Albedo 0.39 е албум од Вангелис објавен во 1976 година. Ова дело претставува концептуален албум и втор албум продуциран од Вангелис во Nemo Studios во Лондон. Овој албум се разликува од неговиот претходен албум Heaven and Hell каде било користено хорско пеење, додека во овој албум има употреба на џез звуци.
Албедо на еден објект претставува мерка колку истото рефлектира дифузна светлина од Сонцето. Името на овој албум е земено токму од овој поим.