите од стаклената градина врз глобалното затоплување.

Слатка вода и океани Водата покрива 71% од Земјината површина. Од ова 97.5% е солената вода од океаните и само 2.5% е слатка вода, од која поголемиот дел е заробен во ледената покривка на Антарктикот. Остатокот на слатка вода може да се најде во глечерите, реките, езерата, мочуриштата, почвата, водоносните слоеви и во атмосферата. Поради водениот циклус, снабдувањето со свежа вода постојано се обновува со врнежите, но и покрај тоа постои ограничена количина што наложува управување со овој ресурс. Свеста за глобалната важност за зачувување на водата за екосистемските услуги се појавила неодамна, бидејќи во текот на 20-тиот век, повеќе од половина од светските мочуришта пресушиле а со тоа згаснале и нивните вредни еколошки услуги. Зголемената урбанизација ги загадува залихите на чиста вода и во поголемиот дел од светот нема пристап до чиста и безбедна вода за пиење. Сега поголем акцент се става на подобрување на управувањето со сина (питка) и зелена (вода од почвата погодна за вадење) вода и ова се однесува на сите нивоа на управување со водите. Шаблоните на струење на океаните имаат големо влијание врз климата и времето а со тоа и врз залихите на храна за луѓето и за другите организми. Научниците предупредиле дека, под влијание на климатските промени, може да дојде до ненадејна промена во шаблоните на циркулација на океанските струи што драстично може да влијае врз климата во некои региони во светот. Десет проценти од светското население, околу 600 милиони луѓе, живат во ниски области каде што има опасност од пораст на морското ниво.

Користење на земјиштето Загубата на биолошката разновидност главно произлегува од губењето на живеалиштата и поделбата предизвикана од страна на човековото присвојување на земјиштето за развој, шумарството и земјоделието од природен капитал постепено се претвориле во човечки-создаден капитал. Промената во употребата на земјиштето е фундаментална за процесите на биосферата бидејќи промените во релативни размери на земјиштето наменето за урбанизација, земјоделие, шуми, шумски предели и пасишта имаат значаен ефект на водата, јаглеродниот и азотниот биогеохемиски циклус и ова може негативно да влијае на човековите и на природните системи. На локалната човечка скала, главните бенифиции од одржливоста произлегуваат од одржливи паркови и градини, како и од зелени градови. Од Неолитската револуција околу 47% од светските шуми се уништени за човечка употреба. Во денешно време шумите зафаќаат приближно една четвртина од незамрзнатата површина на земјата, од кои половина се наоѓаат во тропските предели. Во умерните и северните региони шумската површина постепено се зголемува (со исклучок на Сибир), но уништувањето на шумите во тропските предели е главна причина за загриженост. Храната е неопходна за живот. Хранењето на повеќе од 7 милијарди луѓе има тешки последици врз Земјините ресурси. Ова започнува со присвојување на околу 38% од Земјината површина и 20% од нејзиното нето основно производство. Покрај ова постојат и активностите на индустрискиот агробизнис кои бараат ресурси - почнувајќи од водата потебна за наводнување на жетвата, вештачкото ѓубриво и пестицидите па се до трошокот на ресурси за пакување на храната, транспортот (кој сега е главен дел од глобалната трговија) и продажбата на мало. Еколошките проблеми поврзани со индустриското земјоделство и агробизнисот сега се насочени кон движења како одржливо земјоделство, органско земјоделство и повеќе одржливи бизнис практики.

