Јужномакедонска носија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Женa од Воден во народна носија, почеток на XX век

Јужномакедонската носија е носија која е карактеристична за најјужниот дел на Македонија -

Особености[уреди | уреди извор]

Народните носии и во овој дел на Македонија покажуваат голема разновидност, со бројни облеки и разновидна декорација. [1]

Машките носии во јужномакедонската етничка целина се поедноставни и со помали пределски разлики. Основни делови во машките носии се: бела платнена кошула со широки ракави, гаќи од платно, клашнени ѕиври, ногавици, беневрези, тесни ткаени појасчиња за под колена - подвески, ќурдија - безракавна облека од црна клашна, и долама - зимска дебела облека со црвени украсни ширити. Сточарска облека е трлаган, гуна - од волна и козина, со широка јака за ќулафка. [1]

Анализата на одделните облеки од составот на празничната женска и обредната машка носија укажува на зачувани далечни траги од старобалканската и старословенската културна традиција, со примеси на елементи од византискиот и ориенталниот начин на украсување. [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Томовски, Крум (1996). Етнологија на Македонците. Скопје: МАНУ. стр. 154. ISBN 9989-649-25-1.