Албумот Earth бил третиот по ред соло албум на грчкиот електронски композитор и изведувач Вангелис. Албумот бил издаден во 1973 година.
Овој албум од голем број на критичари бил прогласен како најдобар пример за прогресивниот рок. За разлика од некои други албуми на Вангелис, како Heaven and Hell на пример, овој албум не бил издаден на компакт диск долги години по неговото издавање.