Декларација на Обединетите нации

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Плакат за Обединетите Нации создаден во 1943 год.

Декларацијата на Обединетите нации е документ од Втората светска војна, потпишан на 1 јануари 1942 година од страна на 26 влади, од кои неколку влади во прогонство. Оригинални потписници се Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Сојузот на Советските Социјалистички Републики, Народна Република Кина, Австралија, Белгија, Канада, Костарика, Куба, Чехословачка, Доминиканска Република, Салвадор, Грција, Гватемала, Хаити, Хондурас, Индија, Луксембург, Холандија, Нов Зеланд, Никарагва, Норвешка, Панама, Полска, Јужна Африка и Југославија.[1]

Страните-потписнички се обврзале на поддршка и спроведување на Атлантската повелба, за искористување на сите свои ресурси во војната против Силите на Оската и се согласиле поединечно да не склопуваат мир со нацистичка Германија, Италија или Јапонија, како што тројната Антанта склопила договор со Централните сили во Првата светска војна според одредбите на Пактот за единство.

Обединетите Нации станале синоним во текот на војната кој ги означувал Сојузниците и претставувал формално име под кое тие се бореле.

Другите земји дополнително ја потпишале Декларацијата. Тоа се Мексико, Филипини и Етиопија во текот на 1942 г., Ирак, Бразил, Боливија, Иран и Колумбија во текот на 1943 г., Либерија и Франција во текот на 1944 г. и Перу, Чиле, Парагвај, Венецуела, Уругвај, Турција, Египет, Саудиска Арабија, Либан, Сирија и Еквадор во текот на 1945 година.

Извори[уреди]