Управување на човековата потрошувачка Главна причина за директното човеково влијание врз животната средина е човековата потрошувачка. Ова влијание може да се намали не само со помала потрошувачка, туку и со правење на процесите на производство, користење и трошење повеќе одржливи. Потрошувачката на добра и услуги може да се анализира и управува на сите нивоа преку ланецот на потрошувачка, почнувајќи со влијанието на индивидуалниот избор за начин на живот и шаблоните на потрошувачка, преку потребата на ресурси за одредени добра и услуги, влијанието на економските оддели, преку националните економии се до светската економија. Анализата на видовите на потрошувачка го поврзува користењето на ресурсите со еколшките, социјалните и економските влијанија на нивото или контекстот што се истражува. Идеите за пресметано користење на ресурсите (вкупните ресурси потребни за производство на некој производ или услуга) интензитетот на ресурсите и нивната продуктивност се важни алатки за разбирањето на влијанието на потрошувачката. Главни видови на ресурси кои се потребни за човекот се храна, енергија, материјали и вода. Во 2010-та година, Меѓународната Комисија за Ресурси предводена од Програмата за животна средина на Обинетите Нации (UNEP), ја издала првата глобална научна проценка за влијанието од потрошувачката и производството и ги утврдила акциите од најголем приоритет за развиените земји и земјите во развој. Студијата покажала дека повеќето критични влијанија се поврзани со здравјето на екосистемот, човековото здравје и со исцрпувањето на ресурсите. Од гледна точка на производство, утврдено е дека процесот на согорување на фосилните горива најмногу влијае на земјоделието и риболовот. Од гледна точка на краен потрошувач, утврдено е дека потрошувачката на домаќинствата во однос на превоз, живеалиште, храна и производи кои користат енергија предизвикува повеќе влијанија од животниот стил врз потрошувачката.

Енергија Сончевата енргија, складирана од растенијата (примарните производители) во процесот на фотосинтеза, се пренесува преку синџирот на исхрана на другите организми за конечно да им даде енергија на сите живи процеси. Од индустриската револуција концентрираната сончева енергија, складирана во фосилизираните растенија како фосилни горива е главен причинител за технологијата, која подоцна станала главен извор за економска и политичка моќ. Во 2007-та година климатските научници од IPPC заклучиле дека постои најмалку 90% веројатност дека зголемувањето на CO2 во атмосферата е предизвикано од човекот, најмногу како резултат на испуштање на фосилни горива, а во помал степен и како резултат на промените во употребата на земјиштето. За стабилизирање на светската клима ќе биде потребно земјите со висок приход да ја намалат нивната емисија за 60% до 90% од 2006-та до 2050-та година, што би требало да го одржи нивото на CO2 на 450–650 ppm (честички во милион) од сегашното ниво од приближно 380 ppm. Над ова ниво, температурите може да се зголемат за повеќе од 2°C и да се предизвикаат “катастрофални” климатски промени. Намалувањето на сегашното ниво на CO2 мора да се постигне покрај зголемувањето на светската популација и покрај аспирациите на земјите во развој за интензивна висока потрошувачка на енергија како во западните земји. Намалувањето на емисијата на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, се решава во сите размери, почнувајќи од следење на текот на јаглеродот преку јаглеродниот циклус до комерцијализација на обновливите извори на енергија, развивајќи помалку јаглерод-гладни технологии и транспортни системи и обиди од страна на поединци да водат јаглерод-неутрален начин на живот преку следење на употребата на фосилните горива присутни во сите стоки и услуги што ги користат.

Вода Безбедноста на водата и безбедноста на храната се неразделно поврзани. Во деценијата од 1951 до 1960 година користењето на вода од страна на човекот било за четири пати зголемено во однос на претходната деценија. Овој брз пораст бил последица на развојот на науката и технологијата кои влијаеле преку економијата - посебно заради зголемување на наводнуваното земјиште, растот на индустрискиот и енергетскиот сектор и интензивната изградба на брани на сите континенти. Ова го променило водниот цуклус на реките и езерата, влијаело на квалитетот на водата и имало значајно влијание на глобалниот воден циклус. Денес речиси 35% од водата која ја употребува човекот е неодржлива, што води кон намалување на водоносните слоеви и намалување на тековите на големите реки: овој процент веројатно ќе се зголеми ако влијанијата на климатските промени станат посериозни, со раст на населението, постепено исцрпување на подземните водотеци и ако залихите станат загадени и нехигиенски. Од 1961 година до 2001 година побарувачката за вода двократно се зголемила, употребата во земјоделството се зголемила за 75%, во индустријата за повеќе од 200% и употребата во домаќинствата за повеќе од 400%. Во 1990-тите било проценето дека луѓето користеле 40-50% од глобално достапната свежа вода во приближна пропорција од 70% за земјоделство, 22% за индустрија, и 8% за домашни потреби со постепено зголемување на вкупната употреба. Ефикасното управување со водата на глобално ниво се подобрува преку зголемено управување на побарувачката, подобрена инфраструктура, подобрена продуктивност на водата во земјоделството, минимизирање на интензитетот на вода (составна вода) во добрата и услугите, решавање на недостатоците во неиндустријализаните земји, концентрирано производство на храна во области со висока продуктивност и планирање за климатски промени. На локално ниво, луѓето придонесуваат за штедењето на водата преку наводнување со дождовницата и намалување на употребата на водата од водоводот.

