L'Apocalypse des animaux (албум од Вангелис)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„L'Apocalypse des animaux“
Филмска музика од Вангелис
Издаден1973
СнименStudio Europa Sonor
Париз, 1970
ЖанрЕлектронска музика
филмска музика
Прогресивен рок
Траење35:00
Издавачка куќаPolydor
ПродуцентВангелис
Вангелис саундтрак — Хронологија
Sex Power
(1970)
L'Apocalypse des animaux
(1973)
Entends-tu les chiens aboyer ?
(1975)

L'Apocalypse des animaux е саундтрак албум од грчкиот композитор Вангелис. Музиката од албумот била направена за документарната серија Животинско царство во режија на Фредерик Росиф која била емитувана на француската национална телевизија во 1970 година.

Список на песни[уреди | уреди извор]

  1. "Apocalypse des animaux – Générique" – 1:26
  2. "La Petite Fille de la mer" – 5:54
  3. "Le Singe bleu" – 7:39
  4. "La Mort du loup" – 3:03
  5. "L'Ours musicien" – 1:03
  6. "Création du monde" – 10:03
  7. "La Mer recommencée" – 5:56

Преглед[уреди | уреди извор]

Овој албум е еден од најраните дела на Вангелис, снимен додека сѐ уште бил член на прогресивниот рок бенд Aphrodite's Child. Исто така албумот претставува и прва соработка на Вангелис со францускиот режисер Фредерик Росиф. Иако албумот бил издаден во 1973 година, музиката била снимена во 1970 година.