Разговор:Григор Прличев

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е избрана статија на Википедија на македонски јазик. Таа ги задоволува соодветните критериуми и со согласност од вики-заедницата беше избрана за една од најдобрите статии на Википедија на македонски јазик. Доколку сакате нешто да дополните или промените во истата, слободно направете го тоа!
Оваа статија е дел од ВикиПроект Книжевност, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за книжевноста. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектниот тим.


Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.



Полемики[уреди извор]

Мислам дека сега некој работи се појасни во статијата. Од 1861 година Прличев се произнесува за Бугарин но тој никогаш не се откажал од својот мајчин јазик, односно од македонскиот народен јазик.

Се залага за создавање на еден општ јазик за Македонците и Бугарите... но основата на тој јазик е охридскиот дијалект, а поради тоа бил жигосан од бугарските критичари.

Сета понатамошна дискусија е непотребна... поздрав--Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 18:19, 14 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Генерално гледано, статијата е трагедија. Ако треба да се поправа, треба да се прилагоди 99% од текстот, па не гледам смисла воопшто да се менува. Сепак:
  • Да се каже, дека Прличев бил еден од најголемите творечки гении од Република Македонија во 19 век. е смешно
  • Не се научивте дека Солунската гимназија се нарекува Солунска бугарска машка гимназија "Св.Кирил и Методиј" - да се отстрани "бугарска" само затоа што не одговара на сегашната идеологија е чисто осакатување на името на оваа прословута гимназија
  • Да се дели неговиот живот на Бугарија и Македонија период ("Иако Прличев никогаш не раскинал со бугарската идеја") е смешно
  • Изгледа не само дека не се почитува неутралната гледна точка, туку промовира fringe теории, како мнозински, а мнозинските во повеќето случаи не се споменуваат
  • Зборови, како "најверојатно" немаат место воопшто на Википедија, да не зборуваме за избрана статија
  • Никогаш, во Солунската машка бугарска гимназија, не се предавало на никаков "македонски јазик". Јазикот на кој се пренесуваат бил само и само бугарски, со исклучок на предметот "турски јазик".
  • "надевајќи се дека тие ќе донесаат слобода и за неговата татковина Македонија и тоа со следните зборови:..." - во цитат воопшто не пишува она што се алудира, никаква татковина Македонија не се споменува.
  • уште 100 работи можам да напишам, но нема смисла, оваа статија едноставно не може да оправи. 99% смев и трагедија. Оставаме ја така.

--Стан (разговор) 23:07, 14 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Не сакам многу да се мешам, бидејќи статијата е супер. Инаку за Стан:

  1. Прличев, покрај Рацин е гениј во Македонија, во Бугарија ви е Левски, (Прличев пишувал на македонски, а не е важно што се пишувал, нека каже и бушман дека е, важно пишувал на македонски)
  2. Баш не е битно како се вика гимназијата, најневажен елемент во статијата
  3. Животот на секој познат поет се дели на периоди за писатели и поети е сосема логично и прифатливо, најчест приказ на една биографија, што нема врска со неговата политичка убеденост. (види Крсте Мисирков, Никола Вапцаров и многу други.)
  4. Статијата воопшто не е фринџ бидејќи секој збор во статијата може да се најде во македонската литература, на пример Македонска литература од 19 век, Гане Тодоровски. Ако имаш повеќе податови за него од бугарски извор, стави ги, но пази на пропаганди
  5. За гимназијата и јазикот може си во право, бидејќи тоа не е гимназија туку лулка на бугарската пропаганда во Македонија,
  6. „со нас“ се мисли на Македонија и ослободување од фанариотите - тоа значи цитатот, ама може да се попрецизира
  7. Стан, ако тебе ти е трагедија што статијата е супер одлична и не се занимава со малоумните полемики за тоа дали е Македонец или Бугар, туку дава осврт на неговото значење и дејност, е тоа не можам да интервенирам. Статијата го опфаќа целиот негов живот и творештво. Секако, може не се наведени некои податоци кои можат да се најдат во бугарската историја, па може да ја дополниш содржината.

Како и да, одвратно е веќе да се расправаме за припадност на националност на мк Вики, бидејќи има многу поважни работи - како на пример придонесот на Прличев кон развојот на македонскиот јазик и литература. Другото се е на дното на скалата на важност за оваа личност.--Никола Стоіаноски 23:52, 14 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Май добре ви плащат... бях се притиснил че ви беше хванала икономическата криза... но гледам че няама криза за пропаганда.
Cred că bine vă platesc ... credeam că criza aceasta economică vă influențat de stul de mult... dar am observat că dumneavoastră l-ați ajuns punctul maxim cu propaganda aceasta... vă rog frumos terminați odata cu aceasta, sincer nu mai are rost.
Mini minduescu ca libsesti sa hiba dura cu propaganda aista. --Єдєң Мақєдөңєц... (разговор) 00:51, 15 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Неутрална гледна точка[уреди извор]

(разговорот е префрлен од тука, во врска со тие промени) Tropcho (разговор) 21:18, 7 април 2014 (CEST)[одговори]

Ако имаш бугарски тези за Прличев, со релевантни извори а не од Божидар Димитров на пример, ставај ги во поседбна секција именувана Бугарска гледна точка на крајот од статијата. Ако има веќе таква секција, дополни таму. Остај го воведот, не го чепкај.--Никола Стоіаноски 17:17, 7 април 2014 (CEST)[одговори]