Храна Американската асоцијација за здравјето на јавноста (APHA) го дефинира “одржливиот систем за исхрана” како “систем кој обезбедува здрава храна кој ги задоволува сегашните потреби при истовремено одржување на здрави екосистеми кои ќе обезбедат храна за идните генерации со минимални негативни последици врз животната средина. Еден одржлив систем за исхрана исто така се залага за инфраструктурата на локалното производство и дистрибуција, обезбедува достапна здрава храна, по цена која може секој да си ја дозволи. Покрај тоа, човечки и праведно е да се заштитат земјоделците и другите работници, потрошувачите и заедниците.“ Грижите за влијанието на агробизнисот врз животната средина, како и големиот контраст помеѓу проблемите со прекумерна тежина во западните земји и сиромаштијата и недостатокот на храна во земјите во развој, придонеле за силно движење кон здрава, одржлива исхрана како главна компонента на вкупната етичката потрошувачка. Ефектите врз животната средина од различните видови на исхрана зависат од многу фактори, вклучувајќи го односот на конзумирана растителна и животнска храна и начинот на производство на храна. Светската здравствена организација издала извештај за глобална стратегија за исхрана, физичка активност и здравје, кој бил прифатен од Светското здравствено собрание во мај 2004-та година. Во овој извештај се препорачува медитеранската диета која е поврзана со здравје и долг живот и е со мали количини на месо, богата со овошје и зеленчук, мали количини на шеќер, сол и на заситени масни киселини; традиционален извор на масло во медитеранот е маслиновото масло, богато со мононезаситено масло. Јапонската диета е исто така богата со јагленохидрати и е со мали количини на масло. Двете диети се со мали количини на месо и на заситено масло, а богати со мешункасти плодови и други зеленчуци; тие се поврзани со ретка појава на болести и мало влијание врз животната средина. На глобално ниво влијанието врз животната средина на агробизнисот е насочено преку одржливо и органско земјоделство. На локално ниво постојат различни движења кои работат кон локално производство на храна, поефикасно користење на недоволно искористеното земјиште и домашните градини вклучувајќи пермакултура, урбана хортикултура, локана храна, готвена храна, одржливо градинарство и органско градинарство. Одржлива морска храна е морска храна добиена со ловење или одгледување која може да го одржи или зголеми производството во иднина без да да ги загрози екосистемите од кои е добиена. Движењето за одржлива морска храна зазема се поголем замав бидејќи се повеќе луѓе стануваат свесни за прекумерниот риболов и еколошки деструктивните методи на риболов.

