Црква „Св. Пантелејмон“ - Ума

Координати: 41°09′09.57″N 22°19′38.72″E / 41.1526583° СГШ; 22.3274222° ИГД / 41.1526583; 22.3274222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Пантелејмон

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Втора гевгелиска
Местоположба

Карта

Координати 41°09′09.57″N 22°19′38.72″E / 41.1526583° СГШ; 22.3274222° ИГД / 41.1526583; 22.3274222
Место Ума
Општина Гевгелија
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Пантелејмон
Изградба XIX век
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Свети Пантелејмон — главна селска црква во гевгелиското село Ума. Црквата се наоѓа на самото сретсело, при што доминира во селото.

Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта на селото.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во селото Ума, сместено на падините на планината Кожуф, во југозападниот дел на Општина Гевгелија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во XIX век.[1]

Градба[уреди | уреди извор]

На градбата на црквата се појавиле оштетувања на кровот, со што настанале оштетувања на фреските, иконите и самата внатрешност на црквата. Мештаните пред дваесетина години успеале да го обноват кровот и тремот, како и да ја обноват камбанаријата.[1]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црквата располага со богат фрескоживопис, кој е надополнет со иконите на црквата, кои денес повторно се наоѓаат во нејзе, откако се вратени од Штипскиот музеј, каде биле однесени, откако селото било целосно раселено.[1]

Фрескоживописот исто така потекнува од периодот на изградба на црквата во XIX век.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Внатрешноста на црквата

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Профил на Општина Гевгелија“ (PDF). Општина Гевгелија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-09-28. Посетено на 1 јули 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]