Здраво, имам неколку прашања. Прво, што значи "бугарски тези" за Прличев и зошто сметаш дека требва да бидат во посебна секција? Второ, дали сметаш дека тоа што самиот Прличев вели за себе е исто така "бугарска теза" и не заслужува да биде во основниот дел на статијата? Tropcho (разговор) 20:55, 7 април 2014 (CEST)[одговори]
Трето, кои поточно од промените кои ги направив се "бугарски тези" и зошто се тие неприфатливи (тоа дека биле бугарски тези е сосема недоволно објаснување)? Четврто, за секоја од промените (каде што беше потребно) дадов извор (општо три) вклучувајќи Автобиографијата на Прличев; кој поточно од трите извора (другите два се Симеон Радев и en:Raymond Detrez) е недоверлив и зошто? Tropcho (разговор) 22:22, 7 април 2014 (CEST)[одговори]
Тое е потсетување дека се уште чекам одговор на своите прашања. И патем уште едно прашање: некои од промените кои ги направив беа мали (додаване на викиврски на пример, или дополнување на еден цитат). Тие зошто ги врати? Сакам и да те потсетам дека политиката на неутрална гледна точка, која е еден от стлбовите на викпедија, вели дека секоја статија на Википедија требва да ги претставува праведно сите значајни гледни точки. Tropcho (разговор) 10:55, 12 април 2014 (CEST)[одговори]
Бидејќи веќе доста време нема одговор, од Корисник:MacedonianBoy, дури и след потсетување, ги вратив промените. Tropcho (разговор) 09:58, 17 април 2014 (CEST)[одговори]
Што имаш ти со мене? Ништо. Ми е гајле мене што рекол Прличев или Славејков или ти. Стабилната верзија на статијата, која била избрана, не ја менувај драстично, консултирај се со тие што ја уредувале. Немаш ништо со мене. Ти реков не го чепкај воведот и толку! Уредувај низ текстот подоле. Толку од мене, Далчо ќе го известам за да се дообјасните.--Никола Стоіаноски 11:09, 17 април 2014 (CEST)[одговори]
Во воведот го оставив само ставот на бугарските историчари за него. Се друго што мислиш да допишеш ставај низ текстот или посебна секција Бугарски погледи. --Никола Стоіаноски 11:14, 17 април 2014 (CEST)[одговори]
Не знам зошто ме прашаш што имам со тебе, кога е очевидно дека и двајцата уредуваме истата статија, а ти ми ги враќаш уредувањата и тоа не е баш ништо. Односно твојот совет да не го "чепкам" уводот, да уредувам подоле и во посебна секција, ти зададов јасни прашања. Те прашав и зошто ги врати промените, кои ги воведов. Дали ќе ми одговориш? Тоа што си напишал, "Ти реков не го чепкај и толку", сметам не е доволно објаснение, нито тоа што статијата била избрана (Во гласањето еден од корисниците е одбележал дека во тој момент биле во тек спорови односно НГТ и никој не е дал одговор на тоа). Ми велиш да се консултирам со тие што ја уредувале статијата. По кој точно начин да се консултирам со нив, ако не со дискусија на страницата за разговор на статијата? Тоа е обичајниот начина на википедија. Не сум ли прав? Прашањата ми се тука веќе две седмици. Дали сметаш дека требва уште да чекам? Исто така сметам дека немам нужда од посредник во комуникацијата со Далчо. Пред речиси три седмици му оставив порака на страната за разговор, но досега нема одговор. Tropcho (разговор) 13:07, 21 април 2014 (CEST)[одговори]

Слово на св. Кирил и Методиј држано во Солун[уреди извор]

Здраво!

Гледам дека текстот на тоа слово, којшто го објавил Кирил Прличев во списание Български Преглед (1928), е различен од текстот во статијата. Поточно, следниот дел го нема при Кирил Прличев:

Повторувам, оти учителите не се должни да проповедаат. Тие дошле не за друго, освен да ги учат вашите деца да станат добри граѓани и да си ја подигнат татковината, оваа убавица Македонија, оваа топла и благодатна Македонија, оваа плодовита Македонија, која ги подарила светите Кирил и Методија. Не сте ли уверени, господа, оти нашата Македонија денеска е најдолна од сите земји во светот? Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александра Великого го покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението

Во статијата за тој дел се дадени два извора - Архив на МАНУ и Блаже Ристовски. Може ли некој да провери дали при Ристовски текстот навистина е така, или тоа е некоја грешка? Исто така, гледам нема достап во интернет до архивата на МАНУ. Кој е човекот кој е одил до архивата да го провери таму текстот на тоа слово? Tropcho (разговор) 12:43, 24 мај 2014 (CEST)[одговори]

Бирократски мерки (заштита) наместо разговор е спротивно на правилата на википедија[уреди извор]

Некои од моите редакции беа многукратно вракани без доволно објаснение и конечно страницата доби заштита за еден месец поради наводно "Упорно наметнување на бугарски гледишта". Погоре сум прашал зошто принципно е проблем да има бугарски гледишта во статијата. Друго прашане е зошто Бојан ги определува на Димитар Матов, Кузман Шапкарев, Евтим Спространов гледиштата како бугарски. Според мк.вики, Матов е "истакнат македонски фолклорист и етнограф од голема важност во XIX век". Шапкарев е "афирматор на македонски народни умотворби". Спространов е "македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонскиот комитет, тој е еден од поистакнатите претставници на македонската емиграција во Бугарија". Што правиме кога истакнатите македонски фолклористи, афирматори, револуционери имаат бугарски гледишта? Двајца од тие тримата (Шапкарев и Спространов) се сограѓани на Прличев од Охрид. Третиот (Матов) е од Велес и е бил колега на Прличев во Солунската бугарска машка гимназија. Зар тие луѓе - современици и соработници на Прличев - знаат помалку за него од Македонските историчари по 1945 г., коишто го немаат Прличев нито видено? Поздрав Tropcho (разговор) 10:40, 25 септември 2014 (CEST)[одговори]