Материјали, отровни супстанции, отпад. Со порастот на светската популација и изобилството, се зголемила и употребата на разни материјали во обем, разновидност и транспорт. Ова вклучува суровини, минерали, вештачки хемикалии (вклучувајќи опасни супстанции), производи, храна, живи организми и отпад. Пресметано е дека до 2050-та година човештвото може да конзумира 140 милијарди тони на минерали, руди, фосилни горива и биомаса годишно (три пати повеќе од сегашната количина) доколку стапката на економски пораст не се намали во однос на стапката на потрошувачка на природните ресурси. Граѓаните на развиените земји конзумираат во просек 16 тони од овие четири главни ресурси по глава на жител (достигнувајќи до 40 или повеќе тони по лице во некои развиени земји со ниво на потрошувачка многу поголемо од она што веројатно е одржливо). Одржливото користење на материјали ја иницирало идејата за дематеријализација, претварајќи го линеарниот пат на материјалите (екстракција, користење, исфрлање на отпад) во кружен тек на материјалите кој повторно ги употребува истите материјали колку е можно повеќе, слично како кружењето и повторното користење на отпадот во природата. Овој пристап е поддржан преку управувањето со производите и зголемените анализи за проток на материјалите на сите нивоа, особено за индивидуалните држави и глобалната економија. Употребата на одржливи биоматеријали кои потекнуваат од обновливи извори и можат да се рециклираат се претпочита повеќе од употребата на необновливите материјали од гледна точка на животниот циклус. Производството на синтетички хемикалии се зголемило како последица на стимулот што го добило за време на Втора Светска војна. Производството на хемикалии вклучува се, почнувајќи од хербициди, пестициди, ѓубрива па се до хемикалии во домот и опасни супстанции. Покрај зголеменото испуштање на гасови во атмосверата кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, хемикалии кои предизвикуваат особена загриженост се: тешките метали, нуклеарниот отпад, хлорофлуорокарбонатите, отпорните органски загадувачи и сите штетни хемикалии способни за биоакумулација. Иако повеќето синтетички хемикалии се безопасни, потребно е внимателно тестирање на новите хемикалии, во сите земји, поради негативни еколошки и здравствени последици. Формирано е меѓународно законодавство за справување со глобалната дистрибуција и управувањето со опасните материи. Секоја економска активност произведува материјали кои можат да се класифицираат како отпад. За да се намали отпадот, индустријата, трговијата и владата ја имитираат природата претворајќи го индустриски произведениот отпад во ресурс. Дематеријализацијата е поддржана преку идеите за индустриска екологија, екодизајн и користење на еколошки етикети. Покрај добро познатото “намали, повторно употреби и рециклирај,“ купувачите ја користат нивната куповна моќ за етичка потрошувачка.

Економско значење Од една страна, одржливоста “се однесува на одредување на множеството на активности кои треба да се превземат од страна на денешните генерации за да не се намалат можностите на идните генерации за уживање во степенот на потрошувачка, изобилие, бенифиции или благосостојба што го уживаат луѓето денес.” Одржливоста се поврзува со економијата преку општествените и еколошките последици од економска активност. Одржливост на економија претставува: “...опширно толкување на еколошката економија каде еколошките променливи и проблеми се основни, но се дел од повеќедимензионално гледиште. Општествените, културните, здравствените и монетарните / финансиските аспекти мора да се вклучат во анализата.” Како и да е, концептот за одржливост е многу поопширен од концептите за одржлив принос на благосостојба, ресурси или профитна стапка. Во денешно време, просечната потрошувачка на луѓето по глава на жител во земјите во развој е одржлива, но бројот на населението се зголемува и индивидуите се стремат кон западно-ориентиран начин на живот со висока потрошувачка. Населението во развиените земји незначително се зголемува, но стапката на потрошувачка е неодржлива. Предизвикот на одржливоста е да се стави под контрола и да се управува потрошувачката во западниот свет и истовремено да се подигне стандардот на живот во земјите во развој без притоа да се зголеми користењето на ресурси и влијанието врз животната средина. Ова мора да се оствари преку користење на стратегии и технологии кои ќе ја раскинат врската помеѓу економскиот раст од една страна и уништувањето на околината и исцрпувањето на ресурсите од друга страна. Еден неодамнешен извештај на UNEP предложил “зелена економија” дефинирана како економија која “ја подобрува човековата благосостојба и социјалната еднаквост, додека значително ги намалува ризиците по животната средина и еколошките недостатоци”; која “не поддржува ниту едно политичко гледиште повеќе од друго и се залага за да се минимизира прекумерното трошење на природниот капитал.” Извештајот потенцира три клучни наоди: “дека позеленувањето не само што создава зголемување на изобилието, посебно во поглед на заедничките еколошки придобивки или природниот капитал, но исто така (во период од шест години) создава повисока стапка на раст на бруто домашниот производ”; дека “постои нераскинлива врска помеѓу искоренувањето на сиромаштијата и подобреното одржување и заштита на еколошките добра, што произлегува од приливот на придобивки од природниот капитал кој сиромашните директно го добиваат”; “во преминот кон зелена економија, ќе се создадат нови работни места, што со тек на време ќе ја надмине загубата на работни места во “кафеавата економија”. Но сепак , во транзицијата постои период на губење на работни места, што бара инвестиција во повторно оспособување и повторно образување на работната сила”. Одредени се неколку клучни области за анализа и реформа на економијата: влијанијата врз животната средина од слободниот економски раст; последиците од третирањето на природата како економски извор без граници; како и можноста за економија која во предвид повеќе ќе ги земе општествените и еколошките последици од поведението на пазарот.

