Википедија:Огласна табла за администратори/Архива 4: Разлика помеѓу преработките
LTA TARGET!!! Ознаки: Рачно отповикување Отповикано |
Restored revision 5014887 by Tumbuka Arch (talk) (TwinkleGlobal) Ознаки: Отповикај Отповикано |
||
Ред 2: | Ред 2: | ||
{{Архива-нав|4}} |
{{Архива-нав|4}} |
||
<!--Архива на барања од 2012 до 2016--> |
<!--Архива на барања од 2012 до 2016--> |
||
==ETERNAL DEMISE TO FOREVER N EVER SHITTY WIKIMEDIA F0UNDATION MISINF0RMATION, DISINF0RMATION, THE FAKE, CENSORED "ENCYCLOPEDIA" -approved by king nothing @jimbo Wales, LIST OF ETERNAL 😝 WIKIH0M0MAGG0TS-FAGG0TS! antandrus (dav'd), javaHurricane, leonidlednev, 1234qwer1234qwer4, XXBlackburnXx et al, all are under 18 perverted and sick wikiporn stars!!! WHY NEVER, EVER USE WIKIpFEDOIA AS SOURCE, AS IT ALSO HAS ZERO CREDIBITILY!!!== |
|||
www.nbcnews.com/id/wbna32588168 wikidia's collosal mistakes, of course, shit must happen here 24/7 or its not wikipedia "Encyclopedia"!!! |
|||
www.findingdulcinea.com/news/education/2010/march/The-Top-10-Reasons-Students-Cannot-Cite-or-Rely-on-Wikipedia.html |
|||
https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0:%D0%9E%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D1%82%D0%B0%D0%B1%D0%BB%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8/%D0%90%D1%80%D1%85%D0%B8%D0%B2%D0%B0_2&diff=prev&oldid=5014786 |
|||
https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0:%D0%9E%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D1%82%D0%B0%D0%B1%D0%BB%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8/%D0%90%D1%80%D1%85%D0%B8%D0%B2%D0%B0_1&diff=prev&oldid=5001759 |
|||
== „Содржината беше...“ при бришење на страници == |
== „Содржината беше...“ при бришење на страници == |
||
Преработка од 09:48, 17 јули 2023
„Содржината беше...“ при бришење на страници
Луѓе, внимавајте кога бришете вандализирани страници - на страницата за бришење, во полето „Друга/дополнителна причина:“ каде што дава извадок од содржината, да нема нешто што е вулгарно или несоодветно, оти истото се појавува во скорешните промени и не е убаво за гледање. Всушност, во поголемиот број случаи тоа поле треба да биде празно. --Brainmachine (разговор) 20:46, 27 март 2012 (CEST)
Како да се избрише страна на Википедиа?
Сакам да ми кажете како да се избрише странта на Википедиа (се работи за странта на Вардар Осигурување) заедно со нејзината историја зашто таа фирма веќе не постои и тие податоци се невалидни. Ви благодарам
- Може да има статија иако компанијата не постои. Препишете ја статијата во минато време. Поздрав--Никола Стоіаноски 10:35, 17 мај 2012 (CEST)
Статии
Може да се одобрат статиите за Наце Димов и Марко Бошнаков? И двете се надополнети со галерија слики. И ако можат да се стават другите јазици од страна во статијата Востание на Петар Делјан. Ептен штуро изгледа без нив.
Поздрав, Стефан.
- Промените се одобрени.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:46, 3 јуни 2012 (CEST)
Здраво
Ве молам избришете ја http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%86%D0%B0,_%D0%A1%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0 затоа што имам згрешено во насловот ... —Претходниот непотпишан коментар е додаден од M4r51n (разговор • придонеси) 02:18, 16 јули 2012
- Готово Поправено е со пренасочување --Brainmachine (разговор) 18:05, 18 јули 2012 (CEST)
Проблем
Здраво има проблем во инфокутијата во статијата Мал нуркач Поздрав! —Претходниот непотпишан коментар е додаден од M4r51n (разговор • придонеси) 21:35, 21 јули 2012
- Освен некои непреведени поими во инфокутијата, јас не наидов на други проблеми. Направив превод на тие поими и чинам дека сега е добра. --Brainmachine (разговор) 15:43, 22 јули 2012 (CEST)
Инфокутија - проблем
Здраво има проблем во инфокутијата во статијата Скалата - Чифлик (археолошки локалитет) Поздрав! M4r51n (разговор) 23:14, 23 јули 2012 (CEST)
- Го проверив и тестирав и шаблонот е во ред. Тие грешки што се појавуваат се како резултат на немање зададено географски координати на локалитетот. Тоа може да се реши на еден од трите начини: целосно да се замени Предлошка:Инфокутија за археолошки локалитет во Република Македонија со Предлошка:Инфокутија Археомак (треба да се менува секоја статија одделно), да се избрише опцијата „карта“ во Предлошка:Инфокутија за археолошки локалитет во Република Македонија или да се додадат координатите на локалитетот во самата статија. Сè најдобро.--Никола Стоіаноски 23:47, 23 јули 2012 (CEST)
шаблон
Додадов шаблон инфокутија во статијата Рејне од англиската гвикипедија затоа што нема инфокутија за село на македонскава и има некои проблеми.. Поздрав —Претходниот непотпишан коментар е додаден од M4r51n (разговор • придонеси) 21:26, 25 јули 2012
Вики средба
Уште стои известувањето за вики средба за 31 Јули дали јас имам проблеми или?M4r51n (разговор) 01:35, 2 август 2012 (CEST)
Марионети: Romanski1996 и FilipVtori
Ми падна сомнително што Romanski1996 даде два гласа ([1], [2]) во полза на FilipVtori по уредувачка пауза од 7 месеци и дополнителното истражување на двете сметки на Ризницата ме натера да побарам CheckUser — проверка од страна на стјуардите. Тие ми потврдија дека Romanski1996 е марионета на FilipVtori. Корисник:Romanski1996 ја блокирав бесконечно, а Корисник:FilipVtori (главната сметка) ја блокирав во период од 6 месеци. --Brainmachine (разговор) 02:18, 9 август 2012 (CEST)
- Можеби е престрого периодот од шест месеци. Гледам дека како корисник FilipVtori има доста сработено за 2012 година. Но доколку правилата си се правила, не сакам да навлегувам...--Тиверополник (разговор) 15:43, 9 август 2012 (CEST)
- Нема некаде определено колку точно да биде блокот и дали воопшто треба да се блокира корисникот кога станува збор за марионетирање. Размислував за тоа дали е премногу и дали отсуството е на наша штета. Ама, од друга страна, човекот направи штета и можеби ќе продолжеше да ја прави со тоа што ја мамеше заедницата. Безобразно е да имаш резервна сметка и да си додаваш гласови во твоја полза кога ќе ти затреба. Ај, ќе го сменам периодот на 1 месец. Се надевам дека по паузата FilipVtori ќе се врати и дека ќе продолжи со добрата работа, а дека ќе нема веќе вакви измами. --Brainmachine (разговор) 15:51, 10 август 2012 (CEST)
Проблем со вики врските
Кога ќе се стисне на копчето за поставување на вики-врска што и да се напише се регистрира како постоечка страница. Со што се губи предноста на новиот начин на поставување вики-врски. Има некој проблем најверојатно.
И на француската и на англиската Википедија го забележав истиот проблем овие неколку дена. Има некакви вести околу се...--Макс(разговор) 17:59, 11 август 2012 (CEST)
- Може ли да наведеш некој пример, каде тоа се случува? Јас немам забележано таквоо нешто, ако врската е црвена, се си функционира нормално. --brest (разговор) 18:06, 11 август 2012 (CEST)
- И кај мене се јавува истиот проблем. Еве пример: http://imgur.com/91Ccy --Brainmachine (разговор) 18:45, 11 август 2012 (CEST)
- Може да се извести на bugzila ова. Најверојатно грешка во кодот. Но без разлика на пораката, врската ќе биде додадена како што треба, така што ова не е некој голем проблем да се продолжи со користење на новиот начин на поставување нљ вики врски.--brest (разговор) 19:29, 11 август 2012 (CEST)
Интервики
Здраво, на главната страница под интервикијата има едно линкче Целосен список во линкот фали : http// е... проверете :) --M4r51n (разговор) 18:39, 3 февруари 2013 (CET)
Избрана статија
Ја предложив статиајта Дивље јагоде за избрана статија но згрешив во насловот наместо Дивље јагоде напишав Дивље Јагоде кој може нека го поправи.. благодарам --M4r51n (разговор) 14:33, 27 февруари 2013 (CET)
Однесување на администраторот Brest
Сакам да ги известам администраторите дека, во последно време, однесувањето на администраторот Brest со некои активни корисници воопшто не е во склад со начелата за пристојност, добронамерност и без лични напади. Во продолжение изнесувам неколку случувања подредени по хронолошки редослед, со коишто сакам да ја искажам мојата загриженост:
- Случување бр. 1
- Датум: 27 февруари 2013.
- Опис: Brest ја брише страницата МедијаВики:Sitenotice којашто служи за објавување на соопштенија за важни случувања на Википедија на македонски јазик.
- Забелешка: Навистина не гледам која е причината страницата да биде целосно избришана, кога отстранувањето на некои застарени соопштенија секогаш го вршиме со нивно поединечно бришење од оваа страница. Покрај тоа, бришењето на страници коишто може да ги уредува само одредена група на корисници мора секогаш да биде во согласност со заедницата, а во овој случај не постои ниту дискусија за тоа дали треба оваа страница да се брише, ниту пак согласност од страна на некој друг корисник.
- Полезни врски: страница којашто е избришана; последователна дискусија.
- Од последователната дискусија која ја наведувате, мислам дека е сосема јасно за што станува збор и не гледам зошто сето тоа се драматизира. Од сите наведени „Случувања“ само во овој случај ги имам употребено моите администраторски привилегии.--brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
- Случување бр. 2
- Датум: 4 април 2013.
- Опис: Brest со остар тон го обвинува корисникот Kiril Simeonovski дека со неговото бришење на дел од статија има несоодветен однос кон новите корисници. Притоа, делот од статијата којшто е избришан во целост ги задоволува критериумите за бришење како неенциклопедиски и напишан со големи букви. Сепак, по кратката дискусија со корисникот Kiril Simeonovski, Brest му пишува на авторот на статијата и го известува дека истата мора да задоволи одредени стандарди за квалитет за истата да опстои на Википедија.
- Забелешка: Проблемот во оваа ситуација мислам дека е тоа што Brest напаѓа корисник, без претходно да го опомене авторот на делот од статијата за постоењето на стандарди за квалитет. Во случај авторот да знаел за оваа работа, тој можеби би се потрудил истиот да биде енциклопедиски и не би дошло до потребата од негово бришење. Понатаму, не гледам оправдување да се напаѓа активен корисник на Википедија на македонски јазик којшто совесно си ја извршува својата должност.
- Полезни врски: дискусија; спорно уредување; предупредување на авторот.
- Почитуван Kiril Simeonovski, навистина се драматични вашите чувства кога некој ќе ви се обрати на еден културен начин да бидете повнимателни со новите корисници. Еве како се обратив кон вас: „Здраво Kiril Simeonovski, мислам дека би можело малку пољубезно да постапуваме кон новите корисници кои се обидуваат да ги направат првите чекори на википедија. Ревертирањето на нивниот полчасовен труд, без никакво образложение мислам дека воопшто не е во духот на Википедија. Поздрав“ Незнам каде гледате тука остар тон и обвинување? Тука има само укажување на вашите постапки кои по мое мислење не водат кон тоа да ги задржиме новите корисници. Веројатно како резултат на тоа новиот корисник целосно ги избриша своите придонеси (види Историја на промените на страницата за СУ „Никола Карев - Струмица и Историја на придонеси на корисникот Dumbasss5). Но веројатно овие корисници не се дел од вашите проекти, па не заслужуваат посебно внимание.--brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
- Случување бр. 3
- Датум: 24-25 април 2013.
