Прејди на содржината

Голфска струја

Од Википедија — слободната енциклопедија

Голфската струја е најдолга топла морска струја на светот. Почнува некаде од Мексиканскиот Залив, се движи кон Европа и се разделува на две гранки. Една гранка се движи кон Северна Европа покрај бреговите на Франција, Обединетото Кралство и Скандинавија а другата гранка продолжува кон Средоземното Море. Голфската струја се пресретнува со ладните струи што почнуваат со движење од Северноледен Океан.