Раздвојување на деградацијата на животната средина и економскиот раст Од историска гледна точка постои блиска корелација помеѓу економскиот раст и еколошката деградација: како што растат заедниците, така животната средина се влошува. Оваа тенденција јасно е прикажана на графиконот за бројот на популацијата, економскиот раст и еколошките индикатори. Неодржливиот економски раст често се споредува со малигниот раст на рак, бидејќи ги разјадува екосистемите услуги на Земјата кои претставуваат основа за нејзиниот понатамошен опстанок. Постои загриженост дека, освен ако не се контролира користењето на ресурсите, модерната глобална цивилизација ќе тргне по стапките на древните цивилизации кои пропаднале поради прекумерно користење на основните ресурси. Додека конвенционалната економија во голема мера се занимава со економскиот раст и успешна распределба на ресурсите, еколошката економија има експлицитна цел за одржлив обем (а не постојан развој), поволна дистрибуција и ефикасна распределба, по тој редослед. Светската бизнис комисија за одржлив развој изјавила дека “бизнисот неможе да успее во општества кои пропаѓаат”.Во економска и еколошка област терминот “одвојување” се почесто се употребува во контекст на економско производство и еколошки квалитет. Кога се користи на овој начин, се однесува на способноста на економијата да расте, без притоа да создаде соодветно зголемување на притисокот врз животната средина. Еколошката економија се занимава со проучување и на општествениот метаболизам, капацитетот на ресурсите кои влегуваат и излегуваат од економскиот систем во однос со еколошкиот квалитет. За економијата која е способна да одржи раст на БДП без притоа да предизвика негативно влијание врз животната средина се вели дека е одвоена. Точно како, ако, и до кој степен ова може да се постигне е прашање на многу дебати. Во 2011 комисијата за меѓународни ресурси поддржана од програмата за заштита на животната средина на Обединетите Нации (UNEP), предупредила дека до 2050 година човечката раса годишно би можела да троши 140 милијарди тони на минерали, руда ,фосилни горива и биомаса, три пати повеќе од денешната стапка на потрошувачка, освен ако нациите не направат сериозен обид за одвојување. Извештајот истакнал дека граѓаните на развиените земји конзумираат во просек 16 тони од овие четири клучни ресурси по глава на жител годишно (достигнувајќи до 40 или повеќе тони по лице во некои развиени земји). За споредба, просечниот човек во Индија денес конзумира четири тони годишно. Истражувањата за одржливост анализираат разни начини за намалување на интензитетот на ресурсите (количината на ресурси (како на пример вода, енергија или материјали) потребни за производство, потрошувачка и отстранување на отпадоците по единица на материјални добра или услуги ) без оглед на тоа дали ова ќе се постигне со подобрено економско раководење, со дизајн на производи или со нова технологија. Постојат спротивни ставови за тоа дали усовршувањето на технологијата и иновациите ќе овозможат целосно одвојување на економскиот развој од еколошката деградација. Од една страна, експертите за ефикасност повеќе пати имаат тврдено дека интензитетот на користење на ресурси (како што е користењето на енергија и материјали за единица БДП) во принцип може да се намали за најмалку четири или пет пати, и со тоа да се овозможи непрекинат економски раст без зголемено исцрпување на ресурсите и без соодветно загадување. Од друга страна, една проширена историска анализа за технолошките подобрувања на ефикасноста убедливо покажала дека употребата на енергијата и материјалите за подобрување на ефикасноста скоро секогаш го пречекорува економскиот раст, во голема мера главно поради ефектот на одбивање (конзервација) или Јевонс Парадоксот, резултирајќи со злемена употребата на ресурсите и со загадување. Покрај тоа постојат неразделни термодинамички ( како што е вториот закон на термодинамиката) и практични ограничувања за сите подобрувања на ефикасноста. На пример, постојат одредени минимални материјални побарувања за одгледување на храна, и постојат ограничувања во изработката на автомобили, куќи, мебел и други производи за да бидат полесни и помали без ризик да се загуби можноста за употреба на нивните основни функции. Бидејќи и теоретски и практично е невозможно да се зголемува употребата на ресурси бесконечно, исто така е невозможно да се има постојан и бесконечен економски раст без да биде придружен со зголемено исцрпување на ресурсите и еколошко загадување, односно, економскиот раст до некој степен може да се одвои од исцрпувањето на ресурсите за краток период, но не и на долги стази. Според тоа, долгорочната одржливост бара премин во стабилна економска состојба во која вкупниот БДП останува горе-долу постојан, како што со децении се залагал Херман Дали и други претставници од еколошката економска заедница.