- Опис: Brest влегува во дискусија со корисникот Bjankuloski06 во врска со нејаснотиите околу употребата на поимите „чучурлига“ и „чучулига“, во којашто уште од самиот почеток употребува неодмерен тон и ги отфрла сите обиди на Bjankuloski06 да му објасни дека едниот од пимите е прифатен според Правописот на македонскиот литературен јазик.
- Забелешка: Сметам дека ваквиот начин на дискусија е несоодветен на Википедија на македонски јазик и секогаш треба да се има почит кон соговорникот.
- Полезни врски: дискусија; статија за којашто станува збор.
- Повторно непотребно и несоодветно драматизирање на работите и надмено однесување. Моите укажувања на почитуваниот Bjankuloski06 беа конкретно поврзани со употребата на правилниот назив за птицата „чуч(р)лига“ а како одговор добив негов личен напад врз мене за употреба на поими кои се широко прифатени во реалниот живот. Еве што пишав кај Bjankuloski06 „Здраво, имај го предвид следниов коментар [3], пре пренасочувањето од Чучрулигите во Чучулиги и останати акции, најдобро би било прво да ги појасниш на разговорната страница твоите акции, за да нема забуни кај понеискусните уредувачи на википедија. Поздрав.“ а што според Kiril Simeonovski значело дека „од самиот почеток употребувам неодмерен тон ...". Како аргумент за точноста на своите тврдења Bjankuloski06 ги посочува следниве референци: ова наспроти ова, и ова [посебен речник, иако на иста страница], а особено ова, но откако од Guc zc му е посочено ова, нема никаква понатамошна реакција со која би се признала барем мала грешка во врска со „чучу(р)лигите“. Патем Guc zc е долгогодипшен професор по македонски јазик и секако дека не случајно ги употребил поимите за кои зборуваме. Guc zc исто така е раководител на вики секција во едно средно училиште каде кое јас имам помогнато да заживеат активностите со моите неперфектни предавања, па претпоставувам дека тоа е причината за таквиот однос на Bjankuloski06. Јас во целата оваа конверзација се појавувам само со желба да помогнам да ги задржам новите вредни уредувачи како што е Guc zc. Ако тоа некому пречи тогаш навистина се прашувам дали вреди да се биде дел од оваа заедница. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
- Овој проблем беше малку непотребно драматизиран, но јас се разбрав со корисникот веднаш на неговата страница и не е точно дека немало реакција од моја страна а пропо даденото посочување. Јас прашав кои се нивните извори и реков дека ако стручната јавност така прави, дека нема проблем. Ми беше посочено и јас реков во ред. Коментарот за јазикот со кој општиш беше на истото место упатен само бидејќи беше на истото место употребен и нема никаква врска со овој проблем. И тоа не се зборови од реалниот живот, да викаш „викимедија фодацијата“, а и да се, тоа се погрешни за раководител на енциклопедија. Нивото е нула. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:13, 14 мај 2013 (CEST)
- Повторно непотребно и несоодветно драматизирање на работите и надмено однесување. Моите укажувања на почитуваниот Bjankuloski06 беа конкретно поврзани со употребата на правилниот назив за птицата „чуч(р)лига“ а како одговор добив негов личен напад врз мене за употреба на поими кои се широко прифатени во реалниот живот. Еве што пишав кај Bjankuloski06 „Здраво, имај го предвид следниов коментар [3], пре пренасочувањето од Чучрулигите во Чучулиги и останати акции, најдобро би било прво да ги појасниш на разговорната страница твоите акции, за да нема забуни кај понеискусните уредувачи на википедија. Поздрав.“ а што според Kiril Simeonovski значело дека „од самиот почеток употребувам неодмерен тон ...". Како аргумент за точноста на своите тврдења Bjankuloski06 ги посочува следниве референци: ова наспроти ова, и ова [посебен речник, иако на иста страница], а особено ова, но откако од Guc zc му е посочено ова, нема никаква понатамошна реакција со која би се признала барем мала грешка во врска со „чучу(р)лигите“. Патем Guc zc е долгогодипшен професор по македонски јазик и секако дека не случајно ги употребил поимите за кои зборуваме. Guc zc исто така е раководител на вики секција во едно средно училиште каде кое јас имам помогнато да заживеат активностите со моите неперфектни предавања, па претпоставувам дека тоа е причината за таквиот однос на Bjankuloski06. Јас во целата оваа конверзација се појавувам само со желба да помогнам да ги задржам новите вредни уредувачи како што е Guc zc. Ако тоа некому пречи тогаш навистина се прашувам дали вреди да се биде дел од оваа заедница. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
- Случување бр. 4
- Датум: 1-3 мај 2013.
- Опис: На селската чешма започнува дискусија меѓу корисниците Brest и Kiril Simeonovski во врска со бројот на активни корисници на Википедија на македонски јазик. Но, по неколку коментари Brest употребува зборови со коишто упатува навреда за дел од активните корисници на Википедија на македонски јазик дека работат за некој да добие 1420 евра. Тој, исто така, обвинува и дека се користат пари на движењето за „плаќање туѓи сметки“, иако одлука за тоа имаат донесено луѓето коишто работат во Фондацијата Викимедија. Понатаму, Brest дури споменува и дека треба да им се објасни на корисниците што прават и за кого го прават истото.
- Забелешка: Мислам дека ваквото однесување, не само што не му доликува на еден администратор, туку е и штетно за самата заедница на Википедија на македонски јазик. Ние, како корисници, не уредуваме за никого и нам не ни е целта да сработиме нешто за некој друг да добие парични средства. Што се однесува до предлог-проектот за којшто се побарани парични средства, Фондацијата Викимедија веќе има дадено позитивно мислење со тоа што има дозволено проектот финансиски да се подржи. Brest сигурно не е оној којшто треба да коментира дали вработените во Фондацијата се во право или не, бидејќи не е вработен таму и никој претходно не го прашал да го каже своето мислење. Освен тоа, обидот за незадоволството да се искаже на Википедија на македонски јазик со тоа што активнити корисници ќе се употребат како „заложници“ е многу непристојно.
- Полезни врски: дискусија; препорака за проект; дискусија за препораката; дискусија во којашто Brest објавува дека не ја поддржува препораката.
- Следејќи ги сите настани поврзани со случките кои ги изнесува овде Kiril Simeonovski, може да се свати дека неговиот фокус е насочен против мене само поради тоа што имам искажано мое лично мислење околу неговиот предлог како член на meta:FF_portal/2012/FF_members Wikimedia Flow Funding за финансирање на проект на Економскиот факултет. Наместо да се потруди да одговори на моите прашања и да ја запознае пошироката викизаедница со проектот Kiril Simeonovski избира да изнесе обвинувања и напади врз мене (овде на оваа страница), барајќи од заедницата на википедија на македонски јазик, поточно од администраторите коишто не биле вмешани во горенаведените случувања да преземат соодветни мерки. Веројатно ценејќи дека пдпобро е да ме обвини наместо да одговори на поставените прашања. Посебно загрижува неговата изјава дека Brest „сигурно не е оној којшто треба да коментира дали вработените во Фондацијата се во право или не, бидејќи не е вработен таму и никој претходно не го прашал да го каже своето мислење“. Ова е многу несериозен однос кон викизаедницата и кон донаторите кои ја поддржуваат нивната работа. Тоа секако дека директно нанесува штета на проектите на Фондацијата и секако на википедија како еден од проектите. Јас како член на викизаедницата чувствувам дека имам право да го изнесам своето мислење и дека никој не треба да си земе за право да ме спречи во тоа. Посебно не Kiril Simeonovski кој се јавува во улога на предлагач и одобрувач на средствата. Доколку сум бил во заблуда дека го имам тоа право, тогаш ќе го преиспитам моето понатамошно учество во проектите на Фондацијата. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
Морам да признаам дека со својата активност Brest навистина има голем удел во зголемувањето на бројот на активни корисници на Википедија на македонски јазик, но тоа не значи дека може да се однесува како сопственик на проектот и да прави што сака. Поради тоа, искрено ќе ги замолам администраторите на Википедија на македонски јазик коишто не биле вмешани во горенаведените случувања да се изјаснат во поглед на ова прашање и да преземат соодветни мерки. Се надевам дека набргу ќе се отвори дискусија со којашто проблемот ќе биде решен овде и со тоа нема да се јави потребата за прашањето да биде поставено на Мета. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:46, 3 мај 2013 (CEST)
- Јас никаде не сум се однесувал како сопственик на проектот ниту тоа некаде сум го изјавил. Дали почитувани вие се однесувате како сопственици на проектот? Постојат повеќе индиции дека имате таквии аспирации преку нељубезниот однос кон уредувањата на новите корисници и стравот дека приливот на нови корисници ќе ви ја растури таа илузија дека целосно го контролирате проектот?--brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
Дополнителни примедби
Би сакал да додадам други примедби и би побарал да се земат предвид, а што сметам дека се значајни и многу сериозни. Треба да влезат во проблематиката на оваа страница и на Мета (доколку одат): --Б. Јанкулоски (разговор) 01:01, 7 мај 2013 (CEST)
1. Редовно менување на поими и пренасочувања без консултација, кои одат спротивно на практиката и консензусот (искажан или подразбран од практиката). Вакви потајни работи се случуваат како тука, така и на translatewiki.net, кајшто се преведува самиот систем. Оваа појава оди до тој степен што потајно и без никаква консултација го менуваше на разни места името (т.е. макед. име) на новиот и важен проект „Википодатоци“ (англ. Wikidata), подмолно настојувајќи да било Википодаток (data е множина, а и здраворазумски е да биде преведено така). Не ми пречи да се проблематизира преводот, јас не сум никаков монопол, но едно цело име не еден цел проект да се менува на битни системски места без консултација е недозволиво.
- translatewiki.net е отворено/јавно вики и мојата работа таму е јавна како и вашата работа, така што во никој случај не може да стане збор за „потајни работи“ и „подмолно настојување“. Ако го прифатиме тоа за вистина тогаш вашата работа е исто така „потајна“ и „подмолно настојувате“ да протуркате некои поими. Се разбира јас не мислам така и сметам дека вашата работа е племенита и треба да се цени, но далеку од тоа дека сте безгрешни. Дали вие сте се консултирале со некого за преводот? Колку што можам да забележам од дневниците на промена на соодветните страници освен ние двајцата, некои ботови и корисници (неговорници на македонскиот јазик) кои работат на техничко одржување на страниците никој друг не учествувал во средување на страниците, така што стои вашето мислење наспроти моето мислење за преводот. Бидејќи изгледа дека вие полагате монопол на translatewiki.net и пропагирате безгрешност би ве замолил доколку најдете за сходно да го исправите следниов превод: http://translatewiki.net/wiki/MediaWiki:Welcomeuser/mk, кој е направен исклучиво од ваша страна согласно со дневникот на промени на страницата: http://translatewiki.net/w/i.php?title=MediaWiki:Welcomeuser/mk&action=history. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
Сета флагрантна негрижа за јазикот е газење по нашиот труд да имаме некаков углед како понудувачи на содржини на македонски јазик кои инаку не постојат на други места, или постојат напишани/преведени со крајна негрижа и непознавање на јазикот од сосем некомпетентни лица. Со тоа се разградува ткивото на јазикот, што е веќе повеќе од очигледно меѓу луѓето (особено младите), и тоа до фрапантни граници. Кирил знае за ова поподробно, му имам посочувано бескрајно многу примери. Моите обиди за да се спасиме од тежок дилетантизам секогаш не наоѓаат слух и намерно се занемаруваат, одејќи против нив. Највеќе што сум добил како одговор (кога сум го добил) е дека тоа што го велам требало да се дискутира и не било јасно само од себе. Само не знам како е јасно кога другите бараат помош или ги советувам? Само кај него не е јасно.
