Уларци

Координати: 41°51′32″N 22°15′51″E / 41.85889° СГШ; 22.26417° ИГД / 41.85889; 22.26417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 08:17, 6 ноември 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (→‎Надворешни врски: Кирилизација, replaced: Карти на Google → Карти на Гугл)
Уларци
Уларци во рамките на Македонија
Уларци
Местоположба на Уларци во Македонија
Уларци на карта

Карта

Координати 41°51′32″N 22°15′51″E / 41.85889° СГШ; 22.26417° ИГД / 41.85889; 22.26417
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 366 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 13042
Надм. вис. 284 м
Уларци на општинската карта

Атарот на Уларци во рамките на општината
Уларци на Ризницата
За велешкото село со сличен назив видете Уланци

Уларци — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Кочанското Поле и е дел од општината Чешиново-Облешево, западно од градот Кочани.

Се граничи со општина Карбинци кај село Крупиште.

Историја

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етниграф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 144 Македонци. Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, во 1905 година селото имало 208 христијани.

Во 1912 година е забележан еден жител од селото како член на македонско-одринското ополчение.

На 14 октомври 1944 година германскиот окупатор во селото извршил убиство на околу 40тина лица, во склоп на серијата масовни убиства што ги извршил во Штипско, Кочанско и Повардарието во тој период.[2]

Стопанство

Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Уларци живееле 540 жители, сите Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Уларци имало 208 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 366 жители Македонци.[5]

На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 144[3] 208[4] 334 351 465 503 516 427 378 366

Обршани  

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 884 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 220 гласачи.[8]

Поврзано

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Павле Ананиев и др. (ур.) „Загинаа за да живеат 1941-1945“, Кочани, 1981, 97-104 стр.
  3. 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  4. 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски