Бугаризација: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Блаже Ристевски
Ред 10: Ред 10:


== Бугаризација на Македонците ==
== Бугаризација на Македонците ==
[[File:Taga za Jug.jpg|thumb|Картичка со оригиналниот текст на поемата "Т’га за југ", од [[Константин Миладинов]]]]


Првите појави на бугаризација кај Македонците се забележани пред средината на 18 век, со разгорувањето на интересот кон словенството и посебно кон старословенскиот јазик. Вака бугарското име почнало да се реактивира во Македонија, бидејќи истражувачите го наоѓале во старите пишани споменици на словенски и други јазици. Тогаш идеите за постоење на „словенска нација со бугарско име на Балканот“ ја прифатиле одреден број македонски интелектуалци. Некои од нив подоцна биле под силно руско влијание (студенти во Русија) или одржувале блиски врски со бугарските национални водачи. Бугаризацијата својот вистински замав го зема по [[1871]] год., кога голем дел од Македонија, бегајќи од асимилаторската политика на Цариградската патријаршија, се има ставено под јурисдикција на Бугарската егзархија, како поблиска и словенска црква. Во матичните книги на родените, крстените, венчаните и починатите сите се запишуваат како „Бугари по род“. Во училиштата кои биле под директна егзархиска управа целата настава била насочена кон воспитување на децата во бугарски национален дух. Во пракса, поголем дел од Македонските Словени станале екзархисти по формирањето на Егзархијата.
Првите појави на бугаризација кај Македонците се забележани пред средината на 18 век, со разгорувањето на интересот кон словенството и посебно кон старословенскиот јазик. Вака бугарското име почнало да се реактивира во Македонија, бидејќи истражувачите го наоѓале во старите пишани споменици на словенски и други јазици. Тогаш идеите за постоење на „словенска нација со бугарско име на Балканот“ ја прифатиле одреден број македонски интелектуалци. Некои од нив подоцна биле под силно руско влијание (студенти во Русија) или одржувале блиски врски со бугарските национални водачи. Бугаризацијата својот вистински замав го зема по [[1871]] год., кога голем дел од Македонија, бегајќи од асимилаторската политика на Цариградската патријаршија, се има ставено под јурисдикција на Бугарската егзархија, како поблиска и словенска црква. Во матичните книги на родените, крстените, венчаните и починатите сите се запишуваат како „Бугари по род“. Во училиштата кои биле под директна егзархиска управа целата настава била насочена кон воспитување на децата во бугарски национален дух. Во пракса, поголем дел од Македонските Словени станале екзархисти по формирањето на Егзархијата.

Преработка од 09:56, 13 април 2017

Бугаризација се нарекува процесот на наметнување и утврдување на модерниот бугарски национален идентитет каков што постои во современата држава Бугарија: бугарска национална свест, бугарски јазик, обичаи и друго.

Бугаризацијата е последица на идеологијата на бугарштината која се појавува во 18 век. Таа е насочена кон населението на териториjата каде покасно се формирала бугарската Егзархиjа, коjа се совпаѓа со земјите на подоцна замислената Сан-Стефанска Бугарија, а тоа се Тракија, Мизија и Македонија. Приврзениците на бугаризмот се потпираат врз историското минато на Балканскиот Полуостров, при што културно-историското наследство од 7 век до денес, кое се спомнува како бугарско, се прогласува за наследство на денешните Бугари. Според идеологијата на бугаризмот, во времето на Првото бугарско царство (681 - 971) дошло до формирање на бугарска народност во која влегле пред се Словените и помало Прабугарите, а исто така и грцизирани и романизирани антички Балканци - Тракијци, Даки, Илири, а подоцна Грци, Ерменци, Власи, Кумани, Печенези и мали групи од други племиња и народи, а сите територии на кои се простирало царството станале бугарски земји. Вака од времето на Цар Симеон, (893-927) словенските племиња на широкиот простор од Дунав до Егејот и од Јадран до Црното Море го прифатиле заедничкиот етникон „Бугари”. Тие го асимилирале византиското население, а Прабугарите се претопиле и исчезнале во словенската етничка маса.

Бугаризација

Во Бугарија за зачетник на Бугарската преродба се смета калуѓерот Паисиj Хилендарски од Банско, Пиринска Македонија. Паисиj се смета за втемелувач и пропагатор на бугарското име и бугарскиот етнички карактер во Македониjа.[1] По Големата француска револуција (1789 - 1799 година) започнал порастот на национализмот во Европа, вклучително и во Отоманската Империја. Бугарската идеја се изразувала во овој период во спорадични акти на црковен протест против денационализаторската политика на Цариградската патријаршија. Меѓу новите идеи кои внеле просветителството меѓу рум-милетот, била и идејата за граѓанска нација. На бугарското земјиште започнал процес на национална преродба, и како резултат на тоа почнала борбата за бугарска црковна независност, наречена во тоа време Бугарско национално движење. Ерата на јавни реформи, наречена Танзимат, започнала во 1839 година и завршила со усвојување на првиот отомански устав од1876 година, но и тоа дало дополнителни надежи на Бугарите. Според Георги Раковски од 1848 година, отоманска влада започнала во некои официјални документи да ги одделува Бугарите од рум-милетот и да им дава народносно име: Булгар-милет.[2] Во 1849 година бил издаден официјален султански ферман, со кој се овозможило Бугарите во Цариград да имаат свој храм. Во 1860 година бугарските свештеници таму еднострано прогласили независност на Бугарската Црква од Цариградската патријаршија, но тоа довело до репресија и зајакнување на католичката пропаганда. Така на 14 април 1861 година Јосиф Соколски бил признат од султанот со специјален берат за „милет баши на Бугарите унијати со Рим“, што значело формално признавање на бугарскиот народ.[3][4] Истовремено во Русија добил замав панславизмот, кој влијаел силно на руската надворешна политика, која имала зацртано да ги заштитува националните движења на балканските Словени и да им помага при создавањето на нивните држави. Така, не без помошта на руските дипломати во Цариград, на 28 февруари 1870 година султанот Абдул Азиз издал ферман со кој била призната самостојна Бугарска егзархија. Вака де јуре било признато постоењето на посебен бугарски народ.