- Како коментар на овој пасус, би ви ја посочил страницата Личен сметач, која своевремено беше и на Главната страница како избрана. Кирил знае за ова бидејќи лично ја постави на Главната страница. За мноштвото „поими, јасни сами од себе“ кои се употребуваат само во оваа статија веројатно не сум забележал дека има водено дискусија на википедија за нивно прифаќање. А како илустрација за тоа каков е ставот на заедницата за оваа работа за тие што имаат време може да ја погледнат следнава дискусија]. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
- Јас реков дека станува збор за подразбрано, т.е. имплицитно прифаќање и таман работа да има дискусија за сите (од кои грото се неспорни). Ако некој мисли дека не нешто е во ред, нека оспори и ќе дискутираме. Овој пример што го посочуваш е единствениот што беше дискутабилен (иако заправо не беше дискутабилен, како што не е на српски или словенечки јазик, а ние го имаме истиот пандан) ама ајде, да речам дека може да е предмет на расправа. Со ова ги заматуваш сите други стотици примери кајшто флагрантно правиш што сакаш, на ниво на полуписменост на раководител на енциклопедија. Немој да ми ги извртуваш работите. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:30, 14 мај 2013 (CEST)
- Како коментар на овој пасус, би ви ја посочил страницата Личен сметач, која своевремено беше и на Главната страница како избрана. Кирил знае за ова бидејќи лично ја постави на Главната страница. За мноштвото „поими, јасни сами од себе“ кои се употребуваат само во оваа статија веројатно не сум забележал дека има водено дискусија на википедија за нивно прифаќање. А како илустрација за тоа каков е ставот на заедницата за оваа работа за тие што имаат време може да ја погледнат следнава дискусија]. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
2. Негрижа за јазикот и начинот на изразување и примерот што се дава на корисниците како администратор и претседател, присутен на проектите во установите. Во самите уредувања, а и во разговорите. Како енциклопедија не можеме да имаме кредибилитет со таков јазик и однос. Ов а се повторува и покрај тоа што е укажано по не знам кој пат. Истото важи и за дилетантизмот и несериозноста во изразување во интервјуата за надворешни медиуми, што е особено страшно. Ова е разградување на ткивото кое самите со заеднички сили го градиме со години. Насилство врз општиот дух и консензус. Ставање на предлошки за немање извори пред неколку години на најголемиот дел од страниците без никаква консултација, сосем самоволно. Секој од нас редовните уредници знае дека тоа е така и што значи, но ова е многу погубно за угледот на нашата работа кај сите вон нашата група, јавноста итн. бидејќи сами се поткопуваме во кредибилитетот (во нивното сфаќање, ние самите велиме дека е сомнително тоа што е напишано, што само на јавноста ѝ ги потврдува предрасудите за Википедија што постојат). Повеќе пати укажано и до сега веќе две години (ако не и повеќе) се нема направено ништо на таа тема за да бидат отстранети. Кому му служи тоа? Секој може да види дека нема извори, особено ако се работи за толкав број на статии? Кога сите тие ќе се пополнат и како?? Се работи за огромен број на статии. Впрочем, наскоро на Википодатоците ќе биде воведен систем на наводи и извори, каде истите ќе се ставаат право таму и ќе можат или да се прикажуваат во нашите статии (македонските пандани), или ако не, со бот да се организира нивно ставање. Доста ми е веќе од тие клеветнички шаблончиња горе. Смачено ми е.
- Како и Kiril Simeonovski и вие сакате да ја инволвирате заедницата на википедија за задоволување на вашите лични фрустрации за неможноста целосно да го контролирате проектот. Доколку имало наведени извори во статиите за кои зборувате тогаш „клеветничкиот шаблон“ за недостаток на извори немало ни да се постави. Но секако како на сопственик на проектот потребно било „ставањето на предлошки за немање извори на најголемиот дел од страниците“ да се направи со ваша консултација и одобрување иначе ќе ви се „смачи“. За работа на Викимедија Македонија, мојата како претседател но и на другите членови на здружението мислам дека треба да се дискутира на друго место а вашиот обид за поентирање по таа основа е премногу инфантилен за да биде сериозно сватен. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
3. Сите грдни пренасочувања за секоја страница од сите јазици, што сосем ја разводни содржајноста на нашата Википедија во мерилата. И тоа до тој степен што ние сме речиси единствени што немаме показател за „длабочина“ во списоците на википедии. Исто така направено без никаква консултација и подлабоко размислување. Чуму сите тие пренасочувања? Само проблем ни направија.
- На оваа тема се дискутираше премногу, секој си го искажа своето мислење тогаш, за жал не можам да го забележам вашето мислење, [тогаш кога се расправало за тоа]. Драго ми е што по две години го слушнав и вашето мислење. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
4. Очигледна неспособност во предавањата во установите во однос на тоа како треба и како мора да се уредува. Јазикот е (барем делумно) многу лош, форматирањето е нула, се случуваат ужасни, ужасни уредувања секој ден. За тоа сноси одговорност само тој што ги организирал да го прават тоа.
- Јас ја сносам мојата одговорност. Греши тој кој што работи. Тој кој не работи не прави никакви грешки. Се надевам дека еден ден способна и талентирана личност како што сте вие ќе направи перфектни предавања после кои слушателите ќе прават прекрасни уредувања. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
5. Најшокантна е дрскоста кон Кирил и можеби други, кога беше споменато дека наводно некој одработувал нешто за нечија парична корист. Вакви тенденции на однесува мора да се сосечат веднаш и од корен бидејќи се чума за проектот.
- Реков во коментарите погоре дека јас како член на викизаедницата поставив прашања на кои не добив одговор, т.е. сè уште чекам на одговор. Наместо културен одговор добив каконада на неосновани и беспредметни обвинувања. Сметам дека имам право на тоа и така ги сваќам работите. Од ова што го читам тука очигледно е дека ако некој поставува прашања мора веднаш „да се сосече од корен“ а по потреба и да му се сотре семката до девето колено, бидејќи е чума за проектот, пардон за тие кои полагаат сопствеништво на проектот. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
- Сега и злобници нè направи. Големи пречки за коишто се смета дека се трајно штетни ја изискуваат таа аналогија, и нема врска со „сој“ и „семка“ и било какви лични глупости. Однесувањето е тоа што е чир за проектот. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:17, 14 мај 2013 (CEST)
- Реков во коментарите погоре дека јас како член на викизаедницата поставив прашања на кои не добив одговор, т.е. сè уште чекам на одговор. Наместо културен одговор добив каконада на неосновани и беспредметни обвинувања. Сметам дека имам право на тоа и така ги сваќам работите. Од ова што го читам тука очигледно е дека ако некој поставува прашања мора веднаш „да се сосече од корен“ а по потреба и да му се сотре семката до девето колено, бидејќи е чума за проектот, пардон за тие кои полагаат сопствеништво на проектот. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
- Сите ние имаме его, ретко кој си ги признава грешките или се поправа, па една ваква јавна опомена не сум сигурна дека ќе вроди плод, гледано на долги патеки. Зборувам општо, сега читам за Брест, другпат било или ќе биде за друг. Но добро, можеби па јас грешам, и јавната опомена ќе предизвика подобрување на нечие однесување? Се разбира дека ова што е наведено погоре како поплака, изгледа оправдано. Немам што да додадам или да одземам, ме нема одамна на Википедија, но мои најголеми поплаки против корисникот Брест се во корелација со неговата функција претседател на Викимедија, а тоа овде не е тема. Толку од мене, поздрав -- --Виолетова (разговор) 14:32, 7 мај 2013 (CEST)
Сумарен одговор: Мислам дека премногу драматични се неоснованите и беспредметните обвинувања изнесени од Kiril Simeonovski и Bjankulovski06 и не се во духот на википедија. Обвинувањата се изнесени овде на Огласната табла за администратори а не на Селска чешма каде би било вообичаено тоа да се направи, иако само една моја акција посочена во обвинувањата е преземена од моја страна со користење на администраторските привилегии. Веројатно тоа е направено за да се направи поголема драма и привид кај останатите членови на заедницата дека некој од позиција на администратор ги прави сите тие „злодела“. Другите обвинувања се обвинувања врз правото на еден обичен корисник да го искаже своето мислење и да побара одговор на некои прашања кои се од интерес на викизаедницата. Исто така има обвинувања насочени кон мојата работа околу привлекувањето на нови корисници, за што секако дека сносам одговорност, но ги повикувам тие кои сметаат дека можат подобро, тоа да го направат во првиот погоден момент и им посакувам да не направат никаква грешка. За работата на Викимедија Македонија и избраните органи на здружението постојат други места каде што можело и може да се разговара и да се носат соодветни одлуки. --brest (разговор) 14:10, 13 мај 2013 (CEST)
Заклучна забелешка
Не знам дали следуваат коментари на одговорите, но јас дадов само два, и предлагам другите да се изјаснат, доколку така следува. Јасс коментирав само на де работи за кои најдов време, а останатите се непомалку за коментирање и непомалку шокантни по неприфаќањето и дрскоста во обвинувањата, извртувањето на работите и немање никаква совест - секоја сама за себе. Ако следат, нека повелат учесниците. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:46, 14 мај 2013 (CEST)
- Дали има предлог-решенија за моменталниов спор? Мене ми сметаше работата на ботот на Брест од моментот на поставување секакви јазични пренасочувања па навака. Не е за занемарување и конфликтите кои сме ги имале, пред сè неизразувањето желба за компромиси за некои работи. Но не можам да менувам личности на луѓето. Предлог кој го давам јас за да се исправат некои грешки направени со ботот на Брест се:
- Бришење на сите пренасочувања кои не се на македонски јазик
- Употреба на ботот за дејства за кои ќе одлучи заедницата, а не корисникот. Сега за сега, исправањето правописни грешки, пожелување добредојде на нови корисници и ставање шаблон СЗР низ разговорите се основните работи на ботот. Преку посебна страница да се поставуваат барања за ботот, и без одобрение од заедницата да не се преземаат дејства кои се разликуваат од погорните три. Ова важи за сите ботови.
