Омлоп Хет Ниусблад 2021

Од Википедија — слободната енциклопедија
Омлоп Хет Ниусблад 2021
Детали за трката
Издание76. Омлоп Хет Ниусблад
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2021 1.UWT
Датум27 февруари 2021
Растојание200,5 км
ДржаваBEL Белгија
ПоаѓалиштеГент
ОдредиштеНинове
Екипи25
Возачи на почеток175
Возачи на крај140
Просечна брзина42,501 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникITA Давиде Балерини (Декојнинк-Квик Степ)
ВторопласиранGBR Џејк Стјуарт (Групама-ФДЖ)
ТретопласиранBEL Сеп Ванмарке (Израел старт-ап нејшн)
◀20202022▶
Документација

Омлоп Хет Ниусблад 2021 — 76. издание на велосипедската еднодневна трка Омлоп Хет Ниусблад, која се одржала на 27 февруари како втор настан во сезоната на Светската турнеја.[1] Трката започнала во Гент и завршила во Нинове.

Омлоп Хет Ниусблад е трка која обична е освојувана од соло-возач или се одлучува победникот во спринт од мала група на возачи. Меѓутоа, оваа година, доброто време и условите на трката придонеле за завршен спринт составен од 50-тина возачи. Декојнинк-Квик Степ ја предводела групата, вклучувајќи го светскиот првак Жилијан Алафилип, кои се обидувале да го постават спринтерот Давиде Балерини за победа. Во спринт што претстоел, Балерини победил лесно, без проблеми од другите спринтери. Зад него, новиот професионалец Џејк Стјуарт се протнал покрај победникот од 2012 година, Сеп Ванмарке, покрај барикадите и завршил втор. Ванмарке завршил со неговиот велосипед на целта пред Хајнрих Хауслер, со што тоа било негово трето трето место на трката по сличните завршници во 2017 и 2018 година.[2]

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи трката била додадена на Светската турнеја во 2017 година, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Сепак, сите деветнаесет екипи настапиле на трката. Дополнително, шест професионални континентални екипи биле специјално поканети, со што се заокружила главната група од 25 екипи. Секоја екипа настапила со по седум возачи и вкупно на трката имало 175 возачи, од кои 140 завршиле.[3][4]

Екипи од Светската турнеја на UCI (19)ProTeams (6)

Поредок[уреди | уреди извор]

Завршен пласман[уреди | уреди извор]

[5]

Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. ITA Давиде Балерини Декојнинк-Квик Степ4ч 43' 03
2. GBR Џејк Стјуарт Групама-ФДЖ+ 0
3. BEL Сеп Ванмарке Израел старт-ап нејшн+ 0
4. AUS Хајнрих Хауслер Бахреин Викториус+ 0
5. BEL Филип Жилбер Лото-Судал+ 0
6. ESP Алекс Аранбуру Астана-Премиер Тек+ 0
7. FRA Флоријан Сенешал Декојнинк-Квик Степ+ 0
8. ITA Матео Трентин ОАЕ Емирати+ 0
9. LUX Кевин Гениц луксембуршки друмски првакГрупама-ФДЖ+ 0
10. GER Нилс Полит Бора-Хансгрое+ 0
Извор: ProCyclingStats


Список на учесници[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2021 Race Omloop Het Nieuwsblad“. Омлоп Хет Ниусблад. Архивирано од изворникот на 2021-02-27. Посетено на 25 February 2021.
  2. Puddicombe, Stephen (27 February 2021). „Davide Ballerini wins Omloop Het Nieuwsblad“. CyclingNews. Посетено на 27 February 2021.
  3. „Participants List“ (PDF). Омлоп Хет Ниусблад. Flanders Classics. 24 February 2021. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-24. Посетено на 25 February 2021.
  4. „Omloop Het Nieuwsblad 2021 Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 25 February 2021.
  5. „Омлоп Хет Ниусблад 2021“. ProCycling.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]