Бугаризација на Македонците

Картичка со оригиналниот текст на поемата "Т’га за југ", од Константин Миладинов

Првите појави на бугаризација кај Македонците се забележани пред средината на 18 век, со разгорувањето на интересот кон словенството и посебно кон старословенскиот јазик. Вака бугарското име почнало да се реактивира во Македонија, бидејќи истражувачите го наоѓале во старите пишани споменици на словенски и други јазици. Тогаш идеите за постоење на „словенска нација со бугарско име на Балканот“ ја прифатиле одреден број македонски интелектуалци. Некои од нив подоцна биле под силно руско влијание (студенти во Русија) или одржувале блиски врски со бугарските национални водачи. Бугаризацијата својот вистински замав го зема по 1871 год., кога голем дел од Македонија, бегајќи од асимилаторската политика на Цариградската патријаршија, се има ставено под јурисдикција на Бугарската егзархија, како поблиска и словенска црква. Во матичните книги на родените, крстените, венчаните и починатите сите се запишуваат како „Бугари по род“. Во училиштата кои биле под директна егзархиска управа целата настава била насочена кон воспитување на децата во бугарски национален дух. Во пракса, поголем дел од Македонските Словени станале екзархисти по формирањето на Егзархијата.

Некои од најпознатите македонски преродбеници, револуционери и научници, кои декларирале припадност кон бугарскиот народ се Христофор Жефаровиќ, Марко Теодоровиќ, Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски, Неофит Рилски, Теодосиј Синаитски, Партенија Зографски, Јордан Хаџи-Константинов - Џинот, Димитрија и Константин Миладинови, Рајко Жинзифов, Григор Прличев, браќа Робеви, Кузман Шапкарев, Нако Станишев, Марко Цепенков, Натанаил Охридски, Димитар Поп-Георгиев Беровски, Христо Татарчев, Иван Снегаров, Тодор Александров, Љубомир Милетич, Андреј Љапчев, Димитар Талев, Венко Марковски и други.

Борба против бугаризацијата

Од самиот почеток се јавил отпор против традициите кои биле внесувани од Бугарија. Отпорот најчесто бил пасивен со тоа што Македонците барале во идниот бугарски национален идентитет да се вградат елементи и од македонските традиции и јазик. Со текот на времето отпорот станува поотворен и поагресивен, изразуван преку бунт на македонските ученици и учители против политиката на Егзархијата и на бугарската влада[се бара извор]. На крај до израз доаѓа отвореното барање за изградба на посебни македонски институции: македонска црква, македонски литературен јазик, македонски училишта.

Меѓу најистакнатите борци против бугаризацијата се Ѓорѓи Пулевски од Галичник, владиката Теодосиј Гологанов од Неврокопско, Крсте Петков Мисирков од Пела и др. Според некои македонски историчари како ревизионистот Зоран Тодоровски, македонските преродбеници, исто како и дејците на ВМРО, се декларирале како Бугари. Според историчарот Иван Катарџиев, периодот меѓу двете светски војни претставува „време на зреење“ на македонската национална свест. За Катарџиев, „дефинитивната афирмација“ на македонскиот национален идентитет е овозможена преку „елиминацијата на активноста на ривалските пропаганди, особено на бугарската дури по Втората светска војна.

Поврзано

Извори

  • Стефан Влахов Мицов: Филозофски клуч за македонскиот идентитет [1][2][3]
  • Драган Ташковски: Кон етногенезата на македонскиот народ
  • Драган Ташковски: Раѓање на македонската нација
  • Александар Донски: Етногенетски разлики помеѓу Македонците и Бугарите
  • Георги Радуле: Историја на Македонија (апологија на македонизмот)
  • Георги Радуле: Кој ја фалсификува историјата

Надворешни врски

  • Виртуелна библиотека со текстови од точката на гледање на македонските Бугари (односно бугаризираните Македонци) - врска.
  • Пример за бугаризација (Асимилација на Помаците во Бугарија, на бугарски јазик) [4][5]

Наводи

  1. "Македонска енциклопедиjа", Македонска академиjа на науките и уметностите, Скопjе, 2009, том 1, статиjа "Бугарското име во Македониjа", стр. 222.
  2. Нѣколко риечи о Асѣню Първому: великому царе българскому и сину му Асѣню Второму, Георги Стојков Раковски во Кн. Србија. Книги-печятницѫ, 1860, стр 2.
  3. Историја на Бугарите. Том 2 од Georgi Bakalov, ISBN 954621213X, TRUD Publishers, 2004, стр.
  4. Communities and identities in Bulgaria, Anna Krŭsteva, Longo, 1998, ISBN 8880632108, p. 308