- Ако смета некој дека треба да се преземат мерки за самиот корисник (како споменатите: неговото однесување, тврдоглавоста, самоволието, кориснички права) предлагам да се отвори арбитража. Вака зборување напразно не е вкусно ни за мене, ни за Брест а ни за сите Википедијанци, верувам. Мал придонес од мене. Поз--Никола Стоіаноски 00:06, 15 мај 2013 (CEST)
Мене навистина не ми се допаѓа незаинтересираноста кај администраторите во врска со оваа работа и сакам да искажам искрено незадоволство од несовесното извршување на нивните функции во овој случај. Не сакам да анализирам дали некој нема време да седне и да даде свое мислење или можеби причината е некоја друга, но нема никакво оправдување без оглед на тоа што е. Сите, како администратори, многу добро знаете дека оваа функција не е никаков престиж и дека има доза на одговорност којашто мора да се потврди со тоа што ќе се посредува и даде мислење во врска со многу важни прашања поставени, токму овде, на огласната табла за администратори. Како што постои доделување на администраторски права, на ист начин постои и нивно одземање. Ако сметате дека не можете да бидете активни, тогаш откажете се. На Википедија на македонски јазик не ѝ се потребни неактивни администратори, коишто не се запознаени и не „сакаат“ или не се „заинтересирани“ за решавање на проблемите коишто се настанати. Има други луѓе коишто би можеле да ја извршат оваа функција посовесно. Покрај тоа, кога Никола веќе спомена сроведување на арбитража за однесувањето на администраторот Brest, јас само да напоменам дека постои и арбитража за однесувањето на администраторите. Немојте ова да го сфатите како некоја закана, но јас не гледам никаков интерес за да се реши овој проблем. Извини Никола, но на твоето прашање за предлог-решенија одговор треба да дадеш самиот ти. Јас сум администратор којшто го поднесува барањето и претставува конфликт на интереси доколку јас го направам тоа.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:09, 15 мај 2013 (CEST)
- Кирил малку ја претеруваш. Ова е сериозна работа и бара сериозна дискусија. Како сакаш да има решение ако нема предлог-решенија? Туку така да се донесат одлуки, кој како сака. Ако не се согласува некој со мојата одлука? Што правиме тогаш? Затоа треба прво да се види кое предлог-решение треба да се реализира. Јас дадов предлог решенија, а луѓето треба да се изјаснат, не ти реков ти мора да пишеш. Кога збориме за активноста на администраторите, тоа е лично право дали администраторот придонесува или не. Јас предложив еднаш да се отстранат тие неактивни администратори и вие бевте против. И сега сум го сменил мислењето и го почитувам мислењето на заедницата. Зошто да му се одземат правата на еден корисник ако не е активен? Кое правило е тоа? Освен јас, ти, Рашо, Тиверополник и Бојан (ако забраев некој, нека прости), на сите другите треба да им се одземат правата. Не си за ова во право. Патем гледам веќе некој одбрал едно од предлог-решенијата - одземање администраторски права.--Никола Стоіаноски 17:27, 15 мај 2013 (CEST)
- Веќе ако сметаш дека треба да има предлог-решенија коишто треба да бидат разгледани, тогаш предложи ги за да бидат разгледани од страна на другите администратори. Твоите предлози коишто ги гледам немаат врска со моето барање. Овде не станува збор за пренасочувањата или за ботот. Арбитражата е веќе добро предлог-решение. Што се однесува до активноста на администраторите, мислам дека не си во право и ги мешаш поимите „корисник“ и „администратор“. Секој има свое право да одлучи дали активно ќе придонесува или не како корисник, но откако веќе ќе стане администратор тогаш тој се обврзува дека ќе се однесува како администратор во случаите кога има потреба од тоа. Тоа ти е исто како да споредуваш обичен граѓанин на држава и претседател на држава. Доколку на пример се случи да има земјотрес, секој граѓанин има право да одлучи дали ќе отиде до местото каде што има најсериозни последици или не и тоа право не може никој да му го оспори. Но, веќе ако граѓанинот е претседател на држава, тогаш тој е обврзан да го стори тоа, инаку би бил подложен на сериозни критики и негодувања. Инаку, јас никаде не сум кажал дека на Brest треба да му бидат одземени администраторските права. Повикав да се предложат решенија и јас би го прифатил секое коешто би довело до подобрување на неговото однесување.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:48, 15 мај 2013 (CEST)
- Кирил јас веќе дадов предлог - арбитража. Таму ќе се наведе на колку период не смее корисникот да уредува, да користи администраторски алатки и слично. Прекршување на одлуката од арбитражата води до одземање на правата (привремено или трајно).--Никола Стоіаноски 17:54, 15 мај 2013 (CEST)
- Предлогот за арбитража веќе споменав дека е добро предлог-решение, но сепак треба да видиме што ќе кажат другите администратори.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:57, 15 мај 2013 (CEST)
- Ги извести некој нив? Ако не, треба да се известат.--Никола Стоіаноски 17:58, 15 мај 2013 (CEST)
- Не и немој воопшто да ги известуваш. Тоа е веќе агитација. Секој од нив треба да знае која е улогата на огласната табла за администратори. Ќе си прочитаат таму и таму ќе дадат свое мислење.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:01, 15 мај 2013 (CEST)
- Веќе ги известив, и тоа не е агитација, туку практика која ја применуваме за известување на заедницата. Некои се полуактивни, не се секогаш на Википедија. Нека се изјаснат што решение да се донесе, арбитража, одземање права или некое друго.--Никола Стоіаноски 18:08, 15 мај 2013 (CEST)
- Многу прогледуваш низ прсти, ама ајде нека биде. Вака, само ќе се намали функционалноста на огласната табла за администратори, којашто и онака е премногу мала. Страницата е создадена за да се намали време при известување на голем број на администратори, но доколку сметаш дека е така најдобро, тогаш ќе го прифатам тоа.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:12, 15 мај 2013 (CEST)
- Над 7 дена, никој не враќа, очигчедно не ни виделе. Затоа да се известат не е лошо.--Никола Стоіаноски 18:14, 15 мај 2013 (CEST)
- Многу прогледуваш низ прсти, ама ајде нека биде. Вака, само ќе се намали функционалноста на огласната табла за администратори, којашто и онака е премногу мала. Страницата е создадена за да се намали време при известување на голем број на администратори, но доколку сметаш дека е така најдобро, тогаш ќе го прифатам тоа.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:12, 15 мај 2013 (CEST)
- Веќе ги известив, и тоа не е агитација, туку практика која ја применуваме за известување на заедницата. Некои се полуактивни, не се секогаш на Википедија. Нека се изјаснат што решение да се донесе, арбитража, одземање права или некое друго.--Никола Стоіаноски 18:08, 15 мај 2013 (CEST)
- Не и немој воопшто да ги известуваш. Тоа е веќе агитација. Секој од нив треба да знае која е улогата на огласната табла за администратори. Ќе си прочитаат таму и таму ќе дадат свое мислење.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:01, 15 мај 2013 (CEST)
- Ги извести некој нив? Ако не, треба да се известат.--Никола Стоіаноски 17:58, 15 мај 2013 (CEST)
- Предлогот за арбитража веќе споменав дека е добро предлог-решение, но сепак треба да видиме што ќе кажат другите администратори.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:57, 15 мај 2013 (CEST)
- Кирил јас веќе дадов предлог - арбитража. Таму ќе се наведе на колку период не смее корисникот да уредува, да користи администраторски алатки и слично. Прекршување на одлуката од арбитражата води до одземање на правата (привремено или трајно).--Никола Стоіаноски 17:54, 15 мај 2013 (CEST)
- Веќе ако сметаш дека треба да има предлог-решенија коишто треба да бидат разгледани, тогаш предложи ги за да бидат разгледани од страна на другите администратори. Твоите предлози коишто ги гледам немаат врска со моето барање. Овде не станува збор за пренасочувањата или за ботот. Арбитражата е веќе добро предлог-решение. Што се однесува до активноста на администраторите, мислам дека не си во право и ги мешаш поимите „корисник“ и „администратор“. Секој има свое право да одлучи дали активно ќе придонесува или не како корисник, но откако веќе ќе стане администратор тогаш тој се обврзува дека ќе се однесува како администратор во случаите кога има потреба од тоа. Тоа ти е исто како да споредуваш обичен граѓанин на држава и претседател на држава. Доколку на пример се случи да има земјотрес, секој граѓанин има право да одлучи дали ќе отиде до местото каде што има најсериозни последици или не и тоа право не може никој да му го оспори. Но, веќе ако граѓанинот е претседател на држава, тогаш тој е обврзан да го стори тоа, инаку би бил подложен на сериозни критики и негодувања. Инаку, јас никаде не сум кажал дека на Brest треба да му бидат одземени администраторските права. Повикав да се предложат решенија и јас би го прифатил секое коешто би довело до подобрување на неговото однесување.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:48, 15 мај 2013 (CEST)
- Кирил малку ја претеруваш. Ова е сериозна работа и бара сериозна дискусија. Како сакаш да има решение ако нема предлог-решенија? Туку така да се донесат одлуки, кој како сака. Ако не се согласува некој со мојата одлука? Што правиме тогаш? Затоа треба прво да се види кое предлог-решение треба да се реализира. Јас дадов предлог решенија, а луѓето треба да се изјаснат, не ти реков ти мора да пишеш. Кога збориме за активноста на администраторите, тоа е лично право дали администраторот придонесува или не. Јас предложив еднаш да се отстранат тие неактивни администратори и вие бевте против. И сега сум го сменил мислењето и го почитувам мислењето на заедницата. Зошто да му се одземат правата на еден корисник ако не е активен? Кое правило е тоа? Освен јас, ти, Рашо, Тиверополник и Бојан (ако забраев некој, нека прости), на сите другите треба да им се одземат правата. Не си за ова во право. Патем гледам веќе некој одбрал едно од предлог-решенијата - одземање администраторски права.--Никола Стоіаноски 17:27, 15 мај 2013 (CEST)
- Бидејќи разговорот отиде многу далеку, предлагам да се прекрати со дискусија и да се оди на гласање за тоа дали да бидат одземани администраторските права на Brest. Значи оваа барање се однесува само за целосно одземање на правата. Доколку некој друг смета дека е потребно да се намалат преку предупредување или слично треба истото барање да го достави. Истото се однесува и за останатите предлог-решенија но доколку се дискутира околу тоа дали треба да се избришат пренасочувањата или употребата на ботот во исто време некој кој се разбира од овие работи треба да даде тврдо решение како истите ќе бидат отстранети или истите ќе мораат рачно да бидат отстранети со поддршка од администраторите и останатите корисници. Доколку некој смета дека овие подпредлози (предлогрешенија) треба да влезат во едно барање слободно може и тоа да го направи--Тиверополник (разговор) 18:32, 15 мај 2013 (CEST).
