Борис Трајковски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Додава: ko:보리스 트라이코프스키
с Бот Додава: sq:Boris Trajkovski
Ред 84: Ред 84:
[[ro:Boris Trajkovski]]
[[ro:Boris Trajkovski]]
[[ru:Трайковский, Борис]]
[[ru:Трайковский, Борис]]
[[sq:Boris Trajkovski]]
[[sl:Boris Trajkovski]]
[[sl:Boris Trajkovski]]
[[sr:Борис Трајковски]]
[[sr:Борис Трајковски]]

Преработка од 14:24, 4 февруари 2011

Податотека:Seal of the President of Macedonia.png
Борис Трајковски
Податотека:Seal of the President of Macedonia.png
Борис Трајковски

Портрет на Борис Трајковски.


Мандат
15 декември 1999 – 26 февруари 2004
Претходник Киро Глигоров
Следбеник Бранко Црвенковски

Роден 25 јуни 1956
Струмица, Македонија
Починал 26 февруари 2004[1]
Ротимље, Босна и Херцеговина[1]
Сопружник Вилма Трајковска
Професија дипломиран правник
Религија методист
Претседатели на Македонија

Борис Трајковски (Струмица, Македонија, 25 јуни 1956 - Мостар, Босна и Херцеговина, 26 февруари 2004[1]) бил македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога неговиот мандат завршил со трагичната смрт во авионска несреќа[1].

Биографија

Траjковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи. До 1997 година е раководител на правната служба на градежното претпријатие „Слобода“ од Скопје, од 1997 до 1998 година е шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела ВодаСкопје, а од 21 декември 1998 година е заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во десно-центристичката влада предводена од Љубчо Георгиевски.

Политичка кариера и смрт

Траjковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно - политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија, член на меѓународната конференција: "Решавање на конфликти" со седиште во Атланта, САД, учествувал на многубројни меѓународни конференции со тема решавање на конфликти, религиозна толеранција, религиозна слобода, бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години.

За претседател на Република Македонија беше избран на претседателските избори во 1999 година.

Многумина Македонци сметаат дека претседателот Трајковски загинал под неразјаснети околности, незадоволни од официјалното објаснување дека се работи за грешка на пилотот во авионот. Постојат шпекулации дека тој можеби бил жртва на атентат.

Рејтингот на Трајковски дури беше претседател беше доста низок, но по несреќата што му се случи неговиот углед нагло порасна. Генералното мислење за Трајковски по неговата смрт не е далеку од изјавата што стои на официјалниот сајт на Меѓународната фондација Борис Трајковски каде се вели:

Претседателот Трајковски беше особена личност, кој се посвети себеси многу повеќе од она што се бараше од него како претседател. Тој беше вистински народен човек и го живееше својот живот посветен на својата земја Македонија, како и на поголема регионална и меѓународна соработка. Како голем поборник за единствена Македонија, Претседателот Трајковски беше активен во сè она што го правеше, вистински верувајќи дека Македонците со различно етничко и религиозно потекло можат да живеат и работат заедно.

Наводи

Видете исто така

Надворешни врски