Природата како дел од економското опкружување Економската важност на природата се потенцира со употребата на изразот екосистемски услуги за да се се нагласи влијанието на пазарот врз се повеќе реткиот природен свет кој веќе не може да се нарече бесконечен и слободен. Во принцип, како што удобностите или услугите стануваат се поретки, нивната цена расте, што делува како ограничување кое предизвикува скромност, технички иновации и алтернативни производи. Сепак, ова се однесува само на производите или услугите што спаѓаат во пазарниот систем. Бидејќи екосистемските услуги во главно се сметаат за економско опкружување, тие немаат цена и поради тоа се прекумерно искористени и деградирани, состојба која понекогаш се нарекува “Заедничка Трагедија” Еден пристап за оваа дилема бил обидот да се “присвојат” овие “опкружувања“ со примена на пазарни стратегии како екоданоци и стимулации, продажба на дозволи за јаглерод и охрабрување за плаќање на екосистемските услуги. Валутите на заедниците поврзани со трговските системи за локална размена (LETS), економијата на подароци и временското банкарство исто така се промовирани како начини на поддршка на локалните економии и животната средина. Зелената економија е уште еден пазарен обид за решавање на прашањата за еднаквост и за животна средина. Глобалната рецесија и низа од други владини политики најверојатно ќе го предизвикаат најголемиот годишен пад на јаглерод диоксид во светот во последните 40 години.

Економска можност Третирањето на животната средина како опкружување може да создаде краткорочен профит на сметка на одржливоста. Одржливите бизнис практики од друга страна ги поврзуваат еколошките грижи со општествените и економските (како тројната крајна линија). Развојот кој ги исцрпува екосистемските услуги понекогаш се нарекува “неекономски развој” бидејќи води кон намалување на квалитетот на живот. Со минимизирање на таквиот развој се дава можност за локалните бизниси. На пример, индустрискиот отпад може да се гледа како “економски ресурс на погрешно место”. Придобивките од редуцирањето на отпадот вклучуваат заштедување од трошоците за отстранување, помалку еколошки казни и намалено осигурување од одговорност. Ова може да доведе до зголемување на дел од пазарот заради подобрената јавна слика. Енергетската ефикасност исто така може да го зголеми профитот со намалување на трошоците. Идејата за одржливоста како бизнис можност довела до создавање на организации како Конзорциумот за Одржливост од страна на Друштвото за организациско учење, Институтот за одржливи бизниси и Светскиот совет за одржлив развој. Истражувањето кое се фокусира на напредни корпоративни лидери кои ја вградуваат одржливоста во комерцијалната стратегија дава модел за лидерска компетентност за одржливост. Проширувањето на можностите за одржливите бизниси може да придонесе за создавање на работни места за работниците од тој сектор.