- Искрено, јас повеќе сакам да уредувам отколку да учествувам во вакви дискусии. Времето што го трошам (а малку го имам) сакам да го искористам за да направам некоја статија плус. И плус тоа, секој месец (буквално секој месец) се среќавате по вики средби и отворете ја оваа тема и вербално решете ја. Вака со пишување мене ми е понесериозно. Нашата заедница е мала и сите се знаеме. Мислам дека со разговор во 4 очи ќе се разбереме--Р ашо 18:33, 15 мај 2013 (CEST)
- Јас лично, ако веќе избираме меѓу одредени „казни“, сметам дека опомена и забрана за користење администраторски алатки за период од 3 месеци е доволно. Ова е само површен, мој, предлог за можно решение. Ќе се отвори посебна страница, Википедија:Одземање на администраторски права, и таму прво ќе се наведат правилата и условите за одземање администраторски права, како и видовите на одземање на администраторски права. На истата страница, во посебен дел може да се направи Дневник на одземање на администраторски права, каде ќе се наведат поранешните админи, причините за нивното повлекување и слично. За подетално околу одземањето на правата видете ова. Во врска за администраторските права на неактивни корисници, прочитајте го ова (од истата страница):
- Искрено, јас повеќе сакам да уредувам отколку да учествувам во вакви дискусии. Времето што го трошам (а малку го имам) сакам да го искористам за да направам некоја статија плус. И плус тоа, секој месец (буквално секој месец) се среќавате по вики средби и отворете ја оваа тема и вербално решете ја. Вака со пишување мене ми е понесериозно. Нашата заедница е мала и сите се знаеме. Мислам дека со разговор во 4 очи ќе се разбереме--Р ашо 18:33, 15 мај 2013 (CEST)
„ | Admin accounts which have made no edits or administrative actions for at least 12 months may be desysopped. This desysopping is not to be considered permanent, or a reflection on the user's use of, or rights to, the admin tools. The admin must be contacted on their user talk page and via e-mail (if possible) one month before the request for desysopping and again several days before the desysopping goes into effect. Desysopping on inactivity grounds should be handled by English Wikipedia bureaucrats. The summary in the user rights log should make it clear that the desysopping is purely procedural. If necessary, the user's userpage should be edited to clarify the status — particularly if any categorization is involved. For example, the userbox {{User wikipedia/Administrator}} should be replaced with {{User wikipedia/Former administrator|inactive=yes}} .
|
“ |
Позз--Никола Стоіаноски 20:38, 15 мај 2013 (CEST)
- Сметам дека ова е добро правило да се применува. Ако ништо друго, од сигурносни причини. --Милош (разговор) 23:11, 15 мај 2013 (CEST)
- Исто така стојам на кажаното да се избришат пренасочувањата и да се користат ботовите само по барање на корисници (за покрупни работи со консензус), никако по своја волја. Сега за сега, ботовите слободно може да се користат за правописни грешки, ставање шаблон Сзр и посакување добредојде.--Никола Стоіаноски 20:40, 15 мај 2013 (CEST)
- Во основа, ботовите би требало да се користат само за оние работи за кои им бил одобрен статусот. Ако се стави експлицитно во начелата на Википедија на македонски јазик, не би имало понатамошни проблеми. --Милош (разговор) 23:11, 15 мај 2013 (CEST)
- Исто така стојам на кажаното да се избришат пренасочувањата и да се користат ботовите само по барање на корисници (за покрупни работи со консензус), никако по своја волја. Сега за сега, ботовите слободно може да се користат за правописни грешки, ставање шаблон Сзр и посакување добредојде.--Никола Стоіаноски 20:40, 15 мај 2013 (CEST)
- Сметам дека ова е добро правило да се применува. Ако ништо друго, од сигурносни причини. --Милош (разговор) 23:11, 15 мај 2013 (CEST)
Ми се чини дека се заборава основната улога на администраторите: „блага“ администрација и помагање во спроведувањето на одлуките на заедницата. Под заедница се подразбираат сите корисници, а не само администраторите. Тоа што овој проблем е изнесен на огласната табла за администратори не значи дека администраторите треба да донесат сопствена одлука и да ја применат. Почна некаква дискусија, која доколку ја поминете од почеток до крај изгледа недовршена, и некако се премина на бирање на казна. Мислам дека сè уште има простор за расчистување на недоразбирањата. Барем на Википедија тоа би требало да биде (релативно) едноставно. --Милош (разговор) 23:19, 15 мај 2013 (CEST)
Ваквата дискусија со анализа на предложени решенија веќе ми се допаѓа и навистина ми е жал што не беше започната порано. Сепак, никогаш не е доцна. Гледам дека постои делумна согласност во врска со привремено одземање на администраторските права, што мислам дека е сериозна опомена и би требало да вроди со плод. Но, треба да се почека што мислат и другите администратори.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:31, 15 мај 2013 (CEST)
Предлог
Бидејќи разговорот отиде многу далеку, предлагам да се прекрати со дискусија и да се оди на гласање.--Тиверополник (разговор) 16:19, 15 мај 2013 (CEST)
- Прочитав се, и според мене ова гласање е избрзано, односно личи на некаквна пресуда. Дај ако може да се стават 3-4 предлога за „казни“, па да изгласаме која е најсоодветна и според неа да постапиме. Еве предлагам на пример:
- Трајно отстранување на администраторски права
- Блокирање (односно одземање на правата на некој период)
- Онеспособување на ботот (доколку е активен, а другите се против неговата работа) и сл. --Р ашо 18:27, 15 мај 2013 (CEST)
Предлог 2
Бидејќи на некој начин се започна со конструктивна работа, што навистина ми се допаѓа, ќе дадам еден предлог кој оди во прилог на работата. Пред да започне гласањето, прво добро да се дефинираат правилата за гласање и арбитража. Мислам дека веќе имаме добар почеток кој може да вроди со плод. За тоа време додека не се заврши таа работа (без разлика колку време ќе треба тоа да се направи, што поскоро тоа подобро) јас лично ќе ги замрзнам сите моите активности кои изискуваат администраторски привилегии, колку што знам најчесто до сега сум користел опции за бришење на непотребни статии [4], блокирање/одблокирање на корисници [5] за кои сум сметал дека треба така да се постапи, заштитувања/одзаштитувања [6] за кои сум сметал дека така треба да се постапи, а во поново време користам админ привилегии за тестирање на софтверот за спроведување на образовни програми, ама нема ни тоа да го користам ако се инсистира иако во план ми се повеќе активности токму во овој период, други администраторски привилегии не се сеќавам дека користам, ако има некоја важна привилегија која сум ја заборавил а е опасно да ја користам кажете. Значи се воздржувам од користење на сите администраторски привилегии до утврдувањето на тие правила, со што ќе ви биде овозможено спокојно да работите на дефинирањето на правилата за арбитража без да се плашите дека одненадеж јас ќе ги употребам тие привилегии. Практично за тоа време ефективно моите администраторски привилегии ќе бидат суспендирани. Ако го прекршам ова мое ветување намерно или ненамерно тогаш на првото посочување за таквоо дејствие од било кого се согласувам веднаш да исчезнам од овој проект. Нема да побарам ама ќе сметам дека е фер од нивна страна, ако и другите администратори/бирократи кои се активно вклучени во изнесување на обвиненија врз мене да ги прифатат истите овие услови. Откако ќе се постигне согласност дека е изграден добар систем на правила за арбитража и гласање, тогаш слободно за било кое прашање гласајте и изгласајте тоа што сметате дека е најприкладно. До тогаш, за да не се бламираме како администратори/бирократи, но и како викизаедница пред јавноста и покрај желбата на мнозинството дискутанти да изречат некаква казна, мое мислење е дека е добро да се тргне барањето за одземање на администраторски права [7]. Сметам дека истото е поставено набрзина без да се води сметка за последиците по нашата заедница, и делуваме како неразумна толпа која по секоја цена сака да изврши „линч“. Мој апел е секој кој сака да дискутира тоа да го направи на трезвен начин, со изнесување на факти, придржувајќи се кон конкретниот спор без широко и непотребно дефокусирање. Пред да искоментирате било што барем проверете да нема многу печатни грешки вашиот коментар. Ако не се сложувате со овој предлог тогаш претпоставувам дека мнозинството претпочита да се продолжи со неаргументираните напади и како толпа да пресуди. Поздрав. --brest (разговор) 02:00, 16 мај 2013 (CEST)
- Е на ова и мислев. Прво да продискутираме за можно решение, па потоа да се реагира. Твојот предлог е сличен на моето размислување: забрана за користење на администраторски алатки за одреден период и ако се прекрши ова да се одземат.--Никола Стоіаноски 11:18, 16 мај 2013 (CEST)
- Се согласувам со овој пристап. Еден вид на медијација: додека трае процесот, корисникот несмее да ги користи своите права како администратор. Медијацијата може да ја води целата заедница или неколку (пожелно само-)норминирани искусни уредувачи. --Милош (разговор) 11:47, 16 мај 2013 (CEST)
- Е на ова и мислев. Прво да продискутираме за можно решение, па потоа да се реагира. Твојот предлог е сличен на моето размислување: забрана за користење на администраторски алатки за одреден период и ако се прекрши ова да се одземат.--Никола Стоіаноски 11:18, 16 мај 2013 (CEST)
Ама ич не си помагаш со тоа што извртуваш. „Неаргументирани предрасуди“ - јасни и аргументирани расудувања на веќе извршени дела. „Печатни гршеки“ не се проблем, твоите грешки не се ни грешки ни печатни туку се флагрантно користење на јазик каков што не е соодветен и е срамота за проектот. Енциклопедијата им кажува на луѓето како треба а не како е, во безгрижната јавност. Не ги бркај работите. --Б. Јанкулоски (разговор) 02:22, 16 мај 2013 (CEST)
Предлог 3
Се извинувам ако го прекршувам правилото со тоа што се вклучувам во дискусијата и давам свој предлог, но гледам дека и Brest како вклучена страна произлегол со свој предлог, така што сметам дека нема да биде на домет да бидам краток и јасен во поглед на еден „човечки“ предлог. Во дискусијата започната на страницата од барањето за одземање на администраторските права на администраторот Brest, корисникот Вик Ретлхед спомена дека извинување кон мене би бил епилог којшто сигурно би ми одговарал и би довел до надминување на непријатната ситуација. Се согласувам со ова во целост, но мене Brest ме нема лично навредено и затоа јас не гледам зошто би требало да ми се извини. Сепак, неговата навреда е насочена кон други корисници, коишто, тој изјави, дека „одработуваат“ за некој да заработи пари и дека тоа треба ним да им се објасни. Мојот предлог е, како дел од мерката којашто ќе биде изречена, Brest да сноси целосна одговорност за оваа негова изјава и да биде обврзан јавно да им се извини на овие корисници и на целата Вики-заедница за нанесената навреда. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:27, 16 мај 2013 (CEST)
Преместување
Дали некој може да ја премести страницата -Википедија:Барања за администраторски статус/M4r51n 2 на Википедија:Барања за администраторски статус/M4r51n 2 ... а воедно и да гласате :) Поздрав! --M4r51n (разговор) 21:41, 22 јуни 2013 (CEST)
Одобрување на корекции во статии
Здраво Администратори,
Пред повеќе од три месеци направено е ажурирање на некои статии поврзани со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип кои се уште не се одобрени и повеќе го нема табот на статијата кој означува дека има промени на истата.
Станува збор за следниве статии:
- Економски факултет Штип
- Правен факултет - Кочани
- Факултет за туризам и бизнис логистика - Гевгелија
- Филолошки факултет - Штип
- Електротехнички факултет - Радовиш
- Машински факултет - Виница
Дали има некој проблем со статиите или не се правилно ажурирани?
Ви благодарам за соработката и го очекувам вашиот одговор.
Поздрав и пријатен ден.
- Здраво. Статиите се добри, само имам два совета кои би довеле до поквалитетни статии:
- да се пишува во минато неопределено свршено време (Факултетот имал..., Факултетот работел...)
- да се пишува енциклопедиски, неутрално, без фалби и комплименти. Една секција од статијата за Економскиот факултет во Штип треба да се препише на академски стил, не саморекламирачки. Поз--Никола Стоіаноски 11:43, 11 јули 2013 (CEST)
Благодарам на советот и брзиот одговор. Ќе се потрудиме да ги подобриме статиите. Поздрав.
Неодамнешен инцидент
Однесувањето на корисникот Svetski-Makedonski-Kongres, поточно овој коментар бара администраторско внимание. Такво однесување во секој случај е недозволиво и треба да се санкционира.--Вик Ретлхед (разговор) 01:34, 2 октомври 2013 (CEST)
Pogledati ovo korisnik koji ima 29 naloga i ovde maltretira i zlostavlja sve redom. --Kolega2357 (разговор) 00:05, 8 октомври 2013 (CEST)
- Го блокирав поради говор на омраза, нарушување на личниот интегритет и закана. Блокиран е бесконечно. Предупреден е и корисникот Univerzitetski.Profesor,--Никола Стоіаноски 19:34, 8 октомври 2013 (CEST)
- Исто така го предупредив и корисникот Обединета Дијаспора. --Никола Стоіаноски 19:39, 8 октомври 2013 (CEST)
Слика на Тодор Петров е номинирана за бришење на Wikimedia Commons
Почит до сите! Дали приметивте дека некои сака да му ја избрише сликата на Тодор Петров во Ризницата на Википедиа (Wikimedia Commons)! Поздрав, Македонско ВремеМакедонско Време (разговор) 11:02, 17 октомври 2013 (CEST)
- Сликите на проф. Б. Ванковска се тргнати пред 4 месеци од ризницата!
