Стапчиња за јадење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стапчиња за јадење

Стапчиња за јадење — пар мали еднакво долги вретенести стапчиња со потекло од древна Кина, и служат како прибор за јадење во Кина, Јапонија, Кореја, Тајван и Виетнам.

Истите можат да се најдат во некои региони на Тибет и Непал кои се блиски до ханските кинези. Во југоисточна Азија стапчињата се користат за јадење на нудли. Стапчињата се изработуваат од дрво, бамбус, метал, коска, слонова коска, и во денешно време, пластика. Обете стапчиња се ракуваат во една рака – помеѓу палецот и другите прсти – и се користат за земање на храна.

Историја[уреди]

Стачињата биле измислени во древна Кина уште во времето на династијата Шанг (1600-1100 п.н.е.) [1] и продолжиле да се користат ширум источна Азија.

Употреба[уреди]

Постојат многу правила за користење на стапчиња според бонтон. Тие се држат во една рака, помеѓу палецот и другите прсти и се користат како штипки за земање на парчиња храна, кои се припремаат и служат во згодни мали парчиња. Стапчињата исто така се користат (освен во Кореја) за принесување на ориз и друг ситнеж непосредно од чинијата.

Стапчињата традиционално се држат исклучиво во десната рака, и ова важи дури и за леваците. Иако денес можеме да сретнеме луѓе кои ги држат во левата, некои сѐ уште сметаат дека ова е неправилно. Некои историчари сметаат дека ова правило води потекло од кинеска легенда.

Кај културите кои користат стапчиња, храната се припрема во мали парчиња. Оризот, кој би било невозможно да се консумира со стапчиња ако е приготвен по западни методи, во источна Азија се готви со помалку вода, па така истиот се прилепува, овозможувајќи негово јадење со стапчиња. Лепливоста зависи и од сортата на ориз; во источноазиските земји се одгледува сортата јапоника, која е природно полеплива од сортата индика, која се користи во Европа и јужна Азија.

Видови[уреди]

Дрвени и пластични стапчиња

Постојат неколку вида на стапчиња за јадење кои се разликуваат по:

  • Должина: Многу долгите стапчиња (од 30 или 40 сантиметри) се користат за готвење, особено за фритирање. Во Јапонија се нарекуваат саибаши (菜箸). Пократките стапчиња обично се користат за јадење, но исто така и за готвење.
  • Стеснување: Краевите на стапчињата се користат за земање на храната и можат да бидат стеснети до заоблен или зашилен крај. Заоблените стапчиња даваат повеќе можност за држење на храната, додека зашилените даваат полесна манипулација и вадење на коски од риба.
  • Материјал: Стапчињата се прават од разни материјали: бамбус, пластика, дрво, коска, метал, жад и слонова коска.
  • Бамбусовите и дрвените стапчиња се евтини, не спроведуваат топлина и даваат добар фат. Со време тие се оштетуваат и собираат бактерии ако не се чистат правилно. Сите стапчиња за една употреба се или дрвени или бамбусови. Овие се даваат во споена, недосечена форма, па корисникот сам ги одвојува, што укажува на тоа дека не биле користени претходно. На јапонски овие се нарекуваат варибаши (割り箸).
  • Пластичните стапчиња се евтини и не спроведуваат топлина. Не собираат бактерии и не се оштетуваат со време. Меѓутоа тие не се толку згодни за употреба - подигање на храната. Исто така тие не можат да се користат во готвењето бидејќи високата температура ги оштетува и тие оддаваат хемикалии.
  • Металните стапчиња се трајни и лесни за чистење. Како и пластичните, металните стапчиња не се така згодни за држење на храната. Исто така се и поскапи. Заради спроводливоста на топлина, тие не се користат при готвење.
  • Материјалите како слонова коска, жад, злато и сребро се користат од лукзусни причини.
  • Украси: Дрвените или бамбусовите стапчиња можат да се бојат и лакираат за водоотпорност. Металните стапчиња се стругаат и гравираат за подобар фат. Луксузните стапчиња понекогаш се врзуваат со ланец за да не се изгубат.

Стилови во различните култури[уреди]

Од горе надолу: Тајвански пластични стапчиња, кинески порцелански стапчиња, тибетски бамбусови стапчиња, индонезиски палмови стапчиња (виетнамски стил), корејски челични плоснати стапчиња (со соодветна лажица), јапонски стапчиња за двајца (два пара), јапонски детски стапчиња и стапчиња за една употреба во хартија (наречени „хаши“)
  • Кинески: подолги стапчиња квадратни на едниот крај, а округли на другиот, со тап завршеток.
  • Јапонски: кратки до средни стапчиња кои се стеснуваат. Ова се должи на тоа што голем дел од јапонската исхрана се состои од цела риба. Јапонските стапчиња традиционално се дрвени и лакирани. Некои прибори имаат по два пара: подолги за мажи и пократки за жени. Се употребуваат и детски, помали стапчиња.
  • Корејски: средно големи челични стапчиња со стеснување, плоснати и квадратни по пресек. (Традиционално изработени од месинг или сребро) Многу од корејските метални стапчиња се украсени на горниот дел.
  • Виетнамски: Долги стапчиња кои се стеснуваат до тап крај; традиционално дрвени, но денес се прават и од пластика. „Дуа ка“ е пар големи стапчиња за служење на ориз.

