Христофор Жефарович

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Христофор Жефаровиќ)
Христофор Жефарович
Роден 1690
Дојран
Починал 18 септември 1753
Москва, Русија

Христофор Жефарович (1690 - 18 септември 1753) — македонски уметник и хералдичар еден од раните претставници на панславизмот.

Биографија[уреди | уреди извор]

Зборови на Павле Ненадовиќ, посветени на Христофор Жефарович во „Стематографија“
Делото „Стематографија“ од Христофор Жефарович

Роден веројатно во крајот на 1690 г. во Дојран, со родители Димитрија и Ѓурѓица. Роденото име не му се знае, туку познат е по неговото монашко и писателско име. Веројатно е дека бил од родот Џефаровци, и дека додал наставка на презимето за да делува црковнословенски.[1] За првпат неговото име се спомнува во Белград во 1734 година, каде бил веќе бил прочуен како зограф (сликар). Бил истовремено трговец на книги и богослужбени предмети и уметник. Негови дела се манастирите во Боџани и Шиклош во Војводина, како и една црква во Кожани. По 1740 претежно работил по создавањето на книги во соработка со српскиот патријарх Арсениј IV. Како монах и свештеник ја превел и насликал прочуената „Стематографија“ (грбовник) од оригиналот на хрватскиот илирски хералдичар Павле Ритер Витезовиќ (1652-1713), издадена во Виена во 1741 година. „Стематографија“ содржу галерија со ликови на балкански цареви и светии, грбовник на земите од Источна Европа и белешки кон грбовникот. Кон секој грб има и по една стихотворба, која ги опишува нивните историја и симболи, исто така превод од делото на Витезовиќ.

Жефарович бил припадник на идеологијата на јужнословенскиот илиризам, но со неисправна свест за идентитетот, несомнено под влијанија. Бил нарекуван „ревнитель отечества болгарскаго“, но исто така и „любителъ царства иллирическаго“, а самиот зборувал и за „отечество сербско наше“ и се потпишувал како „иллирïко рассïанскïи общïй зографъ“. Во своето завештание го опишал својот род како „булгарской нации... въ православной архiепископiи Салонской въ городѣ Догрiанѣ братъ родной свящтеникъ и протчiя сродники“. Умрел во Москва на 18 септември 1753.

„Стематографија“ имала многу значаjна улога во создавањето на симболите на модерните балкански нации и посебно на грбот на Бугарија, кој е директен наследник на бугарскиот грб на Жефарович.[2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Душан Попов, Ђорђе Башић: "Енциклопедија Новог Сада", Нови Сад 1997. године
  2. Иван Войников, „История на българските държавни символи“ Архивирано на 22 јуни 2017 г., дял IV Гербовете на Третата българска държава, глава 1 Държавни гербове (Иван Воjников, „Историја на бугарските државни симболи“, дел IV Грбовите на Третата бугарска држава, глава 1 Државни грбови). (бугарски)

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]