Страната на Зоран Заев
Ве молам да ми дадете дозвола за да сменам информации во политичката активност на Зоран Заев каде не е наведено никаква политичка активност туку има само погрешна информација дека бил апсен што навистина НЕ СМЕЕ да се пишуваат такви информации освен во случаи каде личноста која се апси е докажано дека е обвинет !!!
Однапред благодарам !
Помош за отворање на нова страна на други јазици
Почитувани, би замолила некој да ми даде инструкции за отворање на нова страна на други јазици или линкови за помош и начин како истата да ја поврзам со македонската верзија на страницата. Благодарам на соработката и вниманието. Поздрав. Btina2009 (разговор) 15:11, 4 март 2014 (CET)
НГТ во статијата Григор Прличев - барање за помош
Здраво! Пред околу три седмици зафатив некои промени во статијата за Григор Прличев, бидејќи сметав дека статијата не е балансирана (затоа што ја немаше гледната точка на самиот Прличев, нито на историчари надвор од Македонија, а на некои места во статијата има и неточности или непотполни цитати, кои менуваат смислата). Дел од тие промени (пред се ситни) беа вратени од Корисник:Dalco26. Попрашав го Далчо за објаснување, но немаше одговор. Затоа продолжив да уредувам. Подоцна Корисник:MacedonianBoy ги врати уредувањата што ги бев направил и ме советува ако имам "бугарски тези" за Прличев да ги ставам во посебна секција именувана "Бугарска гледна точка" во крајот на статијата. Го прашав што значи "бугарски тези", дали тоа што самиот Прличев вели за себеси е исто така "бугарска теза", и зошто смета што "бугарските тези" треба да бидат во посебна секција, но одново немаше задоволителен одговор (види целиот разговор тука). Јасно е што MacedonianBoy нема намера да дискутира повеќе. Затоа барам помош. Може ли некој да објасни зошто се неприфатливи уредувањата кои ги направив? Најважното прашање е: дали тоа што вели самиот Прличев за својот живот не е доволно значајно за да биде претставено во статијата посветена на него? Tropcho (разговор) 23:55, 25 април 2014 (CEST)
- Дали некој ќе сподели мнение? Зар е толку трудно да се одговори дали Прличевата гледна точка е доволно значајна за да биде во статијата? Tropcho (разговор) 23:42, 3 мај 2014 (CEST)
- Според мене одговорот на тоа прашање е јасен и не вервам да има човек тука којшто да не е согласен. Тогаш можеби некој се сомнува што Прличев многу пати во своето творештво писал што се смета за бугарин, а својот јазик и народ ги смета за бугарски? Tropcho (разговор) 20:56, 21 мај 2014 (CEST)
Шаблон Бугарски извори за Македонија
Здраво, видев што се е појавил овој интересен шаблон. Сметам дека шаблон од тој вид нема место на Википедија (или барем нема полза од него) бидејќи не ги исполнува критериумите на Википедија за проверливост. Предлагам да биде избришан, освен ако корисникот, којшто го создал шаблонот, не објасни зошто е прифатлива употребата на таков шаблон. Tropcho (разговор) 23:32, 13 јуни 2014 (CEST)
Одобрување на верзија на англиски јазик
Почитувани администратори, ве молам за помош: создадов верзија на англиски јазик на неодамна создадената страница за Македонското хералдичко здружение, Macedonian Heraldry Society но таа е предложена за бришење. Па, ве молам погледнете ја дискусијата на Talk страницата и воедно ве молам за помош доколку можете да влијаете кај вашите колеги од странство. Благодарам однапред. HeraldikaMK (разговор) 15:56, 27 јули 2014 (CEST)
Deprecated toolserver.org URLs in MediaWiki namespace
There is a list of pages here which must be updated: etherpad:localjs-toolserver.org. --Nemo bis (разговор) 20:45, 7 август 2014 (CEST)
[Global proposal] m.Википедија.org: (сите) Уредување на страници
Hi, this message is to let you know that, on domains like mk.m.wikipedia.org, unregistered users cannot edit. At the Wikimedia Forum, where global configuration changes are normally discussed, a few dozens users propose to restore normal editing permissions on all mobile sites. Please read and comment!
Sorry for writing in English but I thought as administrators you would be interested. Thanks, Nemo 23:26, 1 март 2015 (CET)
Однесување на корисникот Jingiby
Сакам да ги замолам админситраторите да обрнат внимание на однесувањето на корисникот Jingiby на разговорната страница на статијата Македонци, каде што тој му се обраќа на корисникот Dalco26 со коментар во којшто го нарекува „платен пратеник на владата“ кој ја проширува „политиката на Груевски“. Јас немам ништо лично против корисникот Jingiby, досега не сум влегол во некој спор со него и го ценам неговиот конструктивен придонес на Википедија на македонски јазик. Но, неговото однесување со коешто крајно се нарушени правилата на учтивост и воздржување од лични напади, при што друг корисник е обвинет за платено уредување и вмешување на политика на проектот, мислам дека мора да биде строго казнето. Од неговата историја на блокирање можам да забележам дека на 21 април 2012 година бил блокиран во времетраење од 6 месеци за слично однесување. Ќе ве замолам за мислење со предлози околу мерките коишто треба да бидат преземени. Ви благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:57, 19 март 2015 (CET)
- Почитувани г-не Симеоновски, овој мој став не е напад кон Далчо, а е заснован врз напишаното од самиот него на мојата разговорна страницаи: Не сум платен писач на ДПМНЕ, туку на Владата на Република Македонија. Предизборниот манифест на ВМРО ДПМНЕ, по политичките избори во Македонија веке е дел од програмата на Владата на Република Македонија. Те молам немој да спориш со мене, јас сам лојален граѓанин на Македонија кој ги извршува сопствените обврски, како си ги извршуваш и ти своите кон Република Бугарија ... Јас се извинувам за моето мнение, ама што може човек да заклучи после ваква порака? Сакам да одбележам, дека јас немам специални обврски ниту кон владата ни на Република Бугарија, ни кон таа на Македонија, а кон паметта на моите деди од Македонија и кон историската вистина. Поздрав. Jingiby (разговор) 07:12, 19 март 2015 (CET)
- Ви благодарам на одговорот Jingiby. Фактот што корисникот пишал такво нешто во некоја пригода не е оправдување за крајно неучтиво однесување со лични напади за работи коишто отсекогаш се сметало дека може негативно да влијаат врз заедницата. Мое како администратор на Википедија на македонски јазик е да побарам случајот да се разгледа и да се преземат соодветни мерки. Јас нема да донесам одлука без никаква согласност од останатите администратори.--Kiril Simeonovski (разговор) 08:36, 19 март 2015 (CET)
- Само да дополнам, дека вистината понекогаш не е арна за секоj, но е вистина. Да припомнам и што во извештајот за работата на владата на ВМРО-ДПМНЕ за 2006-2010 година беше најавено, дека е исполнет проект на Владата за проширување на постоечките статии поврзани со Македонија и создавање на нови такви во Википедијата на македонски јазик. Според владиниот документ преку проектот се биле изготвени повеќе од 24 000 порачкови статии. Во Отчетот на ВМРО – ДПМНЕ во делот проекти за унапредување на информатичкото општество се велеше дека зголемувањето на македонски содржини на Википедија е дело и остварено достигнување на партијата. Во извештајот за работата на владата за следниот период 2011- 2014 година се вели: Македонија на Википедија. Го зголемуваме бројот и обемот на статиите за Македонија на македонски јазик, достапни на интернет на Википедија, кои можат да се користат како содржини и во наставниот процес. Од страна на 20-тина студенти од ФИНКИ и УЈИЕ направени се нови и квалитетни статии. Проектот ќе продолжи на останатите факултети од сите универзитети, средните училишта, но и во основните училишта. Jingiby (разговор) 09:42, 19 март 2015 (CET)
- Почитувани г-не, и што излегува? Сум напишал само и едноставно реченицата: Далчо, нели помниш што написа преди време: "Не сум платен писач на ДПМНЕ, ами на правителството на Република Македониja". И што е лага или навреда тука? Ова е самата вистина и само вистината! Иначе мога да го цитирам ставот кон лугье што пишуваат "наука" по порака на Владата на проф. Проева: Во случајов, станува збор за однос на научниците кон актуелната политика, кој најблаго речено е конформистичка, и за жал е ист како и во минатиот режим, само насочен во обратен правец. Имено, научниците заземаат страна со неискажување на нивниот став, кога тоа не е во согласност со режимот, така и со отворено и јасно изјаснување. Првото се нарекува автоцензура и тоа преовладуваше во минатото, а второво е ставање во служба на политичарите, без оглед дали тоа се бара од нив или не, и не може поинаку да се дефинира освен како [sic]: “интелектуална проституција“! Со поддржување на антикоманијата, всушност свесно се создава клима за градење митови...“. Jingiby (разговор) 10:51, 19 март 2015 (CET)
- Само да дополнам, дека вистината понекогаш не е арна за секоj, но е вистина. Да припомнам и што во извештајот за работата на владата на ВМРО-ДПМНЕ за 2006-2010 година беше најавено, дека е исполнет проект на Владата за проширување на постоечките статии поврзани со Македонија и создавање на нови такви во Википедијата на македонски јазик. Според владиниот документ преку проектот се биле изготвени повеќе од 24 000 порачкови статии. Во Отчетот на ВМРО – ДПМНЕ во делот проекти за унапредување на информатичкото општество се велеше дека зголемувањето на македонски содржини на Википедија е дело и остварено достигнување на партијата. Во извештајот за работата на владата за следниот период 2011- 2014 година се вели: Македонија на Википедија. Го зголемуваме бројот и обемот на статиите за Македонија на македонски јазик, достапни на интернет на Википедија, кои можат да се користат како содржини и во наставниот процес. Од страна на 20-тина студенти од ФИНКИ и УЈИЕ направени се нови и квалитетни статии. Проектот ќе продолжи на останатите факултети од сите универзитети, средните училишта, но и во основните училишта. Jingiby (разговор) 09:42, 19 март 2015 (CET)
- Ви благодарам на одговорот Jingiby. Фактот што корисникот пишал такво нешто во некоја пригода не е оправдување за крајно неучтиво однесување со лични напади за работи коишто отсекогаш се сметало дека може негативно да влијаат врз заедницата. Мое како администратор на Википедија на македонски јазик е да побарам случајот да се разгледа и да се преземат соодветни мерки. Јас нема да донесам одлука без никаква согласност од останатите администратори.--Kiril Simeonovski (разговор) 08:36, 19 март 2015 (CET)
Блокирај! --Р ашо 17:38, 19 март 2015 (CET) Навреда како оваа е сосема спротивна на самата Википедија и на нејзините принципи. И не е само таа. Секое негово уредување е спорно, контроверзно, конфликтно и предизвикувачки. Самите описи на уредувањата кои ги става се навредливи кон корисниците и кон одредена нација на пример. (пример 1, пример 2, пример 3, пример 4, пример 5 и илјада други примери) Очигледно е дека неговото присуство тука нема никаква врска со википедиско уредување, туку кон стварање конфликти. Мој предлого е или повеќегодишен блок или трајно банирање од уредување на статии поврзани со Македонија.