Општествено значење

Проблемите со одржливоста главно се изразени во научна и еколошка смисла, како и во етичка смисла на управување, но воведувањето на промена е општествен предизвик кој бара, покрај другите работи, меѓународно и државно право, урбанистичко планирање и транспорт, локален и индивидуален начин на живот и етичка потрошувачка. Врските помеѓу човековите права и човековиот развој, корпоративната моќ и еколошката правда, глобалната сиромаштија и работата на граѓанинот укажуваат дека одговорно глобално население е неодминлив елемент од она што на прв поглед може да изгледа дека е едноставно прашање на личен и морален избор на потрошувачот.

Мир, безбедност, општествена правда Општествените нарушувања како војна, криминал и корупција ги одземаат ресурсите од оние области кои претставуваат најголеми човечки потреби, го оштетуваат капацитетот на општествата за правење на планови за иднината, и во принцип се закануваат на благосостојбата на човекот и на животната средина. Сеопфатно базирани стратегии за повеќе одржливи општествени системи вклучуваат: развиено образование и политичка еманципација на жените, особено во земјите во развој; поголемо почитување на општествените права, еднаквост помеѓу богатите и сиромашните како во внатрешноста така и помеѓу државите; и меѓугенерациска еднаквост. Исцрпувањето на природните ресурси, вклучувајќи ја и свежата вода, ја зголемува веројатноста за “војна за ресурси”. Овој аспект на одржливоста се нарекува еколошка безбедност и создава јасна потреба за глобална еколошка согласност за управување со ресурсите како што се водоносните слоеви и реките кои ги пречекоруваат политичките граници, и за заштита на заедничките глобални системи како океаните и атмосферата.

Сиромаштија Главна препрека за постигнувањето на одржливост е ублажувањето на сиромаштијата. Општо прифатено е дека сиромаштијата е еден извор на деградацијата на животната средина. Ова е потврдено со Извештајот на Брутланд Комисијата за Нашата Заедничка Иднина и Целите на Милениумскиот Развој. Според извештајот на Брутланд, “сиромаштијата е главна причина и последица од глобалните еколошки проблеми. Поради тоа, залуден е обидот за справување со еколошките проблеми без поширока перспектива која ќе ги опфати причините за светската сиромаштија и меѓународната нееднаквост.” Личностите кои живеат во сиромаштија во голема мера се потпираат на нивните локални екосистеми како извор за основни потреби (како храна и лекови) и општо здравје. Како што бројот на населението продолжува да се зголемува, се зголемува притисокот врз локалните екосистеми за да се обезбедат основните неопходности. Според Фондот за популација на ОН, големата плодност и сиромаштијата се во тесна врска, најсиромашните земји во светот имаат највисока стапка на плодност како и раст на население. Зборот одржливост исто така широко го користат агенциите за развој и меѓународните добротворни организации во западните земји со цел да ги насочат нивните обиди за намалување на сиромаштијата на начин што е одржлив за локалното население и неговата околина. На пример, учењето на сиромашните на постапка како се преработува водата со вриење со ќумур не би се сметало за стратегија за одржливост, додека користењето на ПЕТ дезинфекција на соларна вода би се сметало за таква стратегија. Исто така, најдобрата примена на одржливоста вклучува рециклирање на материјали, како што е употребата на рециклирана пластика како градежен материјал во земји во кои уништувањето на шумите ја опустошило шумската основа на земјата. Друг пример за примена на одржливоста во намалувањето на сиромаштијата е извезувањето на рециклирани материјали од развиените земји во земјите во развој, како на пример мостовите за чија изработка се употребуваат жичани јажиња од контејнерите за транспорт и се користат како пешачки мостови со кои се преминуваат реките во сиромашните рурални области во Азија и Африка.

