Отоманско-полска војна (1683–1699)
Отоманско-полска војна (1683–1699) | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Отоманско-полски војни Голема турска војна. |
|||||||||
Battle at Parkany (Štúrovo) (1683), author Juliusz Kossak |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Полско-литванска Државна Заедница Света лига | Османлиско Царство |
Полско-османлиската војна (1683-1699) претставува дел од Големата турска војна. Конфликтот започнал по неуспешната опсада на Виена а завршила со договорот од Карловци според кој биле вратени териториите кои комонвелтот ги изгубил во претходната војна. Овој конфликт бил последниот меѓу двете земји и го означувал падот на моќта не само на Османлиите туку и на комонвелтот кој никогаш повторно немал сила да се вклучи во внатрешните работи на некоја друга земја.
По неколкугодишниот мир, Османлиите ја нападнале Хабсбуршката монархија ставајќи ја Виена под опсада. Полскиот крал Јан Собиески успеал да пристигне со своите сили пред да падне градот и да ги победи Османлиите. Светата лига била иницирана од страна на папата каде членувале Светото Римско Царство, Венецијанската Република и Полско-литванската Државна Заедница, заедно со Царство Русија од 1686 година. Османлиите претрпиле два порази кај Мохач (1687) и кај Сента (1697). По крајот на виенската опсада, Јан Собиески влегол со своите сили во Молдавија на неколкупати но немал поголеми успеси. Последната битка се одвила кај Подхајци во 1698 г. каде Османлиите биле поразени. По една година Османлиите биле принудени да ја завршат војната со потпишување на договорот од Карловци според кој Подолија била вратена на комонвелтот.