Блокирај! --Ehrlich91 (разговор) 19:23, 19 март 2015 (CET) Морам и јас да се сложам со оваа мерка на Рашо, затоа што корисникот и покрај моите добри напори и толерирање кон него како кон сите корисници на македонската Википедија, постојано наидувам на навредувачки коментари, бришења и целосни изменувања на страниците без никакво право и никакви образложувања, едноставно однесување кое не може да се толерира и понатаму. Едноставно оваа последна работа, може да се каже дека само ја прелива чашата со вода, бидејќи и покрај тоа што корисникот е постојано предупредуван од повеќе администратори и корисници продолжува со своето однесување, сметам дека поминато е времето на предупредувања и блокирања на кратки периоди, туку треба да се блокира на подолг временски период или трајно!
Неприфатливо однесување по наведените основи. Наведените мерки се соодветни. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:06, 19 март 2015 (CET)
Ви благодарам на коментарите и дополнително приложените доказни материјали за однесувањето на корисникот за коишто немав увид. Мислам дека станува збор за случај во којшто корисникот Jingiby е неволен за соработка со останатите корисници; постојано и упорно се однесува на начин којшто ги нарушува начелата на Википедија, личниот интегритет на корисниците и работната атмосфера на Википедија на македонски јазик; а се двоумам дека тој воопшто се труди да помогне во подобрувањето на квалитетот на содржините на ова јазично издание. Се мислам дали случајот да го пријавам на повисоко ниво, каде што глобалната заедница подетално би се запознала.
Во врска со казната, гледам дека сите едногласно се согласуваат корисникот да биде блокиран, а со предлозите се оди дотаму да биде блокиран дури и трајно. Сега за сега, ќе земам да го блокирам со времетраење од една година и мислам дека ова треба да биде последно пред трајно блокирање. Не сум админситратор кој сака да им оневозможува на корисниците да уредуваат на Википедија, но секое трпение си има свои граници.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:36, 19 март 2015 (CET)
Ултранационалистичка пропаганда на Википедија на македонски
Вчера администраторот Ehrlich91 го отповика едно мое уредување на статијата за царот Самуил и ме блокира за два часа (со објаснување "бугарска пропаганда"), иако уредувањето беше поткрепено со веродостојни извори (од Oxford University Press, Cambridge University Press, University of Michigan Press и сл.) и на практика слабо се разликува од уводот на статијата за Самуил на англиската Википедија. Ова беше злоупотреба со административни привилегии од страна на Ehrlich91.
За многубројните проблеми со националистичката пропаганда во статијата за Самуил на Википедија на македонски сум пишал веќе повеќе пати (на пример тука и тука), а корисникот Ehrlich91 и порано е користел административни инструменти за да ја блокира работата по статијата (пример: ноември 2014).
Накратко кажано, статијата ја претставува водечката гледна точка (дека Самуил бил цар на Бугарија) како маргинална, а истовремено ја претставува маргиналната, ултранационалистичка гледна точка како водечка. Ова е нарушување на правилото за неутрална гледна точка.
Во врска со тие настани, сакам да прашам следното:
Имаат ли администраторите на македонската Википедија волја за борба со ултранационалистичките ставови?
Или е таа конечно киднапирана и платформата на Википедија се користи за ширење на ваква ултранационалистичка пропаганда (како во одобрената од Ehrlich91 верзија на статијата) со дозвола и поддршка на администраторите и покрај правилата на Википедија? Има ли овде администратор којшто ги почитува правилата на Википедија и сака да интервенира? Tropcho (разговор) 16:42, 3 октомври 2016 (CEST)
- Чекај, чекај, чекај. Кој си ти да даваш мислења и да судиш која гледна точка е маргинална, ако ја е вистинската. Како што ти тврдиш дека маргиналната (промакедонска) е ставена во прв ред, јас така твдрам дека маргиналната (пробугарска), сакаш ти да ја ставиш во прв ред. Е така не може на википедија. На твоите ултранационалистички ставови не им е местото на википедија, и сметам дека треба да бидеш баниран за сите видови уредувања поврзани со Македонија. Истото е дискутирано секоја година почнувајќи од првата статија на македонска википедија. Најголемата дискусија пред неколку години со учество на бугарски википедијанци ја напиша статијата и тогаш се реши дека е со НГТ. Сега испаѓа плукам, па лижам.--Р ашо 21:21, 3 октомври 2016 (CEST)
- @Raso mk: Колку што разбирам, тврдиш дека стручниците од Оксфорд, Кембриџ и воопшто надвор од Македонија ги бранат бугарските ултранационалистички ставови? Океј. Зошто не сум изненадeн од твојот став?
- Пред неколку години е немало голема дискусија, па и јас не одговарам за ставовите на други википедијанци. Јас гледам сегашната состојба на статијата. Проблемите се неразрешени од години. Tropcho (разговор) 16:20, 4 октомври 2016 (CEST)
- Falsified image(s?) Come, prove it Моите придонеси и достигнувања таму се неспорни и недостижни. --Р ашо 21:08, 4 октомври 2016 (CEST)
- На Македонската Викепедия голем дел от администраторите са цензори, които се борат против неутралната гледна точка по историческите теми. Jingiby (разговор) 19:04, 3 октомври 2016 (CEST)
На македонската Википедија водечка гледна точка на историските теми се ставовите на македонската наука, исто како што е тоа случај на било која јазична Википедија. Не постои нарушување на неутрална гледна точка, бидејќи во статиите на историски теми ги ставаме и туѓите гледни точки за личност, настан. Поздрав -- Виолетова (разговор) 19:53, 3 октомври 2016 (CEST)
Мојот став отсекогаш бил дека во случај кога станува збор за чувствителни теми со повеќе гледишта, гледиштото коешто преовладува во литературата на јазикот на којшто е јазичното издание на Википедија треба да има предимство. Во конкретниот случај, тоа значи дека главно гледиште е она коешто преовладува во литературата на македонски јазик. Се разбира, тоа не значи дека е потребно да се цензурираат останатите гледишта поткрепени со веродостојни извори, туку само дека истите треба да бидат додадени во дел насловен „Други гледишта“.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:47, 3 октомври 2016 (CEST)
- @Kiril Simeonovski и Виолетова: колку што гледам, на страницата за НГТ на македонската Википедија нема ни збор за давање предимство на преовладувачкото гледиште на било кој јазик. Напротив, таа вели: "Статиите без предрасуди ги опишуваат дебатите праведно, наместо да се залагаат за некоја страна на дебатата" и "мора да бидат напишани со праведно претставување на гледиштата, пропорционално и без пристрасност." Џимбо Велс, пак, експлицитно вели дека различните јазични верзии на Википедија можат да се разликуваат што се однесува до ситни детали, но за НГТ не може да се преговара. Како е тоа компатибилно со давање предимство на местните ставови?
- А што значи давање предимство? Во статијата за Самуил не само што е детално застапено и опишано националистичкото гледиште. Згора на тоа, ова гледиште е претставено како најпопуларно и надвор од Македонија. Спротивното гледиште, пак, е претставено како бугарско (и одделено во дел насловен "Тези на историографијата во Република Бугарија"), иако ова е најприфатеното гледиште надвор од Македонија. Ова е едноставно лажно претставување. Нема ни п од пропорционално. Ако ова е давање на предимство, тогаш тоа е неспојливо со политиката на Википедија за НГТ.
- (Нема тука нито да ги коментирам фалсификуваните (или просто "неточни") преводи на Георг Острогорски (порано и на Шарл Дил) во статијата, или фактот дека во уводот на статијата се искористени две дузени стари извори за да се докажуваат тези, коишто тие извори воопшто не ги поддржуваат, а истовремено се игнорираат цел куп други современи и веродостојни извори. За се тоа сум пишал на разговорната страница, но видно е дека желба за диалог по овие прашања овде нема (ни одговор од 2014 г.), а секој обид за уредување и отстранување на овие проблеми (дури и најкултурниот) се блокира од членови на административниот одбор.)
- Ако помеѓу администраторите овде дејствително има конзензус дека овој начин на "давање предимство" на националистички ставови е прифатлив, сметам дека можеби вреди прашањето да се дискутира и на меѓународно ниво. Tropcho (разговор) 16:02, 4 октомври 2016 (CEST)
- Тука се води битка да не се загрозува македонскиот идентитет = Македонска нација + антиквизација + српски патернализам + бугарофобија + албанофобија. Ниту политиката на Википедија за НГТ не ги интересира админите, ниту обективната вистина. Jingiby (разговор) 17:09, 4 октомври 2016 (CEST)
- @Tropcho: Најпрво, мислам дека е непристојно да ги употребувате изразите „ултранационалистичка пропаганда“ и „националистичко гледиште“ за гледиштето со коешто не се согласувате. Кога сме веќе кај наводното нарушување на неутралната гледна точка за којашто барате внимание, мислењето коешто го изнесувате е: 1) непотполно и 2) селективно.
- Непотполност. Предимството на гледиштото коешто преовладува во литературата на јазикот на којшто е јазичното издание на Википедија е пракса и на други јазични изданија. На пример, на Википедија на бугарски јазик е застапено гледиштето дека македонскиот јазик претставува „норма“ на бугарскиот јазик, иако општоприфатен став кој преовладува во научната литература е дека станува збор за „јазик“; на Википедија на турски јазик е застапено гледиштето дека ерменскиот геноцид всушност не бил „геноцид“, иако во светската историографија преовладува ставот којшто го потврдува спротивното.
- Селективност. Претставените факти во статијата „Цар Самоил“ за коишто спорите исто така преовладуваат и во статијата на Википедија на српски јазик.
- Врз основа на начелата на непотполност и селективност, отворено е прашањето зошто ова се прави на Википедија на македонски, а не на Википедија на бугарски, турски или српски јазик. Според тоа, мој совет е во иднина да направите истражување за тоа дали проблемот за којшто се жалите некогаш се сретнал на некое друго јазично издание и како истиот е разрешен таму.
- Мојот став е дека решението на овој и на подобните проблеми треба да се бара на соодветната разговорна страница на статијата, при што искуствата од другите јазични изданија на Википедија може да бидат од голема помош. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:29, 4 октомври 2016 (CEST)
- @Kiril Simeonovski: Вие имате друго објаснување за проблемите со НГТ во оваа статија освен национализам? Ќе ми биде драго да дознам повеќе.
- А дали правилно сфатив, дека вашиот аргумент е "овде се кршат правилата на Википедија, ама и на други Википедии се кршат, затоа оди прво со нив се расправај"? А што мислите, Кирил, дали кога ќе идам на турската (или било која друга Википедија - нема совршена) тие не могат да ми го кажат истото? А можеби треба да ги прегледам сите 250+ јазични верзии на Википедија и да ги решам сите проблеми таму пред да подигна некое прашање за проблем овде? Така да ова не е аргумент.
- Во врска со вашиот совет да барам решение на разговорната страница, ова личи на шега. На разговорната страница има прашања од пред две години и уште нема одговор. Пред некое време Ehrlich91 ме советува, ако не се согласувам со неговите дејствија, “слободно огласи се на огласната табла за администратори”.
- Соберете се со останатите администратори и размислете внимателно дали дејствително сметате дека се е во ред со статијата. Tropcho (разговор) 18:28, 5 октомври 2016 (CEST)
- @Tropcho: Како што и самиот рековте, нема совршена Википедија. Правилата се создаваат и менуваат од страна на заедницата, така што дури и основните наела се разликуваат на различни изданија. Со оглед на тоа што активните корисници се душата на Википедија, не постои сила којашто може вештачки да се наметне против ставот на мнозинството.