Човековиот однос кон природата Според Мареј Букчин, идејата дека човекот треба да доминира со природата е вообичаена во хиерархиските општества. Букчин тврди дека капитализмот и пазарните односи, доколку не се под надзор, имаат тенденција да ја сведат планетата на сосема мали ресурси за употреба. Сепак на природата се гледа како на суровина. “Ограбувањето на човечкиот дух од страна на пазарот е паралелно со ограбувањето на земјата од капиталот.” Социјалната екологија, основана од Бучкин, е заснована на верувањето дека речиси сите денешни еколошки проблеми на човекот потекнуваат, и всушност се симптоми на социјални уредувања со нарушена функција. Додека повеќето автори продолжуваат да тврдат дека нашите еколошки проблеми да се може да се решат со имплементирање на препораките кои произлегуваат од физички, биолошки, економски и други истражувања, тврдењето на Букчин е дека овие проблеми единствено може да се решат со разбирање на главните социјални процеси и интервенирање во истите преку примена на поими и методи од социјалните науки. Длабоката екологија воведува принципи за доброто на сите живи суштества на Земјата, како и за изобилието и разноликоста на сите форми на живот. Ова бара значително опаѓање на човечката популацијата и потрошувачката, како и помало мешање на човекот во нечовечкиот свет. За ова да се постигне, длабоката екологија предлага стратегии за основни економски, технолошки и идеолошки структури кои ќе го подобрат квалитетот на живот, а не животниот стандард. Оние кои ќе ги поддржат овие принципи се обврзани да придонесат за исполнувањето на потребните промени.

Човечки населби Еден пристап за одржливо живеење, претставен со мали урбани транзициски градови и рурални екосела, се залага за создавање на независни заедници основани на принцип на едноставен начин на живеење, кои ја максимизираат самостојноста посебно во производството на храна. Овие принципи, во поголем размер, ја поткрепуваат идејата за биорегионална економија. Овие пристапи често ја користат поделбата на заеднички базираните знаења за слободно достапните технологии. Други пристапи, лесно засновани на новата урбанизација, успешно го намалуваат влијанието врз околината преку менување на изградената околина, за создавање и зачување на одржливи градови кои поддржуваат одржлив транспорт. Жителите во збиените градски населби возат помалку километри и имаат значително пониско еколошко влијание врз еден цел опсег на мерила во однос на оние кои живеат во големите предградија. Концептот за управување на кружниот тек за употреба на земјиштето бил претставен и во Европа со цел да ги промовира принципите за одржливо користење на земјиштето кои се залагаат за збиени градови и спречување на урбанистичкото ширење и превземање на слободниот простор. Социјални движења од голем размер можат да влијаат врз изборите на заедницата и врз изградената околина. Едно такво движење се еко-општините. Еко-општините имаат системски пристап, основан на принципите на одржливост. Еко-општинското движење е партиципативно, вклучувајќи членови од заедницата во растечки пристап. Во Шведска повеќе од 70 градови – 25% од сите општини во земјата - присвоиле заедничко множество на “Принципи за одржливост” и систематски ги имплементирале преку нивните општински процеси. Сега има дванаесет еко-општини во САД и Американската Асоцијација за Планирање присвоила цели за одржливост засновани на истите принципи. Постојат многу совети кои се достапни за сите оние кои посакуваат да го намалат нивното лично влијание врз животната средина преку мали, евтини и лесно достижни чекори. Но транзицијата потребна за намалување на глобалната човекова потрошувачка во граници на одржливост вклучува многу поголеми промени, на сите нивоа и области на општеството. Обединетите Нации ја прифатиле главната улога за едуцирање, и за декада за едуцирање за одржливиот развој ја прогласиле 2005-2014, со цел да не предизвика сите нас да присвоиме ново однесување и нови навики за да ја обезбедиме нашата иднина. Светскиот Фонд за Природата предлага стратегија за одржливост која го надминува образованието и се справува со основните индивидуалистички и материјалистички општествени вредности директно и зацврстувајќи ја врската на човекот со природниот свет.