Употреба[уреди]

Држење на стапчиња

  1. Едно стапче се става помеѓу дланката и основата на палецот, со помош на домалиот прст за поддршка на долниот дел од стапчето. Со палецот, стапчето се стиска надолу, додека домалиот прст го турка нагоре. Стапчето треба да биде црвсто и неподвижно.
  2. Со врвовите на палецот, показалецот и средните прсти другото стапчњ се држи како пенкало. Воедначете ги врвовите на двете стапчиња.
  3. Движете го горното стапче горе-долу кон долното неподвижно стапче. Со ова движење можат да се подигаат парчиња храна од изненадувачка големина.
  4. Со доволно вежбање, двете стапчиња функционираат како пинцета.

Совет: Стапчињата треба да се држат за нивната подебела третина за баланс и ефикасност. за поголем дофат тие се држат при крајот.

Врвовите треба да бидат порамнети за со нив да може да се држи храна. За оваа цел притиснете ги на масата, додека во тој момент малку отпуштате. Вака поже да го прилагодувате и фатот.

Бонтон[уреди]

Треба да се напомене дека стапчињата за јадење се користат ширум повеќе земји. Додека бонтонот за нивното користење е сличен, постојат извесни пофини разлики од регион до регион, па така не постои еден и единствен стандард за нивна употреба.

Универзален бонтон[уреди]

Кај културите кои користат стапчиња за јадење важат следниве обичаи:

  • Стапчињата не се користат за штракање за да се добие внимание и со нив не се гестикулира. Играње со стапчињата се смета за некултурно.
  • Стапчињата не се користат за поместување на садови.
  • Стапчињата не се користат за играње со храната.
  • Стапчињата не се користат за бодење на храната, освен во ретки случаи. Исклучок е кинење на поголеми парчиња зеленчук или кимчи.
  • Стапчињата се положуваат на чинијата хоризонтално, а не на самата маса. За краевите да не ја допираат масата се користат постолја.
  • Стапчињата не се оставаат вертикално во чинијата со ориз или друга храна. Секој стапчест предмет поставен вертикално потсетува на миризливи стапчиња кои некои азијци ги горат за мртвите; извесни погребни обреди бараат вертикално поставување на стапчињата во храната.

Кинески бонтон[уреди]

  • Во кинеската култура е сосема нормално чинијата со ориз да се држи до устата и оризот да се турка диретно во уста со помош на стапчињата. Ако оризот е послужен во рамна чинија, тогаш е прифатливо, а и попрактично да се јаде со вилушка или лажица.
  • Тапиот крај понекогаш се користи за префрлање на храна од заеднички сад во лична чинија.
  • Прифатливо е да се префрла храна за блиски членови од семејството ако тие имаат потешкотии со тоа. Префрлање на храна прво на постарите е знак на почит.
  • Бодењето и играњето со храната со стапчињата е некултурно.

Јапонски бонтон[уреди]

  • Храната не треба да се префрла од едни во други стапчиња. Јапонците секогаш се понудуваат да ја додадат чинијата. Директното префрлање со стачиња е еквивалентно на префрлањето на коски кај јапонските погребни обреди.
  • Стапчињата не смеат да се заглавуваат во оризот, бидејќи ова личи на горење на миризливи стапчиња на погреб.
  • Потесните краеви се оставаат на постолје кога стапчињата не се користат.
  • Подебелиот крај од стапчињата често се користи за префрлање на храна од заеднички сад, иако ова не е по бонтон. За оваа цел треба да се побараат други стапчиња.
  • Стапчињата не треба да се вркстуват на масата, бидејќи ова ја симболизира смртта.
  • Триењето на стапчињата едно од друго по нивно разделување е непристојно, бидејќи тоа му кажува на домаќинот дека гостинот смета дека тие се од лош квалитет.

Корејски бонтон[уреди]

  • Корејците сметаат дека е непристојно чинијата со ориз да се подига во раце за да се јаде од неа.
  • За разлика од другите корисници на стапчиња, корејците користат лажица за ориз и чорби, додека стапчињата се користат за друга храна.
  • За разлика од кинескиот ориз, зготвениот кинески ориз лесно се зема со стапчиња, но сепак поприфатливо е тој да се јаде со лажица.
  • Кога стапчињата се положуваат до лажицата, тие не смеат да бидат од нејзина лева страна. Ова се прави само за починати членови на семејството.
  • Подебелиот крај за ракување на стапчињата не се користи за префрлање на храна.
  • Во отсуство на заеднички стапчиња, јадењето на панчан директно од заедничката чинија е сосема прифатливо.

Виетнамски бонтон[уреди]

  • Како кај кинескиот бонтон, чинијата со ориз се принесува кон устата и оризот се турка во уста со стапчиња.
  • За разлика од кинеските јадења, оризот кај виетнамците може да се пренесува во чинија, бидејќи виетнамскито ориз е прилично леплив (на пр. пржен ориз).
  • Секогаш треба да се користат двете стапчиња одеднаш, дури и кога со нив се меша течност.
  • Храната не се зема директно од масата, туку мора прво да се префрли во лична чинија.
  • Стапчињата не се ставаат во уста додека се бира што да се земе.
  • Стапчињата не смеат да се остават позиција „V“ по јадењето; ова се смета за лош предзнак.

Влијание врз животната околина[уреди]

Во Кина секоја година се фрлаат по 45 милијарди стапчиња. Ова се 1.7 милиони кубни метри дрво или 25 милиони возрасни дрва. За луѓето да фрлаат помалку, во 2006 е донесен данок на стапчиња од 5%. Оваа мерка е дел од првиот даночен пакет за 12 години.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Chinese Chopsticks“ (HTML). http://chineseculture.about.com/library/weekly/aa_chopsticks02a.htm. конс. 1 ноември 2007. 

Надворешни врски[уреди]