Мозамбички Канал
Мозамбичкиот Канал (португалски: Canal de Moçambique, малгашки: Lakandranon'i Mozambika, француски: Canal du Mozambique) е дел од Индискиот Океан што се наоѓа помеѓу Мадагаскар и југоисточна Африка, претежно Мозамбик. Тука, во II Светска војна се одиграла Мадагаскарската битка (1942) помеѓу Вишиевска Франција и Сојузните сили.
Каналот има должина од 1.600 км, а ширината се движи од 400-950 км. Најтесниот дел е помеѓу Ангош (Мозамбик) и Тембохорано (Мадагаскар). Достигнува длабочина од 3.292 м во подрачјето оддалечено 230 км од мозамбичкото крајбрежје. Во него тече топла јужна струја, која потоа продолжува во Агулјската струја во водите источно од ЈАР.
Содржина |
Граници [уреди]
Според Меѓународната хидрографска организација (IHO), мозамбичкиот канал ги има следниве граници:[1]
На север. Линија од устието на реката Рувума ( ) до Рас Хабу, северниот врв на островот Гранд Комор, кој е северниот од Коморските Острови, до 'ртот Амбр, северниот крај на Мадагаскар ( ).
На исток. Западниот брег на Мадагаскар.
На југ. Линија од 'ртот Сант Мари, јужниот крај на Мадагаскар до Златниот 'Рт (Оро) на континенталниот дел ( ).
На запад. Копното на ЈАР.[2]
Острови во каналот [уреди]
Комори [уреди]
Мозамбик [уреди]
Примерас и Сегундас (архипелаг)
Франција [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „Граници на океаните и морињата, III издание“. Меѓународна хидрографска организација. 1953. http://www.iho-ohi.net/iho_pubs/standard/S-23/S23_1953.pdf. проверено на 7 февруари 2010. (англиски)
- ↑ За поисправна западна граница се смета брегот на поточно Мозамбик.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Мозамбички Канал“ |