Турбето било изградено во 1426 г. и било во склоп на Јигит-пашината џамија којашто била разрушена во 1943 година. Срушено е во Скопскиот земјотрес од 1963 година.[2] Во 2014 година, на местото на коешто се наоѓало се спроведени археолошки истражувања, а потоа било обновено врз основа на првобитниот излгед и било отворено за јавноста на 1 јули 2016 година.[1]
Тюрбето спаѓа во групата на отворени турбиња со купола и тамбур. Неговата основа е шестаголна со страни чојашто должина изнесува 2,5 м и диајгонали со должина од околу 5 м. Основата е изградена од редови делкан камен, меѓу кои има и редови тули. На аглите има шест столба коишто завршуваат со остар прекршен лак и кои го придржуваат осумаголниот тамбур над којшто е поставена куполата. Под тамбурот има забест венец од два реда тули, а преминот кон куполата е со пандантиви. Куполата е покриена со олова. Во нејзината внатрешност е украсена. Гробот на Јигит-паша е сместен во засводена крипта од тули под самото турбе. На криптата е поставен саркофагот со нишан.[2]