1492: Conquest of Paradise (албум од Вангелис)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„1492: Conquest of Paradise“
филмска музика од Вангелис
Издаден1992
Снимен1992
ЖанрЊу ејџ музика, инструментална музика, електронска музика
Траење54:44
Издавачка куќаAtlantic/WEA
ПродуцентВангелис
Вангелис — Хронологија
The City
(1990)
1492: Conquest of Paradise
(1992)
Blade Runner
(1994)
Alternative cover
Alternate album cover
Alternate album cover

1492: Conquest of Paradise е албум од Вангелис објавен во 1992 година.

Албумот бил објавен за истоимениот филм на Ридли Скот во кој е опишано патувањето на Кристофер Колумбо и откривањето на Америка во 1492 година.

Во овој саундтрак учествуваат голем број на изведувачи, вклучувајќи и два фламенко гитаристи и вокалисти, виолина, мандолина и кавал. Како и на голем број од претходните албуми на Вангелис, English Chamber Choir ги обавува хорските делови од композициите. Вангелис пак употребува синтисајзери, електрично пијано и хармоника и харфа. Јазикот на поголемиот дел од песните е латински.

Употреба[уреди | уреди извор]

Албумот во целост својата популарност ја доживеал во 1995 година. Во Германија на пример боксерот Хенри Маске ја искористил песната 1492: Conquest of Paradise како воведна тема при започнување на боксерските натпревари. Кога тој станал светски шампион песната добила широка употреба. Во Португалија пак локалната Социјалистичка партија ја користела песната во својата политичка кампања. Песната исто така се користела од страна на Crusaders, рагби тим од Нов Зеланд.

Список на песни[уреди | уреди извор]

  1. "Opening" – 1:21
  2. "Conquest of Paradise" – 4:47
  3. "Monastery of La Rábida" – 3:39
  4. "City of Isabel" – 2:16
  5. "Light and Shadow" – 3:46
  6. "Deliverance" – 3:28
  7. "West Across the Ocean Sea" – 2:53
  8. "Eternity" – 1:59
  9. "Hispañola" – 4:56
  10. "Moxica and the Horse" – 7:06
  11. "Twenty Eighth Parallel" – 5:14
  12. "Pinta, Niña, Santa María (Into Eternity)" – 13:19