- Вие не сте првиот корисник кој го забележал овој проблем. Сите ние сме свесни дека истиот е својствен речиси за сите јазични изданија од слични причини и јас реално не гледам во догледно време како истиот би можел да се реши. Теоретски би можело да се укаже дека проблемот е сеприсутен и да се побара да се дојде до општо решение за сите јазични изданија, но сите сме свесни дека практично решение не постои токму заради неговата сеприсутност и фактот што причината за неговото постоење произлегува од различните ставови на различни заедници. Со други зборови, наметнувањето на техничко решение може лесно да предизвика незадоволство кај многу корисници и сето тоа да доведе до колапс на проектот. На крајот на краиштата, Википедија е жива материја која е сочинета од луѓе кои се разликуваат по пол, раса, религија, етничка припадност, јазиците кои ги зборуваат, образованието кое го имаат стекнато и знаењата кои ги поседуваат. Во една таква средина, природно е различни заедници на различен начин да ги восприемаат и толкуваат работите.
- Врз основа на претходното, мислам дека залудно си го трошите времето во желбата да исправите нешто коешто реално никогаш нема да биде исправено, а исто така им го трошите и времето на останатите администратори. Многу поголеми проблеми за секое јазично издание, а и за меѓународната заедница, се платеното уредување, малтретирањето на корисници, недоличното однесување и други работи коишто претставуваат закана за иднината на активните корисници.
- Мој совет е да се опуштите, да испиете едно пиво (или друг пијалак по желба) и да земете да уредите некоја статија.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:22, 5 октомври 2016 (CEST)
- @Kiril Simeonovski: Изгледате уверен, дека без ултранационалистите Википедија на македонски ќе пропадне. Јас, спротивно, сметам дека ако ги тратиме националистите, тоа ќе биде добро за проектот и ќе освободи место за подобри корисници, коишто сега бегат од атмосфера отровена од административен произвол и непочитување на правилата. Зборите за малтретиране на корисници, недолично однесување, платено уредување. А дали тие понекогаш немат врска со национализмот? Со желбата да биде една гледна точка доминантна и да се потиснат сите други?
- Патем, политиката на Википедија за НГТ е решение на "проблемот" (којшто го спомнувате погоре) со различните толкувања на различните заедници. Но, се разбира, оваа политика мачно може да постои во националистичка средина, којашто фаворитизира една единствена гледна точка. Tropcho (разговор) 02:20, 7 октомври 2016 (CEST)
- @Tropcho: Неутралната гледна точка е многу релативна категорија којашто од различни причини е различно толкувана на различни јазични изданија. Тешкотијата и практична невозможност да се најде решение ќе Ви ја илустрирам со конкретен пример.
- Претставете си дека Википедија е еквивалент на светот, при што јазичните изданија се еквивалентни на државите. Секое јазично издание се разликува од друго врз основа на разликите меѓу заедниците во поглед на култура, традиција, верувања, идеологија и вредности, нешто слично како што секоја држава се разликува од другите заради разликите на нациите во поглед на истите атрибути. Впрочем, корисниците на различните изданија на Википедија се истите оние луѓе кои живеат во различните држави во светот. Сега претставете си дека општоприфатените правила се всушност човековите права. Разликите во примената и толкувањето на општоприфатените правила на различни изданија на Википедија е нешто како разликите во примената и толкувањето на човековите права. Според тоа, борбата за усогласување на тие правила е иста како борбата за усогласување на човековите права. Одговорот на прашањето зошто овие проблеми не можат да се решат на јазичните изданија на Википедија треба да го барате преку одговорот на прашањето зошто не можат да се остварат одредени универзални човекови права во пост-социјалистичките, јужноамериканските, земјите од арапскиот свет, па дури и во високоразвиените земји кои тврдат дека во нив се почитуваат сите права. Многумина направиле обиди за усогласување на човековите права за што биле одликувани со меѓународни награди и признанија, но реалноста е дека нивните обиди завршиле без поголем успех и разликите и натаму постојат. Повторно ќе се навратам на заклучокот дека нема совршена Википедија, нешто слично како што нема совршена држава во светот.
- Мислам дека бев доволно темелен во моите образложенија во оваа дискусија, така што сметам дека тука треба да се направи пресек и да ја напуштам дискусијата. Ве повикувам и Вас да седнете и напишете некоја статија наместо времето да си го трошите на работи коишто не можете да ги измените.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:32, 7 октомври 2016 (CEST)
┌─────────────┘
@Kiril Simeonovski: Вашите аргументи ќе бидеа поубедливи, ако некои мои прости прашања поврзани со содржината на статијата за Самуил не седеа и до денес без одговор (веќе повеќе години) на разговорната страница на статијата. Тука не се работи за некои дребни разлики во толкувањето на политиката за НГТ заради разлики во културата. Тука станува збор за речиси целосно игнорирање на оваа политика заради националистичка пристрасност (одбирање на извори, фалсификувани цитати, злоупотреба на извори и сл.). Сметам дека вие и вашите колеги сте свесни на ова. Свесни сте и на тоа што немате аргументи со кои да ја поткрепите својата позицијата. Затоа и наместо дискусија за содржината на статијата од ваша страна има молк и блокирање. Така да, вашите "темелни образложенија" се просто ирелевантни обиди за оправдување на сегашната положба на непочитување на правилата за НГТ.
Ви благодарам за поканата да редактирам. Меѓутоа, очигледно национализмот создава некои значајни пречки пред слободното редактиране на википедија на македонски. По таа причина, и бидејќи изгледа нема да најдеме решение овде, сметам дека тоа прашање вреди да се дискутира со пошироката вики заедница. Tropcho (разговор) 21:49, 9 октомври 2016 (CEST)
- @Tropcho: Мое беше само да Ви дадам администраторско мислење, а Ваше е да одлучите што ќе правите понатаму. Само немојте да заборавите да ги споменете и примерите од другите јазични изданија коишто Ви ги посочив во еден од моите претходни коментари кои потемелно го отсликуваат проблемот, бидејќи пошироката заедница е потребно да знае за сите случаи од овој вид за да може да се дојде до општо решение. Ако сметате дека тоа одзема премногу време, јас сум целосно подготвен да Ви помогнам.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:59, 10 октомври 2016 (CEST)
- @Kiril Simeonovski: Јас не сум доволно запознаен со положбата на турската или српската википедии, нито сум правил обиди да уредувам таму, нито сметам дека морам да ги проучам нивните проблеми пред да започна некоја постапка во врска со проблемите кои што ги дискутираме тука. По вашата логика можеби треба и кинески да научам? Не сметам, дека е нужно, но сметам добро разбирам зошто вие сакате да ги врзете овие прашања.
- Колкушто се однесува на статијата на бугарската Википедија, којашто ја споменавте - се разбира вие можета да започнете постапка, ако сметате дека статијата има проблеми. Сепак, можеби пред да ја занимавате меѓународната заедница, побарајте локално решение - како што јас направив овде. Можете да сметате на мојата помош. Tropcho (разговор) 02:32, 11 октомври 2016 (CEST)
- @Tropcho: Постојат многу поважни работи на Википедија отколку да се бараат работи и од нив да се прават проблеми. Мене лично не ме засега како стојат работи за коишто е тешко да се најде решение на другите јазични изданија и јас никогаш не сум се обидел наменски да отидам на некое јазично издание и да поставувам прашања. Но, во случај некој да илустрира проблем на повисоко ниво преку примерот само на едно јазично издание, тогаш јас ќе го искористам целото мое знаење за другите јазични изданија за да ја намалам пристрасноста и уште подобро да го илустрирам проблемот.
- Времето коешто го изгубивме за оваа дискусија можеше да го искористиме многу поефикасно и да напишеме по неколку статии. Со ова не направивме ништо добро за Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:00, 11 октомври 2016 (CEST)
- Администраторот оценил дека уредувањата се вандализми бидејќи истата статија и содржината која таа ја има е веќе порано дискутирана и стабилната верзија е донесена. Тие бугарски (наводно неутрални погледи) се наоѓаат во поседбна секција за бугарски погледи.
- Кој ти гарантира дека твоите ставови не се улта националистички? Истите тие „неутрални“ извори кои ти ги наведуваш се повикуваат на бугарски или пробуарски извори. За неутралноста и ултра национализмот повеќе бави се на бугарската Википедија, бидејќи истата е далеку од тоа. Мислам едноставно немаш аргументи за тоа обвинување.
- Just drop it.--Никола Стоіаноски 18:05, 4 октомври 2016 (CEST)
- @MacedonianBoy: Од коментарот ви се гледа слабо познаване на правилата на Википедија. Никој не рекол, дека тие извори се неутрални, но нито мора да бидат. А вашиот обид да ги дискредитирате изворите (се разбира немате докази) коишто не ви одговарат, иако тие се веродостојони, е јасна индикација за вашата пристрасност. Мојот став е да се почитуват правилата на Википедија за НГТ. Ова според вас е ултранационализам? А кое значење има "стабилната верзија" когашто нејзината стаблност се должи на злоупотреба со бирократски привилегии и игнорирање на секоја покана за дискусија? Tropcho (разговор) 02:52, 7 октомври 2016 (CEST)
- Овде се кршат правилата на Википедија, ама и на други Википедии се кршат - не е кажано никаде во дискусијата. Ама, ти Tropcho, речениците: На македонската Википедија водечка гледна точка на историските теми се ставовите на македонската наука, исто како што е тоа случај на било која јазична Википедија или Предимството на гледиштото коешто преовладува во литературата на јазикот на којшто е јазичното издание на Википедија е пракса и на други јазични изданија си ги „преведуваш“ како ти одговара. Во ваков случај, не постојат услови за натамошна дискусија, туку едноставно излегува дека ти вршиш пропаганда на Википедија на македонски јазик. Поздрав -- Виолетова (разговор) 18:46, 5 октомври 2016 (CEST)
Однесување на корисникот Jingiby (2)
Сакам да ги замолам администраторите повторно да обрнат внимание на однесувањето на корисникот Jingiby, кој во еден од своите коментари на оваа страница ја обвини заедницата на Википедија на македонски јазик за „српски патернализам“, „бугарофобија“ и „албанофобија“. Мислам дека ваквото однесување од негова страна е крајно непристојно и претставува ширење говор на омраза. Во дневникот на блокирања на корисникот може да се забележи дека истиот досега е блокиран 13 пати по различни основи, од кои последниот блок на 19 март 2015 во времетраење од 1 година е исто така заради ширење на говор на омраза, при што истиот е опоменат на разговорната страница дека следниот блок ќе биде траен. Очигледно е дека корисникот не научил многу по последниот блок и повторно продолжува со своето неприфатливо однесување. Ќе ве замолам за мислење во врска со тоа дали и какви мерки треба да бидат преземени. Ви благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:44, 4 октомври 2016 (CEST)
Гласање
Прашање: Согласно горенапишаното, дали сметате дека корисникот Jingiby треба да биде трајно блокиран на Википедија на македонски јазик?
- Ништо друго, освен трајно блокирање. --Ehrlich91 (разговор) 20:50, 4 октомври 2016 (CEST)
- Сосема го поддржувам трајно блокирање. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:04, 4 октомври 2016 (CEST)
- Траен бан. Веќе видено и коментирано. Немам што да додадам--Р ашо 21:09, 4 октомври 2016 (CEST)
- --Никола Стоіаноски 21:13, 4 октомври 2016 (CEST)
- --Тиверополник 22:28, 4 октомври 2016 (CEST)
Врз основа на дадените гласови, корисникот ќе биде трајно блокиран.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:18, 5 октомври 2016 (CEST)