Славица Јовановска
Изглед
Славица Ковачевиќ-Јовановска | |
---|---|
Роден(а) | 26 октомври 1952 Струмица, НР Македонија, ФНРЈ |
Националност | Македонка |
Занимање | глумица |
Активен период | 1975 - 2014 |
Познат(а) по | по улогите во: Погрешно време Цимерите од соба 306 Нели ти реков Ангели на отпад |
Сопружник | Ацо Јовановски |
Славица Ковачевиќ-Јовановска (р. 26 октомври 1952 година во Струмица) ― македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Таа долги години работела во Македонски народен театар во Скопје.
Филмографија
[уреди | уреди извор]Година | Филм | Улога |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | |
1976 | Цимерите од соба 306 ТВ-филм | Милена |
1977 | Нели ти реков ТВ-филм | |
1981 | Милион маченици ТВ-серија | |
1982 | Илинден ТВ-серија | |
1984 | Нели ти реков ТВ-филм | |
1985 | На наш начин ТВ-серија | |
1988 | Скопски сновиденија ТВ-филм | |
1988-1992 | Еурека ТВ-серија | Кети |
1992 | Тврдокорни ТВ-серија | |
1994 | Прекалени ТВ-серија | Сирма Војвода |
1995 | Ангели на отпад ТВ-филм | Невено |
2000 | Големи и мали ТВ-серија | Мајката на Коле |
2000-2001 | Погрешно време ТВ-серија | Марта |
2007 | Цимери ТВ-серија | |
2009 | Седумка, љубов или смрт ТВ-филм | Милица |
2010-2011 | Од денес за утре ТВ-серија | Газдарицата |
2011 | Епизодист ТВ-филм | Мајката |
Кариера
[уреди | уреди извор]Во 1976 година, таа дипломира на Факултет за драмски уметности, на отсекот за глумечка игра во класата на проф, Илија Џувалековски. Својата кариера ја започнува во 1976 година, играјќи во претставата "Цар Едип" во Драмски театар - Скопје. Во 1980 гидина, се вработува но Македонски народен театар во Скопје, каде работи сè до нејзиното пензионирање.
Театарски претстави
- „Цар Едип", од Софокле, р. Миле Корун, Драмски театар (1976).
- Средната сестра, во „Баш челик", од Горан Бабиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар (1977).
- Цара, во „Милион маченици", од Ристо Крле, р. Петре Прличко, МНТ (1980).
- Маша, во „Војна и мир во груда", од Вељко Радовиќ, р. Благота Ераковиќ, МНТ (1981).
- Сестрата, „Метаморфоза", од Франц Кафка, р. Душан Наумовски, МНТ (1982).
- Алтернација, во „Свирач на покривот", од Џери Бок, р. Владо Штефанчиќ, МНТ (1983).
- Венди Мојра, во „Бог", од Вуди Ален, р. Димитрие Османли, МНТ (1984).
- Алтернација, во „Воена тајна", од Душан Јовановиќ, р. Душан Наумовски, МНТ (1984).
- Саша, во „Иванов", од Антон Павлович Чехов, р. Бранко Ставрев, МНТ (1984).
- Прасенце, во „Сказна за сказните", од Афродита Кирјаковска, р. Коле Ангеловски, МНТ (1985).
- Медицинска сестра, во „Големиот брилијантен валцер", од Драго Јанчар, р. Бранко Ставрев, МНТ (1986).
- Матеица, во „Мрестење на краповите", од Александар Поповиќ, р. Ацо Алексов, МНТ (1987).
- Ана Ивановна, во „Денови од нашиот живот", од Леонид Андреев, р. Васил Христов, МНТ (1989).
- Метреса, во „Забуни", од Вилијам Шекспир, р. Димитрие Османли, МНТ (1989).
- Петранка, во „Рекламна бајка", од Русомир Богдановски, р. Коле Ангеловски, МНТ (1989).
- Медицинска сестра, во „Валоургиска ноќ", од Венедикт Ерофеев, р. Владимир Портнов, МНТ, (1990).
- „Вртимушка", од Афродита Кирјаковска, р. Афродита Кирјаковска, МНТ (1990).
- Маша, во „Галеб", од Антон Павлович Чехов, р. Бранко Ставрев, МНТ (1990).
- Русинката, во „Зора на истокот", од Гордан Михиќ, р. Ацо Алексов, МНТ (1991).
- Калуѓерката, во „Мортолозот", од Григор Прличев, р. Бранко Ставрев, МНТ (1992).
- Сестра Мери, во „Бунт во домот за старци", од Венко Андоновски, р. Бранко Ставрев, МНТ (1994).
- Славица Егревил, во „Кројач за дами", од Жорж Фејдо, р. Димитрие Османли, МНТ (1996).
- Госпоѓа Пдроан, во „Мелница", од Митко Маџунков, р. Бранко Ставрев, МНТ (1996).
- Хор, жаби, во „Жаби", од Аристофан, р. Бранко Ставрев, МНТ (1998).
- Т…Љубов моја, од Снежана Конеска Руси, р. Снежана Конеска Руси, МНТ (1998).
- Мајката, во „Песочна сложувалка", од Јана Добрева, р. Зоја Бузалковска, МНТ (1999).
- Пејачката, во „Грофот Миливој", од Ристо Крле, р. Димитрие Османли, МНТ (2001).
- Бабица, во „Писание", од Живко Чинго, р. Бранко Ставрев, МНТ (2002).
- Шарлота, во „Дед Лајн", од Ги Фоаси, р. Александар Илиев, МНТ (2003).
- Праксагора, во „Жени во народно собрание", од Аристофан, р. Димитрие Османли, МНТ (2004).
- Менка, во „Чија си", од Сашко Насев, р. Виолета Џолева, Универзална сала – Скопје (2005).
- Рајмонда Шендебиз, во „Болва в’уво", од Жорж Фејдо, р. Бранко Ставрев, МНТ (2007).
- Пациент, во „Мара/Сад", од Петар Вајс, р. Васил Христов, МНТ (2008).
- „Троил и Кресида", од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ (2010).
- Хор, во „Вечната куќа", од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ (2013).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Славица Јовановска на Семрежната филмска база на податоци (англиски)